Следете не

Временска прогноза

Не очекува нагла промена на времето викендов, дожд и снежни наноси во западниот регион како што се превој „Стража“ и местата над 1500 метри

Објавено пред

на

Под влијание на циклонска активност, една со центар над Велика Британија која е доста моќна, друга со центар над Италија, за време на овој викенд кај нас доаѓа ГОЛЕМА промена на времето и ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд.

Повремени врнежи од дожд но со послаб интензитет и тоа во западните предели ќе има уште утре попладне и навечер додека во сабота веќе врнежите полека ќе се интензивираат, особено на запад додека во недела врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено во вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник.

Локално ќе наврне и позначително количество на воден талог (над 25 л/м2), а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен и од југозападен правец, особено од недела па натаму. На планините врнежите ќе бидат од снег со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка, особено на повисоките планини (над 1500 метри). Во недела особено навечер и во текот на ноќта кон понеделник снежната граница, особено во западните предели ќе се спушти на надморска височина од под 1200 метри, тука не се исклучува можноста снегот да биде застапен и на популарниот планински превој „Стража“ кој е на надморска височина од 1.212 м – за сите кои патуваат.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

За време на оваа циклонска активност ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

Подготви: Славчо Попоски / метеоаларм.мк

Временска прогноза

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, известува Управата за хидрометеоролошки работи

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Објавено пред

на

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин1 час

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

Кичево4 часа

Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди

Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на...

Автомобили5 часа

Електрични возила и губење на вредноста

Размислувате за купување на електрично возило, но не сте сигурни за неговата препродажна вредност? Новото истражување открива дека додека постарите...

Автомобили5 часа

Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?

Првично, трошоците за одржување беа ниски и слични за повеќето брендови. Consumer Reports подетално ги разгледа трошоците за одржување на...

Хороскоп17 часа

Хороскоп за четврток (25 април)

ОВЕН Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога...

Временска прогноза23 часа

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а високо на планините со повремен снег. Локално врнежите...

Кичево1 ден

Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда

На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со...

Свет1 ден

Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“

Кина ја докажа поентата на законот за забрана на TikTok преку Конгресот. Претставници на кинеската амбасада неодамна лобираа против нацрт-законот...

Спорт1 ден

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за среда (24 април)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

НАЈЧИТАНИ