Свет Случувања

ТРКА НА НЕВЕСТИ: 250 парови во венчаници и одела се бореа за вредни награди

Околу 250 парови, облечени во венчаници и одела, денеска учествуваа во годишната „Трка на невести“ во Бангкок.

Тие се натпреваруваа за награда од 28.000 долари, а стазата што требаше да ја поминат е долга четири километри.

Победничка на трката е Сирад Тамван (29), а нејзин партнер е Ситичаи Прадонгасин (27).

Пакетот што ќе го добијат младенците содржи венчаници и одело за младоженецот, венчални бурми, меден месец на островот Пукет и патување на Малдивите.

Leave a Comment