Временска прогноза
Најнови информации за временската прогноза

Студениот воздушен бран полека но сигурно и се приближува на нашата територија и кај нас ќе стигне во недела, а најмногу ќе се почувстува од понеделник кон крајот на денот и во вечерните и ноќните часови, кога температурите на воздухот значително ќе опаднат а сево ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер од северен правец.
За време на викендов исто така облачноста постепено ќе се зголемува, а од недела попладне ќе има услови за слаби локални врнежи од дож и снег на планините, во понеделник услови за провејување на снег ќе има и на повисоките места.
За време на викендов максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека наутро ќе биде студено со негативни температури на повеќе места.
На самиот почеток од следната недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени во најтоплите предели од државава.
Во понеделник попладне и навечер температурите позначително ќе опаднат со што особено студено утро ќе имаме во вторник со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени.
Подготви: Славчо Попоски
Временска прогноза
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади

Иако климатолошката пролет започна денеска, сепак сеуште сме календарски зима. Во продолжение следува месечната временска прогноза за овој месец:
Според сегашните и подолгорочни анализи на времето, месец март ќе изненадува и ќе биде доста променлив. Имено се очекуваат повремени влажни воздушни бранови и циклонски циркулации кој ќе условуваат врнеживо и постудено време.
Не се исклучува можноста и за нови зимски продори на студена воздушна маса која би се спуштала од Сибир и би условила нови врнежи од снег, како на повисоките па така и на пониските места и тоа особено после 10-ти март.
Сепак со оглед на тоа дека одиме кон топлиот месец од годината, се очекуваат и повремени продори од југ кој би ги покачиле температурите позначително со што би имале и пролетни температури во текот на овој месец.
Ситуацијата континуирано ќе се следи – за секоја ново – настаната временска состојба граѓаните навремено ќе бидат информирани, што значи дека граѓаните да ги следат нашите краткорочни анализи за прецизни информации.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес започнува климатолошката пролет, потоплиот дел од годината

Од денес и официјално започнува климатолошката пролет, што значи дека полека но сигурно одиме кон топлиот дел од годината.
До четврток нашата територија ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса која ќе условува претежно сончево и релативно топло време преку ден со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека од среда повторно во најтоплите предели температурите се очекува да се искачат до околу 20 степени.
Од петок облачноста ќе се зголемува и за време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд.
Во Скопје и околината продолжува сончевото и релативно топло време преку ден. Од петок облачноста полека ќе се зголемува. Максималната дневна температура на воздухот како денес, така и во следните неколку денови се очекува да се искачи до околу 15 степени.
/Славчо Попоски
Временска прогноза
Стабилно и суво со ниски температури во текот на ноќта и утрото, следната седмица се очекуваат врнежи од дожд, ова се деталите..

Под влијание на нешто постудена воздушна маса од север, до вечерва како и во следните неколку денови ќе имаме малку пониски максимални дневни температури на воздухот. Истите ќе се движат во интервалот од 9 до 18 степени.
Поголем пад ќе имаат минималните утрински и ноќни температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, што значи дека истите на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. Од утре ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец а времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност.
Според моменталните анализи со кој разполагаме, промена на времето и врнежи се очекуваат кон крајот на новата недела која што ни започнува од утре.
Пишува: Славчо Попоски
-
Кичево2 дена
ДПИ Кичево: При проверка на угостителски објекти, еден не ги почитувал мерките за заштита од Ковид-19
-
Кичево1 ден
Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за (1-ви март) понеделник
-
Хороскоп2 дена
Денешен Хороскоп [28.02] недела
-
Временска прогноза11 часа
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Ноќеска од мексиканската лига го имаме евроголот на годината од 45 метри
-
Временска прогноза1 ден
Стабилно и суво со ниски температури во текот на ноќта и утрото, следната седмица се очекуваат врнежи од дожд, ова се деталите..
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) Се отцепи ледена област од Антарктикот, вкупната површина е поголема од Лондон