Временска прогноза
Доаѓа невреме, многу нечист дожд и поголема концентрација на електрични празнења
Поради тоа што атмосферата се повеќе се загрева и е многу спарно и тешко од утре следува период на доста нестабилно време што значи дека во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локано ќе растат и условите за ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси кој ќе бидат во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималните температури на воздухот ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и насекаде ќе се искачуваат над 20 степени додека во следните денови во најтоплите региони од државава истите очекуваме да се искачат до околу 30 степени.
Поради локално поинтензивните атмосверски процеси локално има услови и за позначително количество на воден талог за кратко време со што можни се и локални поплавувања. Граѓаните во случај на појава на електрични празнења да бидат крајно претпазливи односно да не стојат на отворен простор и под осамени дрвја, овчарите пак своите овци со цел да ги заштитат да ги делат во помали групи.
НЕЧИСТ ДОЖД: Со оглед на тоа дека во следните неколку денови ќе се врши уште поголем транспорт на прашина и на песок од Сахара дождот кој што ќе врне ќе биде многу помешан со истата.
БИОМЕТЕО: Мачното и спарно време многу лошо ќе влијае врз граѓаните, кај поголем дел ќе се јават значителни мачнини односно главоболки, поспаност, лошење а особено врз метеопатите и возрасните луѓе и проблеми со притисокот па така и тоа како е добро да се посоветуваат со својот лекар.
Ув индексот следните денови ќе има ВИСОКА вредност и ќе има коефициент 7.
Славчо Попоски /1tv.mk
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (27 март)
-
Култура2 дена
В сабота во Манастирот Св. Великомаченик Георгиј Победоносец во с. Рајчица ќе пристигне икона на Светиот Георгиј Победоносец, покана до сите верници да присуствуваат на духовното славје
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Македонија1 ден
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
-
Кичево23 часа
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Спорт1 ден
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle23 часа
Дали знаете што значи WC?
-
Мобилни уреди2 дена
На голема врата со 4G поддршка се враќа легендарниот „Nokia 3210“