Следете не

Магазин

Најчести причини за развод

Avatar

Објавено пред

на

Има многу причини причини поради кои браковите завршуваат, а главно жените се тие кои ја започнуваат приказната за развод и се свртуваат кон подобра иднина. Но, ни мажите не се имуни на многу проблеми со кои се сретнуваат во бракот, на многу проблеми со кои се соочуваат во бракот, а ова се најважните поради кои доаѓа до развод.

Престана да биде забавно

Кога се запознавте бевте млади и безгрижни. Но секој кој има дете знае дека грижите започнуваат со родителската одговорност. Но тажно е кога партнерот не е поготвен да работи на тоа да ја врати магијата во односот.

Сексот е редок и рутински

Нема човек које  во брак, а да на се пожалил на тој проблем. Секоја обврска исцрпува па сексот е последна работа која ви паѓа на памет по напорниот ден. Не мора да значи дека тоа е исправно, но е така. Дали тоа е вистинска причина за развод. Не е решение да се биде во брак во кој нема секс, но можете да испланирате нешто романтично, да избегате на викенд од обврските и да ја вратите страста.

Мажот веќе не е на прво место

Нормално дека не е, кога децата се присутни. Тој не може да се помири со фактот дека вашиот живот повеќе не се врти околу неговите потреби. Разговарајте и издвојте моменти за вас, водете љубов, а потоа искрено разговарајте.

Нема почитување

По сите заеднички години, не ве гледа како самостојна, независна и жена со самодоверба. Вашата самодоверба исчезнала откако не сте успеале да ја вратите линијата по породувањето, а семејството ви е поважно од кариерата. На крајот  на краиштата кој не се променил во последните 15 години. И тој се променил, ама не гледа!

Товар и приговарање

За жал приговорите и сопките во бракот често можат да станат секојдневие.Вам ви е потребна помош, а тој не ви ја дава.И на крај вие сте мрчало кое e постојано незадоволно. Искрената комуникација е единствен начин да ги решите проблемите.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Хороскоп

Дневен Хороскоп (10.07) петок

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН
Доколку постои тензија помеѓу вас и вашиот партнер, обидете се да ја решите преку разговор. Ќе бидете изненадени од тоа колку тој е отворен и сака да разговара со вас. Можеби вашиот партнер се чувствува запоставено и на дистанца од вас. Денес е одличен ден за да ги исправите нештата помеѓу вас.

БИК
Имате исклучително силно влијание врз другите поради вашата забавна, пријатна и хармонична природа која ја поседувате. Вашиот природен шарм може да ве одведи многу далеку денес. Искористете го поволниот ден за да остварите некоја важна цел.

БЛИЗНАЦИ
Оставете ја агресијата настрана и смејте се од срце. Трансформирајте ја вашата енергија во забавна и пријатна. Ќе откриете дека ваквиот начин на претставување може да ви отвори многу врати. Малку по малку некои нешта ќе почнуваат да отскокнуваат од вашата рутина, но немојте тоа да ве вознемирува, прифатете ги нештата смирено.

РАК
Денес е одличен ден за вас за да им пристапите на нештата на позитивен начин. Поминувајте време со деца и ќе уживате во нивниот магичен свет. Ширете ја љубовта со луѓето околу себе. Пријателското расположение ќе ви биде од корист.

ЛАВ
Денес одморете од напортната работа и релаксирајте се. Дозволете и на вашата романтична природа да ве води и претанете да бидете сериозни барем за миг. Доколку се вклучите во некој натпревар, бидете сигурни дека ќе го земете првото место. Оние кои ќе ги запознаете ќе го вреднуваат вашиот успех.

ДЕВИЦА
Можно е во вашата околина луѓето да се премногу посветени на своите обврски и тоа да ви дава чувство дека сите ве игнорираат, но смирете се. Обидете се да не гледате премногу сериозно на тоа. Можеби ова е идеален ден да се посветите на самите себеси и да уживате во вашата самотија.

ВАГА
Денес е најдобро да го задржите оптимистичниот поглед кон светот. Ова е одличен ден да го поминете со луѓето кои ви значат и ги сакате. Нивните зборови ќе ви го стоплат срцето и ќе чувствувате радост уште многу долго а тоа ќе ја подигне вашата самодоверба и ќе ве направи успешни на многу полиња.

