Македонија
Граѓани најавија протест за изборот на митрополит на Дебарско-кичевската епархија, велат: „МПЦ-ОА има Устав, со критериуми“

Во сабота на 31 мај, со почеток во 12 часот, закажан мирен народен собир на плоштад Македонија во Скопје.
Настанот според изворот ќе трае околу половина час, по што присутните ќе продолжат во мирна поворка кон црквата Св. Георгиј во село Криводол, каде се наоѓа резиденцијата на Архиепископот г.г. Стефан. Собирот ќе се одржи под мотото: „Гласот на народот – глас на Бога“.
Овој собир, како што веќе е истакнато во јавноста е организиран од верници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, кои доаѓаат од повеќе градови низ Македонија. Тие искажуваат поддршка за епископ Партениј како можен кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија.
– Имено верниците изразуваат незадоволство од процесот на избор за нов митрополит, прашувајќи се како е возможно да се спроведе избор со само еден предложен кандидат. Тие сметаат дека вистински избор бара повеќе кандидати, и се зачудени зошто не е земен предвид и викарниот епископ Антаниски Партениј, кој има повеќе од 30 години монашко искуство.
– Пораката што сакаат да ја испратат е јасна: Црквата не може да постои без народот – затоа народот треба да биде слушнат.
Од многуте статуси по социјалните мрежи, меѓу најистакнатите и најмногу споделени е на професорот Спасеновски:
Македонија
Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува исто така 70,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,149 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 40,928 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,00 ден/лит.
Македонија
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода

На 17.06.2025 во 11.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(21) од Скопје.
Во моментот кога полициски службеници дале знак за запирање на возилото „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил совозач, Л.С. од прозорецот фрлил тврда бела материја, а откако излегол од возилото се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информира МВР.
Македонија
Тлото не мирува, предмалку нов послаб земјотрес регистриран во охридско!

Предмалку „ЕМСЦ“ регистрираше нов земјотрес во Македонија со јачина од 2,4 степени според Рихтер. Според изворот земјотресот е лоциран со длабочина од 5 км на 7 до 8 километри југозападно од Охрид.
🔔#Earthquake (#земјотрес) M2.4 occurred 7 km SW of #Ohrid (Republic of North Macedonia) 2 min ago (local time 00:48:09). More info at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/HNNe31A27t
🖥https://t.co/LOwnHpfO5J pic.twitter.com/dPDTSvbeQE— EMSC (@LastQuake) June 16, 2025
-
Lifestyle23 часа
Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (18 јуни)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (19 јуни)
-
Македонија4 часа
Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска
-
Македонија1 ден
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода
-
Скопје23 часа
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице
-
Скопје2 часа
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот
-
Lifestyle7 часа
Природен летен пијалок што го чисти телото и ги топи мастите – потребни се само две состојки