Следете не

Без категорија

По 10 години музичкото дуо „Next Time“ доаѓаат во Кичево со спектакуларен концерт на 17-ти Август

Објавено пред

на

Музичкото дуо „Некст тајм“ по речиси 10 години, повторно со свој концерт во Кичево на „Китино Кале“ во сабота 17.08.2019.

Концертот е со почеток од 21:00 часот,  на публиката ќе и’ понудат интересна музичка програма составена пред се’ од нивните песни што ги создадоа во текот на својата кариера, како и своите преработени безвременски хитови – старите македонски песни „Слушам кај шумат шумите“, „Ја излези Ѓурѓо“, „Нешто ќе те питам бабо“….

Цена на влезниците во предпродажна цена се 200 денари, додека на самиот влез ќе бидат по цена од 300 денари.

Влезот за сите дечиња ќе биде (бесплатен).

Карти во предпродажба можат да се набават во реномираниот кичевски coffee & snack barCheck In“ или директно контактирајте со организаторот ☎ 078/501-806 – Филип (Панчо)

– Резервации на маси и пакет понуди ќе добиете на ☎ 078/262-553 – Дејан

📌 Ве повикуваме и заеднички да го проследиме настанот кој исто така ќе го одбележиме како еден од најголемите случувања за ова лето во Кичево после големиот солистички концерт на Лозано.

📌 Не пропуштајте во еден глас да ги пееме најголемите хитови, повелете и купете карти уште веднаш!

🗓 Потврдете го вашето присуство на официјалниот facebook настан ТУКА

Без категорија

АТВА Маркети со нова акција на производи по екстра намалени цени

Објавено пред

на

Производи на акција по супер неодоливи цени, само во АТВА маркети – Кичево

Прочитај повеќе...

Без категорија

Денес е големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица

Објавено пред

на

Кичевска Белица, денес 26 мај го празнува празникот Александрија кој е посветен на светецот-маченик Свети Александар.

Празнувањето кога не би била ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 би започнало најпрво со одењето на жените ден порано во малото црквиче кое го носи името на светецот, ќе одржат молитва за своите најблиски и ќе се дружат.

На денот на празнувањето 26 мај, во црквичето се одржува утринска литургија, па крштевка, па венчавка и во 14 часот ќе започнеше долго очекуваната народна веселба со музичка група.

За оваа веселба секогаш била обезбедена храна и пијалоци. Поканети се сите, особено оние кои го носат името Александар и Александра.

Свети Александар е светец-маченик од Македонија кој служел како војник во војската на римскиот император Максимијан. Пострадал како христијанин кратко пред да биде озаконето христијанството во римското царство. Неговата мајка го зела телото и го погребала.

Празникот Свети Александар (Александрија) се празнува во Белица со векови, а над селото постои мала црквичка, сега обновена, изградена во поново време врз темели на постара базилика која датира од доцноримско време.

Постои претпоставка дека токму таа да ги крие моштите на светецот, а самиот светец да потекнува од ова село кое е доста старо.

Нека ви е честит и вековит празникот наши пријатели беличани и кичевчани!

ФОТО: Архива / porta.mk

Прочитај повеќе...

Без категорија

25. коло во 2. МФЛ ќе се одигра в сабота. ФФМ ги покрива трошоците за тестирање

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од 25. коло од Втора МФЛ – Исток и Запад да бидат одиграни на 01. мај 2021 (сабота) со почеток во 13:00 часот.

Фудбалската федерација на Македонија согласно одлуката од Владата на Република С. Македонија за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, член 1, објавена во СЛУЖБЕН ВЕСНИК ќе спроведе ТЕСТИРАЊЕ – Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19) во лабораторијата БИОТЕК во Скопје.

ФФМ го подмирува тестирањето за 25 лица по екипа (18 фудбалери и членови на стручен штаб) и официјални лица на натпревар се додека е на сила мерката за задолжително тестирање пред секој натпревар со Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19).

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 1 час

Хороскоп за денес { 25 јуни } – петок

ОВЕН Може да очекувате се повеќе и повеќе интерес за нови технологии. Нешто што неодамна ви изгледаше многу футуристичко, сега...

КичевоПред 5 часа

Ресторан „La Casa“ за прв пат покрај базен, уште едно ново урбано место кое ќе го краси градот Кичево

Вчера официјално стартуваше со работа новиот ресторан „La Casa“ со капацитет за 140 гости. Во прекрасен пред се летен амбиент...

КичевоПред 8 часа

„Рурална Коалиција“ го уреди дворскиот простор за играње на дечиња од кичевската градинка „Олга Мицеска“

Рурална Коалиција во рамките на проектот за институционално јакнење на организацијата повторно делува на терен и успева да ја мобилизира...

МакедонијаПред 9 часа

Денеска 10 нови случаи на Коронавирус и три починати во болнички услови

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.302 тестирања, а...

Временска прогнозаПред 17 часа

И денес продолжуваат тропските температури со над 40°C

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до...

СкопјеПред 18 часа

Денес и утре делови од Скопје ќе бидат без електрична енергија поради зафати на електродистрибутивната мрежа

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес на ден 24.06 – вторник и утре 25.06.2021 година – петок, ЕВН Скопје ќе...

На денешен денПред 24 часа

На денешен ден – 24 јуни

79.- Умре римскиот император Тит Флавиј Веспасијан, основач на династијата Флавијан. За време на неговото владеење, во Рим бил изграден...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп [ 24 јуни ] четврток

ОВЕН Ќе имате најголема корист од одмор или барем краткорочно менување на животната средина. Ако не можете да си дозволите...

КичевоПред 1 ден

Бакарди распишува оглас за пица мајстори и келнери за претстојната сезона кои ќе бидат во редовен работен однос

Нашите партнери од Bacardi Lounge Bar – Кичево ве известуваат дека поради проширување на својата дејност и надополнување на својот...

МакедонијаПред 1 ден

Денес 5 нови случаи на Ковид-19, 1 починат и 8 оздравени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а...

НАЈЧИТАНИ