Временска прогноза
Нашите краеви ќе бидат под дожд, додека во вечерните часови интензитетот ќе се зголеми
Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно, во текот на денот во западните делови со повремен дожд.
Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират и во останатите делови и ќе се интензивираат. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната осум до 19 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 14 степени. До сабота ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, позастапени во западните и северните делови.
Во петок ќе дува засилен ветер од југозападен правец, додека во сабота ќе го промени правецот во северозападен и ќе предизвика опаѓање на температурите.
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Кичево1 час
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Магазин1 ден
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин1 ден
Meta се затвора во Турција
-
Спорт20 часа
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
-
Спорт5 часа
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.