Здравје

На која страна е најздраво да спиете

Дали знаевте дека позицијата во која спиете влијае на вашето општо здравје? Последните истражувања покажаа дека спиењето на лева страна може да допринесе за здравјето на многу органи.

Порталот HealthDigezt објави листа на неколку можни користи од спиењето на левата страна.

Подобро функционирање на лимфниот систем

Лимфниот систем има клучна улога во отстранувањето на „отпадот“ и токсините од нашиот систем. Експертите велат дека најголем дел од лимфниот систем е сместен на левата страна од телото и затоа спиењето на таа страна може да му помогне на телото поефективно да го процесуира отпадот. Со оглед на тоа дека лимфниот систем ги транспортира мастите, протеините и важните супстанци до вашите ткива, лежењето на левата страна ви овозможува на келиите брзо да ги добијат овие супстанци.

И овозможува на слезината подобро да ја одработи својата работа

Слезината е најголем орган во лимфниот систем и исто така се наоша во левиот дел од телото и кога спиете на таа страна таа работи подобро. Главната причина за тоа е гравитацијата, протокот на крвта низ слезината и овозможува на слезината брзо да ги филтрира нечистотиите.

Ја подобрува елиминацијата на „ѓубрето“

Просторот помеѓу тенкото и дебелото црево исто така е на левата страна. Гравитациските сили олеснуваат отпадот да премине од тенкото во дебелото црево.

Може да ја намали ноќната киселина

Доколку страдате од постојани киселини добро е да спиете на левата страна да фатите барем малку сон. Во таа позиција вашиот желудник ќе биде сместен помеѓу сфинктерот кој го спојува со хранопроводникот. Спиењето на левата страна оневозможува содржината од желудникот да се враќа во хранопроводникот.

Го спасува вашиот црн дроб од преоптеретување

Со оглед на тоа дека црниот дроб е на десната страна и лежењето на тааа страна може да направи притисок на овој орган. Левата позиција пак, нема да им допушти на токсините и другите штетни супстанци да го преоптеретат црниот дроб.

Добро е за срцето

Левата страна на срцето прима крв од белите дробови и ја испумпува во вашето тело. Затоа спиењето на левата страна може да му помогне на срцето поквалитетно и поединоставно да ја направи својата работа. Кога спиете на левата страна гравитацијата ја подобрува функцијата на вашиот крвоток.

Close