Следете не

Lifestyle

Науката докажува дека луѓето се сè поглупави, еве зошто..

Објавено пред

на

Во текот на изминатиот век, секоја генерација растеше во поинтелигентни луѓе отколку нивните родители. На стандардни тестови за интелигенција, кои децата ги полагаа во повеќето земји од развиениот свет, на секои неколку години просекот се движеше нагоре. Она што беше просечно IQ во 1950 година е далеку под просекот измерен, на пример, во 1980 година.

Овој феномен го доби името Флинов ефект, по научникот Џејмс Флин од Нов Зеланд, кој беше првиот што го забележа овој тренд. Со оглед на тоа тестовите за интелигенција се стандардизираат редовно – калибрирани на голем број субјекти за да се проценат просеците и разликите – така и секоја генерација ќе постигне идентични резултати на тестот. Дури откако Флин и неговите колеги одлучија да ги споредат резултатите од повеќе генерации, тој сфати дека просекот се зголемува. Секоја деценија, просечниот коефициент за интелигенција се зголемувал за околу три поени. Она што во 1980 година бил IQ 100, доколку бил измерен во 1930 година, би бил IQ 115.

Флиновиот ефект важеше во поголемиот дел од 20 век – секоја генерација стана поинтелигентна, но сè повеќе податоци укажуваат дека овој тренд завршува и пресврт во друга насока. Колективниот коефициент на интелигенција, по сè изгледа, почна да се намалува низ целиот свет.

Што се случи?

Од раните 90-ти до денес, коефициентот на интелигенција почна да се намалува во развиениот свет. Овој тренд првпат го забележаа норвешките научници што ги проучуваа резултатите од тестовите за интелигенција на воените регрути помеѓу 1950 и 2002 година. Податоците од минатиот век во голема мера беа во согласност со Флиновиот ефект, но во средината на 90-тите години Флиновиот ефект исчезна и интелигенцијата почна да опаѓа.

Следуваа вознемирувачки потврди за новиот тренд, добиени од податоците за интелигенција од данските регрути, потоа податоци од Велика Британија собрани од самиот Флин. Според една студија од 2009 година, просечниот коефициент на интелигенција на 14-годишни Британци паднал за околу два поени меѓу 1980 и 2008 година.

Според сите расположиви податоци, Флиновиот ефект започнал да се забавува во осумдесеттите години на минатиот век, а целосно исчезнал во 90-тите години. Човештвото, се чини, го достигна врвот на колективната интелигенција и појде во обратна насока.

А што е IQ?

Циниците би рекле дека тоа е тест што ја мери „можноста да се решат тестови“. Бројни експерти, кои се занимаваат со истражување на интелигенцијата, а не можат да се согласат за заедничко дефинирање на општата интелигенција, но сепак би се согласиле дека тоа не е ирелевантен фактор.

Општата интелигенција главно се дефинира како брзина на учење, можност за справување во нови и непознати ситуации, можност за справување со комплексни предизвици. Не можеме да бидеме сигурни дека тестовите за интелигенција тестираат токму таква интелигенција, но што и да мерат овие тестови, тоа покажува значителна корелација со голем број позитивни исходи од животот.

Луѓето на кои им е измерен натпросечен коефициент на интелигенција се поуспешни во образованието и изборот на кариера, заработуваат повеќе од просечно, поретко завршуваат во затвор и генерално живеат подолго и поздраво. И покрај ова, тие не се посреќни од просечните и веројатно ќе страдаат од кратковидост.

Што го предизвика Флиновиот ефект?

За да се знае зошто тој исчезна, добро би било да се знае што воопшто го предизвикало. Влијанието на гените врз интелигенцијата е доста значајно, но не и круцијално.

Еднакво важни за развојот на интелигенцијата се и надворешните фактори – околината во која растеме, исхраната, колку често сме болни, поттикнувачко и стимулирачко опкружување и многу други фактори што досега не ги идентификувавме.

Интелигенцијата во многу аспекти е како висината – во текот на минатиот век, генерациите исто така сè повеќе растеа со пораст на просечната висина.

Иако гените за висина не се менувале ниту, пак, за интелигенцијата, децата пораснале во сè поздрава животна средина, со заразни болести, подобра исхрана и подобро образование.

Промените во општеството доведоа до различно изразување на гените што нè направија сè поинтелигентни.

Кои теории го објаснуваат падот?

Контроверзниот научник Ричард Лин е голем поборник на „дисгенетиката“ – поим спротивен од евгеника. Според него и неговите истомисленици, падот на коефициентот на интелигенција се јавува затоа што луѓето со понизок коефициент на интелигенција во современото општество имаат повеќе деца.

На хартија звучи логично – ова е премисата на култната комедија „Идиократија“ од 2006 година, во која образованите високоинтелигентни луѓе имаат сè помалку деца, додека губитниците што живеат во камп-приколки се размножуваат како зајаци. Лин за опаѓањето на интелигенцијата ги обвинува имигрантите од земјите каде што просечниот коефициент на интелигенција е помал отколку во земјите каде што е забележан пад, како што се Велика Британија, Норвешка и Данска, но најновата норвешка студија ги погреба сите негови тврдења. Научниците Бернт Братсберг и Оле Рогеберг од Рагнар Фриш центарот за економски истражувања во Осло објавија детална студија минатата година во престижното научно списание ПНАС, во кое се дадени многу убедливи аргументи дека и Флиновиот ефект и неговиот пресврт биле предизвикани од фактори на животната средина.

Како можеме да знаеме дека е виновна околината?

Братсберг и Рогберг го разгледувале развојот на коефициентот на интелигенција во рамките на одделни семејства – меѓу браќа и сестри кои припаѓаат на различни генерации и откриле дека пресвртот на Флиновиот ефект влијае и на семејствата, не само на просекот на целото население.

На пример, брат и сестра родени по 1990 година помеѓу кои има десет години разлика во возраста ќе имаат во просек меѓу половина и два бода разлика во коефициентот на интелигенција, при што помладиот брат или сестра има помал коефициент на интелигенција.

Норвешките научници ги проучувале и ги елиминирале сите други опции, како што се повеќе деца родени во семејства чии родители имаат просечен или понизок коефициент на интелигенција, или влијанието на миграцијата, за кое сметаат дека е занемарливо.

Интелигенцијата на помладите генерации опаѓа, околу два поени на секои десет години, и не се виновни ни дисгенетиката ни мигрантите, но овој пад е забележлив кај секое просечно семејство. Единствено преостанато објаснување е дека има нешто во околината во современото општество што ги спречува децата да се развиваат.

Што би можело да ги заглупавува децата?

Флин претпоставува, иако сè уште нема конкретни докази, дека културата на младите стагнирала или буквално заглупавела. Исто така, изразува загриженост дека младинската култура денес се фокусира првенствено на компјутери и видеоигри, наместо да читаат и да зборуваат едни со други. Експертот Ричард Греј, исто така, предупредува дека компјутерската култура, во денешно време засилена со паметни телефони, не го охрабрува читањето и им олеснува на младите луѓе да учат без разбирање, само за да ги поминат тестовите. Но, бројни студии постојано покажуваат дека играњето видеоигри го развива мозокот и го крева коефициентот на интелигенција.

Светската здравствена организација има уште едно едноставно и страшно објаснување: порастот на загадувањето на воздухот. Без оглед на заложбите на современите општества да го минимизираат загадувањето, особено во една еколошка земја како Норвешка, загадувањето на воздухот денес е глобална работа. Зголемувањето на микрочестичките во воздухот се проценува дека влијае на здравјето дури на 90 отсто од светската популација денес.

Исто како што подоброто здравје и подобрата храна долг период ги правеа децата попаметни, глобалното загадување може да биде одговорно за забавување и запирање на нивниот развој. Ако нешто итно не преземеме, прашањето не е само каков свет ќе им оставиме на нашите деца, туку и какви деца ќе оставиме на тој свет.

Lifestyle

Дали знаете што значи WC?

Објавено пред

на

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет?

Иако е вообичаена глетка на јавни места, ретко кој обрнува внимание на тоа.

Вистинското значење на тоалетот сега позитивно изненади бројни корисници на социјалните мрежи, давајќи интересен увид во развојот на тоалетните шолји и санитарните услови.

Според Мирор, на прашањето што всушност значи поимот „WC“, љубителите на историјата одговориле дека тоа значи „water closet“, термин кој најдобро може да опише јавен тоалет, а притоа избегнувајќи каква било непријатна врска.поврзаност со вистинската намена.

Тој објасни на Quora: „Во 19 век, зборот „тоалет“ не се зборуваше во учтиво општество, ниту телесните функции беа поврзани со користењето тоалет“. За да се избегне ова, беше измислен терминот „water closet“ особено на јавни места. Акронимот WC се сметаше за доволно далеку од неговата функција за да се изговара, иако со одредена непријатност и воздржаност“, пренесува магазинот City.

Друга објава на социјалните мрежи праша што значи ознаката, а кога беше објаснето, голем број читатели останаа запрепастени.

Друго лице напиша: „Не ми се верува дека живеев со знак за WC и не знаев зошто се вика WC“.

Трето лице коментираше: „Мило ми е што некој праша затоа што се прашувам ова со години, но никогаш не го прогуглав“.

Според веб-страницата за водовод Plumbworld, терминот „water closet“ првпат бил употребен во Англија во 1870-тите. Првично наречен „wash-down closet“, овој термин брзо се промени во „water closet“ поради широката употреба, пред повторно да се трансформира во „WC“.

Модерниот тоалет првпат се појави во 19 век, а иновациите значително го подобрија јавното здравје и хигиената.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Зошто мачките сакаат да пијат вода од чешма?

Објавено пред

на

Многу мачки сакаат да пијат вода од чешмата и ја игнорираат водата во садот. Зошто е тоа така?

Иако мачките се одлични ловци, тие стануваат речиси слепи кога пред нив стои стоечка вода, пишува Klix.ba. Некои истражувања сугерираат дека тие треба да ја допрат водата со шепите за да се движи и полесно да се забележи.

Тие можат полесно да ја видат водата што тече од славината. Секако дека им помага и нејзиниот звук.

Сопствениците обично поставуваат чинии за вода што е можно поблиску до ѕидот за да не им пречат додека одат. Но, ова не им одговара на мачките.

Кога ќе ги „натерате“ да свртат грб кон останатиот дел од собата, тие се чувствуваат ранливи бидејќи нивниот инстинкт им кажува дека се изложени на опасност, иако всушност нема никаква опасност во куќата.

Имаат и инстинкт дека стагнантната вода не е добра за пиење бидејќи може да биде загадена со бактерии и слично. Посебно била избегнувана во старите времиња, кога луѓето не дозволувале милениците да спијат во куќата, па ги бркале надвор.

Некои мачки се особено пребирливи за храна и пијалоци и претпочитаат вода од чешма бидејќи е поладна и има подобар вкус. Одредени типови на мачки, како што се бенгалската мачка и мачката Мејн Кун, сакаат да си играат со вода и затоа ја претпочитаат водата од чешмата.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Дали нашите кучиња можат да ги разберат зборовите што ги користиме?

Објавено пред

на

Дали нашите кучиња можат да ги разберат зборовите што ги користиме? Една нова студија за мозочните бранови, објавена во списанието Current Biology, сугерира дека слушањето на имињата на нивните омилени играчки ја активира меморијата за предметите со кои се поврзани.

„Ова ни покажува дека тоа не е само човечка способност“, изјави за АФП авторката на студијата Лила Маџари од Универзитетот Лоранд-Етвош во Унгарија.

Прашањето дали кучињата ги разбираат зборовите или ситуациите, како што е употребениот тон или одреден контекст, одамна е нерешено и науката не може да даде јасни одговори.

Во минатото, неколку лабораториски тестови покажаа дека кучињата, со мали исклучоци, не можат да извлечат предмети откако ќе ги слушнат нивните имиња.

Многу експерти тврдат дека не е она што им го кажуваме што ги мотивира, туку како и кога го правиме тоа.

