Забава Занимливости

Ова е најскапата елка изработена од 2.018 златници (ФОТО)

Божикната елка што ја украсуваат вработените во компанијата што се занимава со трговија на злато и други блaгородни метали „Про Аурум” во Минхен, Германија, е направена од 2.018 златници на Виенската филхармонија, чија вкупна вредност е 2,3 милиони евра.

Златниците на Виенската филхармонија ги произведува австриска ковачница од Виена, која повеќе од 800 години произведува иновативни пари и валути, што ја прави една од најстарите институции за ковање во светот.

Златните монети на Виенската филхармонија на предната страна ги прикажуваат оргулите во Златната сала на виенскиот „Музикфераин“, а на задната страна се различни инструменти.