Кичево
Прогласени најуспешните жени на Кичево за 2018 година (ФОТО)
Во Центарот за култура во Кичево, беа прогласени најуспешните жени во градот и општината за 2018 година. Ова е втора година по ред како се организира овој избор.
– Вечерва по вторпат ги прогласивме најуспешните жени од нашиот град, овојпат за 2018 година. Во тој избор беа застапени жени од сите возрасти и од различна квалификациска структура, од менаџерки, лекарки, професорки, трговки, вработени во производниот сектор и други. Сметаме дека изборот е праведен и сите што се на оваа листа, се истакнати жени во своите области. Вечерта беше збогатена со лотарија, модна ревија, додека локалните лиричари читаа поетски творби, а самиот настан беше збогатен со неколку вокални и вокално-инструментални изведби – истакнаа Горан, Зоран и Алексо, организатори на овој избор.
Меѓу наградените беше и Маја Петкоска, докторка на медицина.
– Пресреќна сум и презадоволна што сум прогласена за една од најуспешните жени за 2018 во Општина Кичево. Овој избор уште повеќе ме прави да бидам поодговорна и ме обврзува да продолжам по зацртаниот пат. Граѓаните знаат да ги вреднуваат моите резултати во работата и како плод на нивниот критериум дојде и оваа награда – истакна Петкоска..
Исто така меѓу наградените беше и директорката на О.У.„ Кузман Јосифоски Питу“ која за краток период донесе многу позитивни промени како во училишниот објект, така и во наставата.
– Оваа награда од една страна е комплимент, а од друга страна обврзува да продолжам по истиот пат и уште поодговорно да ја вршам својата работа. Им благодарам на членовите на неформалната група што мене ме ставија во најтесниот избор и јас да бидам во редот на најуспешните жени на Кичево во 2018 година – рече Анета Божиноски, директорка на ОУ „Кузман Јосифоски Питу“.
Инаку овој настан беше масовно посетен од граѓанките на Кичево и вакви иновативни перформанси во голема мера и недостигаат на внатрешноста од земјава.
Фото и Текст: Зоран Антоски
Кичево
„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата
Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“ на градскиот плоштад со почеток од 14:00 часот ќе продолжи со караванот со настани насловени „Преку глава ми е од корупцијата“ што се организираат и во Штип, Гостивар и Крива Паланка.
Граѓаните на овие средби ќе имаат можност да се информираат како активно да се вклучат во борбата против корупцијата преку различни активности. На настаните граѓаните ќе можат да разговараат и да се едуцираат за препознавање на злоупотреби и можностите за пријавување на корупција. Покрај претставниците од граѓанските организации МЦМС, ИДСЦС и ЦГК ќе присуствуваат и медиумските партнери од ИРЛ, 360 степени и БИРН Македонија.
За младите ќе бидат организирани отворени дискусии на тема корупција, а дел од нив ќе можат да го проследат форум театарот посветен на истата тема. Медиумските партнери од програмата исто така ќе ги информираат граѓаните за важноста на споделувањето информации и пријавувањето на потенцијалните случаи на корупција со цел да помогнат во медиумските истражувања, додека
Стопанската комора на Македонија ќе организира средби со локалните претставници од приватниот сектор.
/ПР
Кичево
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда) со почеток од 13 часот во кичевскиот кафе бар Check-In.
На состанокот свое учество ќе земат претставници на локални медиуми, онлајн медиуми (портали), новинари и медиумски работници од Кичево.
Инаку ова ќе биде прва средба на ССНМ и медиумските работници и новинари во Кичево, а ќе се разговара за актуелни случувања и проблеми со кои се соочуваат при извршување на своите работни задачи.
Кичево
„Отворени денови“ на Армијата на Република Македонија за граѓаните денес на градскиот плоштад во Кичево со почеток од 11 до 15 часот
Денес со почеток од 11:00 до 15:00 часот по повод 75 години од формирањето на „НАТО“ и четири години од членството на Македонија во Алијансата на градскиот плоштад во Кичево, односно во непосредна близина на НЦУК „Кочо Рацин“, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија организираат отворен ден за граѓаните, каде присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на Воениот оркестар, да ги запознаат воените опреми и возилата, а презентација ќе има и на борбени вештини од баталјонот за специјални сили и алпинистички вештини од страна на Ренџерската единица.
Активноста ќе биде проследена од началникот на штаб во командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и претставници од локалната самоуправа. Со оваа организација практично се завршуваат отворените денови за граѓаните.
Нашата екипа ќе го проследи овој настан.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (27 март)
-
Култура2 дена
В сабота во Манастирот Св. Великомаченик Георгиј Победоносец во с. Рајчица ќе пристигне икона на Светиот Георгиј Победоносец, покана до сите верници да присуствуваат на духовното славје
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Македонија1 ден
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
-
Кичево22 часа
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Спорт24 часа
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle22 часа
Дали знаете што значи WC?
-
Мобилни уреди2 дена
На голема врата со 4G поддршка се враќа легендарниот „Nokia 3210“