ШКОРПИЈА
Време е да излезете надвор од застојот. Денес е одличен ден да се размрдате и да покажете колку всушност сте забавна личност. Правете се за да ги насмеете и расположите сите околу вас. Вашиот оган ќе блеска и ќе осветлува се пред себе.

СТРЕЛЕЦ
Денес е извонреден ден за вас Стрелците. Ќе им пристапувате на сите ситуации со смиреност и разумност без оглед на тоа колку некои од нив се вознемирувачки. Ќе ги изненадите сите со советите кои ќе ги споделувате и леснотијата да пронајдете решение за секој проблем.

ЈАРЕЦ
Денес е идеален ден да ја изразите вашата креативна страна. Истапете од вашата школка и самоуверено споделете ги вашите идеи. Ќе се изненадите од тоа колку луѓе ќе ве поддржат и ќе мислат дека сте вистински гениј. Колку посамоуверено им пристапувате на нештата толку поголем успех ќе остварувате.

ВОДОЛИЈА
Денес луѓето околу вас ќе бидат желни за вашето внимание, па бидете отворени кон тоа да им го пружите. Бидете великодушни со комплиментите а некој фин гест не би бил на одмет. Нека ве води вашиот весел дух. Денес може да ја запознаете вашата вистинска љубов.

РИБИ
Денес се ќе ви оди од рака, па немојте да се плашите да побарате нешто кое го посакувате, бидете сигурни дека ќе го добиете. Претставете се себеси во најдобро можно светло, изгледајте добро и ќе освојувате каде и да се појавите. Вашата енергија ќе ви донесе голем успех.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Дневен Хороскоп (09.07) четврток

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес бидете внимателни да не се најдете себеси во некои контраверзни ситуации. Доколку проблемите ви изгледаат како да ќе нараснат, тогаш држете се понастрана. Можно е некои расправии да заминат во погрешна насока, стојте на неутрална страна, подоцна ќе бидете среќни што сте избрале да не бидете вмешани.

БИК
Доколку имате некои спорови или договори, денес конечно ќе ги решите. Вашите проекти ќе бидат одобрени и признаени. Ова е идеална шанса за вас да завршите се навреме, зошто да го чекате крајниот рок кога можете да завршите се веднаш..?

БЛИЗНАЦИ
Јасно е дека поседувате две страни на вашата личност – едната е сензибилна а другата е бунтовна, во зависност од тоа кој ваш близнак ќе владее денес, денес е одличен ден за нов почеток, па најдобро е да го искористите за штедење за нешто посебно.

РАК
Нови познанства ќе ви донесат одлични информации кои ќе ви причинат големо задоволство. Доколку ви пристигнат некои ненадејни покани за дружби, немојте да ги одбивате, можно е да ја запознаете вашата нова љубов или некој нов бизнис партнер.

ЛАВ
Колку и да сакате драма и адреналин во врската, денес не е баш идеалниот ден за тоа. Денес е идеален ден да се посветите на некоја уметност која ја обожавате и долго време ја занемарувате. Ќе бидете особено инспирирани.

ДЕВИЦА
Денес ќе поседувате самодоверба за да ги следите вашите соништа, особено оние кои го вклучуваат социјалниот статус и кариерата. Немојте да бидете срамежливи – можно е да добиете унапредување така што ќе ги искажете вашите мисли и планови.

ВАГА
Денес ви претстои ново пријателство кое ќе процвета во нешто прекрасно. Луѓето во вашето опкружување ќе ги поддржуваат вашите идеи и тоа ќе ви биде одлична помош во вашето напредување. Ќе сакате да ги обновите врските со некои ваши членови од поширокото семејство.

ШКОРПИЈА
Денес ќе во вас ќе гори страста за патувања и нови искуства. Ќе уживате во вкусот на необичните јадења и и ќе посакате да гледате некои странски филмови. Ќе посакате да научите некој нов јазик, а оние кои се сингл ќе запознаат некој згоден странец.

СТРЕЛЕЦ
Вашиот шарм ќе маѓепса некој за кој ќе мислите дека е надвор од вашиот дофат. Бидете пријателски настроени и отворени, ќе ги освоите срцата и на оние на кои порано не сте им оставиле добар впечаток.