На пример, кога сопственикот му вика на кучето “донеси го стапот!” а кучето го зема не докажува дека знае што значи зборот „стап“.

Мозочни бранови

За оваа нова студија, Лила Маџари и нејзините колеги користеле неинвазивна техника за снимање на мозокот на 18 кучиња.

Со помош на електроди поставени на нивните черепи, тие ја снимиле мозочната активност.

Нивните сопственици ги кажувале зборовите за играчките што им биле најпознати, а потоа им го покажале или соодветниот предмет или друг предмет.

По анализата на снимките од ЕЕГ, тимот открил различни модели на мозокот кога на кучињата им биле прикажани соодветни предмети или други предмети.

Овој тип на испитување, кој со децении се користи на луѓе, се смета за доказ за разбирање на значењето и исто така ја има предноста што не бара кучето да го врати предметот за да го докаже своето знаење.

„Го откривме овој ефект кај 14 кучиња“, изјави за AFP коавторот на студијата Маријана Борос, докажувајќи дека способноста не е ограничена на „неколку исклучителни кучиња“. Дури и четворицата кои „паднаа“ на тестот, можеби едноставно биле тестирани на погрешни зборови, додаде таа.

Способноста на кучињата да земат одредена играчка откако ќе го слушнат нејзиното име се сметаше за подарок, изјави за AFP Холи Рут-Гутериџ, експерт за однесување на кучиња од Универзитетот Линколн во Англија.

„реакција на мозокот“

На пример, познатите гранични кучиња Чејзер и Рико можеа да најдат и извадат одредени играчки од големи купишта, но тие се сметаа за исклучоци, рече таа.

Но, новата студија „покажува дека цела низа кучиња ги учат имињата на предметите во смисла на одговор на мозокот, дури и ако тоа не го покажуваат преку однесувањето“, рече Рут-Гутериџ.

Студијата „обезбедува дополнителен доказ дека кучињата може многу подобро да ги разберат човечките гласови отколку што ние обично им даваме заслуга“, рече Федерико Росано, когнитивен научник од УЗ Сан Диего.

Но, не сите експерти беа подеднакво ентузијасти. Клајв Вин, бихејвиорист за кучиња на Државниот универзитет во Аризона, изјави за АФП дека е „поделен“ за резултатите.

„Написот не држи вода кога се обидува да го демонстрира она што го нарекува „семантичко разбирање““, рече тој, пофалувајќи го „генијалниот“ експериментален уред што овозможува тестирање на целиот „функционален речник“ на кучињата.

На пример, Вин рече дека мора да го напише зборот „прошетка“ наместо да го каже за неговото куче да не се возбудува очекувајќи да излезе надвор. Нема потреба, вели тој, да се преземаат такви мерки на претпазливост со луѓе чие разбирање на зборовите оди подалеку од едноставното поврзување.

„Дали Павлов би бил изненаден од овие резултати?“, прашува Вин, мислејќи на познатиот руски научник кој покажал дека на кучињата може да им пукне плунка секогаш кога ќе го слушнат звукот на ѕвончето кое сигнализира за време на оброкот. „Јас не мислам така.

/N1Info

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево6 часа

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин7 часа

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин7 часа

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп20 часа

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево22 часа

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

Lifestyle1 ден

Дали знаете што значи WC?

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет? Иако е вообичаена глетка...

Кичево1 ден

ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда)...

Автомобили1 ден

Гигантот оди во заслужена „пензија“: Audi R8 повеќе нема да се произведува

Во ноември минатата година Audi го прекина производството на моделот ТТ по 26 години и произведени над 660.000 примероци, а...

Магазин1 ден

Драмата продолжува: TikTok под истрага, му се заканува тужба

Американската Федерална трговска комисија (FED) го истражува TikTok за наводно кршење на приватноста и безбедноста на податоците на корисниците. Доколку...

Магазин1 ден

iPhone конечно добива функција која Android ја има веќе 15 години

Иако иконите сè уште ќе бидат ограничени на мрежниот распоред, веќе нема да има автоматско пополнување празни места Во технолошките...

НАЈЧИТАНИ