Временска прогноза
Најнова информација за невремето кое забрзано доаѓа!
Невреме ќе предизвика поларниот воздушен бран од Русија кој претстојната ноќ многу брзо ќе се спушти и навлезе во нашата територија, температурите ќе опаднат за 15 степени а сето ова ќе биде проследено со силен, повремено на некои места и ОЛУЕН ветер од северен и од североисточен правец чија брзина на некои места ќе достигнува до 100 км/час.
Исто така оваа ноќ и утре на повеќе места ќе има врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, нешто повеќе врнежи, односно врнежи со умерен интензитет ќе има во западните, југозападните и во јужните предели од државава каде снежната покривка на повисоките и на планинските места ќе се зголеми додека на пониските ќе се формира потенка снежна покривка.
Минималните температури до утре наутро ќе се спуштат во интервалот од -8 до -1 степен додека на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат и под -10 степени, максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 4 степени.
Особено студено ќе биде во недела и во понеделник во утринските часови кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -3 степени додека понекаде истите има услови да се спуштат и до околу -15 степени, временската состојба пак од недела кај нас ќе се стабилизира а максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на постепен пораст но ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека се очекува СИЛЕН и ОЛУЕН ветер на граѓаните ги предупредуваме и советуваме да бидат внимателни, исто така со ова најголем дел од државава влегува во ПОРТОКАЛОВА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА фаза.
Подготви: Славчо Попоски /1tv.mk
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (27 март)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Култура2 дена
В сабота во Манастирот Св. Великомаченик Георгиј Победоносец во с. Рајчица ќе пристигне икона на Светиот Георгиј Победоносец, покана до сите верници да присуствуваат на духовното славје
-
Македонија2 дена
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
-
Кичево1 ден
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Спорт1 ден
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle1 ден
Дали знаете што значи WC?
-
Кичево7 часа
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед