Следете не

Случувања

Најново: Се скратува забраната за движење за време на викенд, ова се периодите предвидени за движење преку викендите

Avatar

Објавено пред

на

На денешната седница на Влада донесена е одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.
Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.

Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.

Македонија

Денеска 554 нови случаи на Ковид-19, починале 8 лица

Avatar

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 258
-Кавадарци 51
-Прилеп 41
-Куманово 25
-Неготино 22
-Охрид 18
-Тетово 16
-Струга 13
-Гевгелија 12
-Битола 11
-Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10
-Штип 8
-Кичево 7
-Гостивар и Валандово – по 6
-Крушево и Богданци – по 5
-Пробиштип и Демир Хисар – по 4
-Кочани 3
-Делчево 2
-Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (77г,70г) и по еден пациент од Прилеп (72г), Кавадарци (73г), Охрид (71г), Ресен (68г) Валандово (66г) и Дојран (64г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 210 оздравени пациенти од:
-Скопје 90
-Прилеп 25
-Кавадарци 19
-Неготино и Тетово – по 8
-Куманово и Штип – по 7
-Гостивар и Делчево – по 6
-Гевгелија 5
-Битола и Велес – по 4
-Струмица, Крушево и Берово – по 3
-Кочани, Свети Николе, Виница и Ресен – по 2
-Охрид, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 516.169 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.

Прочитај повеќе...

Македонија

Кобното утро на 26 февруари, на денешен ден почина Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена на делегацијата и двајца пилоти, вечна слава!

Avatar

Објавено пред

на

На денешен ден во кобното утро на 26.02.2004 – владиниот авион – Кингер, се урна помеѓу селата Хусковичи и Ротимље, каде Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинаа на 15-километри јужно од Мостар.

Трајковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје, во 1980 година, специјализира деловно право и право на работни односи.

Роден бил на 25 јуни 1956 година во Струмица. Повеќепати бил на студиски престој во САД. До 1997 година бил раководител на правната служба во градежното претпријатие „Слобода“ во Скопје. Од 1997 до 1998 година бил шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода.

Тој бил претседател на Комисијата за надворешно-политички односи на ВМРО-ДПМНЕ и главен политички советник за надворешна политика на тогашниот македонски премиер Љубчо Георгиевски. Од 21 декември 1998 година ја извршувал функцијата заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија.

На 15 декември 1999 година бил инаугуриран за претседател на Република Македонија.

Вечна слава!

Прочитај повеќе...

Кичево

(ВИДЕО) ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење

Avatar

Објавено пред

на

ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење. Поради пандемијата со COVID-19 одбележувањето помина без собири, но со видеомонографија подготвена со учениците од I до IX одделение под менторство на сите наставници во училиштето. Видеомонографијата премиерно беше поставена на нивната Facebook страна, но и на YouTube каналот во 10 часот утрово, истата беше дело на Фото Зоран, а се прикажуваше и во 19 часот попладнево.

Концептот на програмата беше фокус врз целокупниот воспитно – образовен процес: рецитали, музички точки, мали драмулетки на англиски јазик, особен акцент врз теми од природната група на предмети. Фокус врз едно модерно, иновативно училиште, кое поседува голем број на талентирани ученици и посветени наставници.

„Нашето училиште во текот на своето постоење, подготвило многу кадри што оставиле белег во општествениот и научниот живот во нашиот град, како и во нашата држава. Затоа, сите ние можеме да бидеме горди што сме дел од ова училишно семејство, кое од година во година бележи особен развој“ – за нашиот медиум изјави директорот, Драган Андрески.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 2 часа

Денешен Хороскоп (27 февруари) сабота

ОВЕН Погледот кон вашиот паричник може да му донесе мрачно расположение на Овенот. Имавте планина од сметки да платите, а...

МакедонијаПред 8 часа

Денеска 554 нови случаи на Ковид-19, починале 8 лица

Во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 258 -Кавадарци...

СпортПред 11 часа

(ФОТО) Новата трибина на фудбалскиот стадион во Охрид е во завршна фаза

Новата трибина од стадионот “Билјанини извори” во Охрид е во последната фаза од изградбата.

МагазинПред 13 часа

Sony подготвува нов PS5 VR headset

Sony конечно алудира на тоа како PlayStation VR ќе се развива за PS5. Производителот на конзолата ги откри првите детали...

МагазинПред 13 часа

Facebook развива алатки за борба против експлоатацијата на деца

Facebook објави дека тестира повеќе алатки за да и помогне на социјалната мрежа да спречи луѓето да споделуваат содржина што...

МагазинПред 13 часа

Twitter доби Super Follows и Communities функции

Twitter додаде две нови функции на својата платформа. Првата е Super Follows, и тоа е прва премиум функција на компанијата....

МагазинПред 13 часа

Android 12 носи иновации: Олеснува испраќање на СМС пораки

Google неодамна воведе нова верзија на оперативниот систем Android – Android 12. Една од интересните карактеристики се однесува на начинот...

АвтомобилиПред 13 часа

Ова е нов знак што ќе ги краси автомобилите на Peugeot

Peugeot е една од најстарите активни марки на автомобили, која од 1850 година е украсена со грб украсен со глава...

Социјални мрежиПред 19 часа

Овој е можниот проблем за вчерашниот пад на сервисите од „Месинџер и Инстаграм“ – каде пораките воопшто не се праќаа

Бројни корисници пријавија проблем со популарните Месинџер и Инсатаграм, каде пораките било невозможно да се пратат – тоа го потврди...

МакедонијаПред 19 часа

Кобното утро на 26 февруари, на денешен ден почина Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена на делегацијата и двајца пилоти, вечна слава!

На денешен ден во кобното утро на 26.02.2004 – владиниот авион – Кингер, се урна помеѓу селата Хусковичи и Ротимље,...

НАЈЧИТАНИ