Следете не

Временска прогноза

Најава за нови врнежи од дожд, ова се деталите на Метеоаларм

Објавено пред

на

утре времето во државава ќе биде променливо облачно, утре со повеќе сончеви периоди додека во текот на утрешната ноќ како и во четврток, особено во западните и југозападните предели ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Врнежите ќе бидат претежно со слаб до умерен интензитет а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец и истиот Долж Повардарието повремено ќе засилува.

Потоа следува период на стабилно, суво и значително посончево време. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат малку пониски во следните денови и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.

Минималните температури, особено од петок ќе бидат значително пониски и тоа поради поголемото разведрување на времето и истите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Временска прогноза

Променливо облачно, во вечерните часови повремени локални врнежи од дожд, утре кратка сталибизација, од недела нови врнежи од дожд и снег

Објавено пред

на

Моментално променливо облачно со умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, во вечерните часови покасно ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките планини. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Попладне и навечер ќе има услови за повремен локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Утре ќе има краткотрајно стабилизирање на времето, додека од недела попладне и навечер и тоа под влијание на нов влажен бран се очекуваат нови врнежи од дожд и снег на повисоките планини. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Ново заладување на времето се очекува во првите денови од следната недела, кога услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Вечерва ладно со засилен ветер, од петок нови врнежи

Објавено пред

на

До крајот на денов, како и утре времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, денес претежно од западен, додека утре од јужен и од југоисточен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 12 степени.

Во Скопје и околината до крајот на денов и утре времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, денес од променлив правец, додека утре истиот ќе биде од јужен и од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 6 и 9 степени.

Потоа под влијание на нов влажен бран, во петок како и за време на викендот ќе има нови повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Во петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени. Нешто пониски температури повторно ќе имаме за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Автор: Попоски Славчо

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Ноќните температури ќе паднат под нулата, викендов нови врнежи од дожд и снег

Објавено пред

на

До крајот на денов врнежите насекаде ќе престанат и облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени во најтоплите предели.

Потоа утре и во четврток ќе имаме стабилно и суво време. Односно времето ќе биде сончево со умерена локална облачност.

Токму поради разведрувањето, наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури насекаде ќе бидат НЕГАТИВНИ и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, а на планинските места истите ќе се спуштат дури и под -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.

Во Скопскиот регион, утре и во четврток времето ќе биде стабилно и суво, додека минималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се спуштаат до околу -5 степени. Локално не се исклучува можноста истите да се спуштат и под -5 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 7 и 10 степени.

Нов влажен бран кој ќе услови нови врнежи од дожд и снег на планините, како што најавивме се очекува во петок, како и за време на викендот.

Автор: Славчо П

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 5 часа

На денешен ден: 4 декември

1154.- Николас Брекспеир, првиот и единствен Англичанец што бил избран за папа, бил устоличен за поглавар на Римокатоличката црква како...

СпортПред 10 часа

(ВИДЕО) Поим за фер плеј, им дозволија на противникот да постигнат гол

И тоа се случува во фудбалот. Во третолигашки меч домашната екипа постигна гол на среќа во истиот момент кога фудбалерот...

ХороскопПред 12 часа

Дневен Хороскоп [4 декември] – сабота

ОВЕН Може да очекувате парична награда или унапредување за трудот кој сте го покажале во претходниот период. Една личност се...

МакедонијаПред 17 часа

Тешка сообраќајка кај с.Лескоец на патот Охрид-Ресен

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на патот Охрид – Ресен, кај селото Лескоец. Настанот го потврди и портпаролот на...

Временска прогнозаПред 17 часа

Променливо облачно, во вечерните часови повремени локални врнежи од дожд, утре кратка сталибизација, од недела нови врнежи од дожд и снег

Моментално променливо облачно со умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, во вечерните часови покасно...

LifestyleПред 18 часа

Кичевска компанија генерален застапник за најпознатите козметички производи од „Cream Team“, купувајте онлајн по екстра цени!

Ексклузивно за прв пат во нашата држава може да ги купите познатите грчки козметички производи од компанијата „Cream Team“ претставувани...

ТехнологијаПред 19 часа

Слаба заинтересираноста за „Windows 11“, што велат претпоставките и статистиката

Корисниците многу бавно го прифаќаат Windows 11, а можна причина се строгите барања за надградба и фактот што Windows 10...

СпортПред 21 час

До 14 јануари рок за пререгистрација на фудбалери од македонската лига

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од МФЛ дека пререгистрацијата на фудбалери во машка конкуренција ќе биде спроведена...

КичевоПред 21 час

Малолетно девојче и возрасен човек од Кичево каснати од кучиња скитници

На 02.12.2021 година во 19.15 часот, Ф.Ф. (39) од Кичево, во надлежната полициска станица пријави дека на ул. „Партизански одреди“...

СветПред 23 часа

СЗО повторно проговори за омикрон

Светската здравствена организација соопшти дека затворањето на границите „купува време“ во борбата против новиот вид коронавирус – омикрон. Претставниците на...

НАЈЧИТАНИ