Случувања
Го имаме ли најмоќниот тренерски говор во 2018 година? (ВИДЕО)
Филип Дехес, тренер на Дарја Касаткина, во финалето на турнирот во Москва одржа еден од најинспиративните говори во текот на оваа тениска сезона…
Русинката губеше со 2:6 и 1:4 од тенисерката од Тунис, Онс Жабур, за потоа на теренот да се симне Дехер…
„Уште си во мечот, имаш десет минуити да пронајдеш решение. Што мислиш ти? Немој да мислиш дека е невозможно. Во мечот си. Сервираш, играме, како се чувствуваш? Дај ми нешто конкретно” – рече Дехес и продолжи:
„Даша, слушај ме, овој меч не е готов. Ако ти мислиш дека е, да ја смениме работата и јас и ти. А јас не сакам да ја менувам работата, сакам да останам овде и да ја освојам титулата заедно со тебе. И ќе го направиме тоа затоа што же го играш секој поен на ист начин. Докажи си самата на себе дека ќе се бориш до крајот. Ова е најтешкиот предизвик во твојата млада кариера”.
Русинката победи со 2:1 во сетови (2:6, 7:6 и 6:4), за втора титула во кариерата, а еве како изгледаше говорот…
Down 6-2, 4-1 down, a despondent Daria Kasatkina called out Philippe Dehaes @tennisrussia.
Here’s what he said: pic.twitter.com/K6VuDIjM8A
— WTA Insider (@WTA_insider) October 20, 2018
Кичево
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.
Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.
– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.
ФОТО:
Извор: Министерство за внатрешни работи
Кичево
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“
Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.
Хроника
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село, кумановско, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, известуваат од МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево16 часа
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево13 часа
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника18 часа
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Магазин2 дена
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт1 ден
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Магазин2 дена
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници