Во Шпанија во последните 24 часа умреле дури 738 луѓе. Тоа е најлошиот ден досега и пораст од 27% во однос на вторник.

Со новите црни бројки Шпанија ја престигна Кина и стана втората земја во светот по бројот на мртви од коронавирусто, после Италија.

Вкупно во Шанија од болеста Ковид-19 починале 3434 луѓе. Во Италија починале најмалку 6820 луѓе а во Кина 3285.

Растот во последните 24 часа е најголем досега во Шпанија.

Вкупниот број на случаи е 47.610 додека вчера изнесувал 39.673.

Шпанскиот главен епидемиолог Фернандо Симон по објавата на новите загрижувачки бројки рекол дека очекува бројот на случаи заразени од болеста Ковид- 19 да продолжи да расте во следните денови.