ЈАРЕЦ
Ако овој период сте биле преокупирани со работа и обврски, сега е идеален ден да се релаксирате со луѓето кои ви значат и ве прават среќни. Доколку сте му направиле услуга на некој ваш колега, таа конечно ќе ви биде вратена.

ВОДОЛИЈА
Денес е важно да сфатите дека секој има свое право на избор па немојте да ве фрустрира тоа доколку другите не го делат вашето мислење. Денес е идеален ден за организрање. Направете планови за вашите обврски и одговрете на мејловите кои долго време сте ги ставиле на чекање.

РИБИ
Денес ќе бидете спонтани и се ќе ви оди од рака. Некои нешта ќе се одвиваат многу подобро од тоа што сте очекувале, особено они за кои воопшто не сте полагале многу надеж. Дозволете и на вашата интуиција и чувства да ве водат, тие ќе ги обликуваат вашите соништа.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Храна

Еве зошто е потребна салата на нашата трпеза

Avatar

Објавено пред

на

Зелената салата одамна е дел од нашата трпеза, а еве зошто е добро да ја јадете

Одличен сојузник во слабеењето

100 грама зелена салата има само 95 калории. Освен тоа, овој зеленчук е богат со здрави влакна кои ќе ве држат сити.

Добра е за здраво срце

Зелената салата е одличен извор на витамин Ц и фолати кои се важни за кардиоваскуларното здравје бидејќи ја спречува оксидацијата на холестеролот и таложењето на штетните наслаги на ѕидовите на крвните садови кое може да доведе до артеросклероза.

Го намалува ризикот од дијабет

Зелениот лиснат зеленчук има низок гликемиски индекс, што значи дека помага во одржување на нивото на шеќер во крвта и на тој начин го намалува ризикот од дијабетес.

Ги јакне коските

Зелената салата е одличен извор на витамин К, А и Ц кои се неопходни за создавање на колаген, што претставува прв чекор во формирањето на коски.

Ви помага да останете хидрирани

Зелената салата има дури 95% вода, што значи дека е вистински извор за топлите денови зашто помага да останете хидрирани.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 4 минути

Две години роденден на првата „Самопослужна“ перална во Кичево, гратис перења + новости кои ќе ви се допаднат!

Поминаа и две успешни години активна работа на првата „самопослужна“ перална во Кичево која се наоѓа на магистралниот пат во...

КичевоПред 20 минути

Петровденската мото-парада во Кичево за прв пат се одложува поради почитување на мерките за заштита од Корона вирусот

Поради пандемијата од Корона вирусот воедно и почитување на пропишаните мерки за заштита од истиот, преку нашиот сервис Ве известуваме...

ВидеоПред 2 часа

(ВИДЕО) DigitalBox: Невести, не грижете се, доаѓаат непредвидливи работи, но се само пролонгирани, не откажани..

Реномираните DigitalBox продукција од Охрид со видео запис ги потсетуваат сите невести за случувањата во непредвидливата пандемија на Коронавирусот. „Непредвидени...

Временска прогнозаПред 9 часа

Денес ќе биде сончево и топло, температури некаде до 35°C

Ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температура ќе...

ХороскопПред 16 часа

Дневен Хороскоп (10.07) петок

ОВЕН Доколку постои тензија помеѓу вас и вашиот партнер, обидете се да ја решите преку разговор. Ќе бидете изненадени од...

КичевоПред 24 часа

Денес 6 нови случаи од Кичево на Ковид-19, вкупно 168 во нашата држава

Во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19. – Скопје 83 –...

ХороскопПред 2 дена

Дневен Хороскоп (09.07) четврток

ОВЕН Денес бидете внимателни да не се најдете себеси во некои контраверзни ситуации. Доколку проблемите ви изгледаат како да ќе...

МакедонијаПред 2 дена

Корона вирус: Нови 163 заболени денес, од кои 3 од Кичево

Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 87 -Куманово...

СветПред 2 дена

(ВИДЕО) Автобус полн со патници скокна преку мост и заврши во езеро, најмалку 20 загинати, камерите го снимија страшниот момент

Најмалку 20 лица загинаа откако автобус излета од автопат и падна во вештачко езеро во Аншун на југозападот на Кина,...

ХранаПред 2 дена

Еве зошто е потребна салата на нашата трпеза

Зелената салата одамна е дел од нашата трпеза, а еве зошто е добро да ја јадете Одличен сојузник во слабеењето...

НАЈЧИТАНИ