Македонија Случувања

ЕКСЛУЗИВНО: Екстра намалување на цените на горивата од вечерва

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите цени на горивата – од вечерва бензините се намалуваат за 3, а дизелот за 2 денари!

Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енегетика ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат за 6,71 процент.

Преведено во конкретни бројки, тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 3 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 63, односно 65 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2 денари и еден литар ќе чини 49 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Leave a Comment