Следете не

Кичево

Ноќеска и ден пред тоа кичевчани искасани од кучиња скитници

Avatar

Објавено пред

на

На 24.02.2020 во 00.30 часот во Полициската станица Кичево, О.Ш.(26) од Кичево пријавил дека на улица „Партизански одреди“ во Кичево бил каснат од куче скитник во пределот на рацете.

На 23.02.2020 во 18.00 часот во Полициската станица Кичево, Р.К.(39) од Кичево пријавил дека 16.00 часот во селото Пополжани бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Извор: МВР / ОВР Кичево

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Кичево

(ФОТО) Среде природа убава Пресвета Богородица си издигнала прекрасен дом – манастирот „Пречиста – Кичевска“, посветен на светото Благовештение

Avatar

Објавено пред

на

Среде природните убавини на планината Цоцан во близина на Кичево, Пресвета Богородица си издигнала прекрасен дом – манастирот „Пречиста – Кичевска“, посветен на светото Благовештение.

Кон средината на XVI век, монашкото братство од овој манастир станало вистинска утеха и крепост за напатениот народ кој страдал под тешкото османлиско ропство. Гласот за нивната слава и духовна сила допрел и до злонамерните Агарјани, па тие на 27-от ден од месец март, 1558 лето Господово, со сета своја јарост се упатиле кон светата Богородична обител.

Браќата заедно со присутните мирјани биле собрани како и обично во храмот на заедничка Литургија. Во часот кога од певницата, со умилен молитвен глас, бавно прозвучила херувимската песна, отец Аверкиј, којшто морал да исполни некое послушание надвор, втрчал во храмот и известил дека кон манастирот се приближува многуброен, насилнички османлиски аскер.

Тогаш преподобниот старец Евнувиј смирено излегол низ царските двери и повикал кон народот доколку некој е спремен и непоколеблив да пострада за Христа Царот небесен а останатите да ја довршат Светата Божествена литургија.

Додека во манастирот останале старецот Евнувиј и двајцата Христови воини Аверкиј и Паисиј, останатите монаси и мирјани заминале во шумата и таму пронашле безбедно место да ја довршат Литургијата. По службата, откако се увериле дека Агарјаните биле заминати, монасите се вратиле и тука затекнале страшна и тажна слика: сe било уништено, храмот бил во пламен, а на местото сподинец близу манастирската чешма, лежеле телата на тројцата свети старци и духовни учители. Тие откако најрешително одбиле да се приклонат кон иноверното учење и пред разбеснетите Агарјани непоколебливо ја исповедале својата силна вера во Спасителот Христос, биле подложени на страшни измачувања и примиле маченички венец со отсекување на нивните божествени глави.

Сите селани од околните села се собрале за да ја споделат болката со осиротеното и обездомено братство. Притоа, со стравопочит и солзи во очите, тие им се поклонувале и ги целивале телата на светите преподобномаченици. Но тагата се преплетувала со радост заради стекнувањето на тројца нови застапници за народот пред Бога.

Со силното молитвено застапништво на светите тројца преподобномаченици, и под покровителство на Пресвета Богородица, светата обител не се распуштила, туку продолжила со својата монашко-евангелска просветна дејност.

За шест години бил изѕидан нов храм од камен. Таков бил подвигот, страдањето и преминот во вечниот живот на нашите свети отци и преподобномаченици: Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј.

По нивните свети молитви, Господи Исусе Христе, чувај ја нашата татковина и спаси ги нашите души, дарувајќи ни голема милост.

Амин!

Фото и текст: Свештена Пречистанска Обител, “Благовештение на Пресвета Богородица”

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

Ул. „Рудничка“ – Кичево со времен прекин на електрична енергија

Avatar

Објавено пред

на

Ги известуваме жителите на Ул. „Рудничка“ – Кичево дека во текот на утрешниот ден 09.04.2020 четврток од 08:00ч до 15:00ч се планирани прекини на ЕВН Македонија КЕЦ Кичево во дистрибутивниот систем за електрична енергија

Електродистрибуција ќе работи на реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа

/РЦУК Кичево.
/ЕВН

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

Вкусете ги најубавите „Bacardi“ Lounge сендвичи на ваше барање + од денес достава секој ден!

Avatar

Објавено пред

на

Bacardi Lounge Bar – Кичево поради воведената вонредна состојба на „полициски час“, почитувајќи ги мерките и новите ограничувањата за движење преку викенд на цела територија на нашата држава ги известува своите ценети клиенти дека храна можат да порачуваат на нивниот број 076/599-566, од денес секој ден од од 09:00 часот до 21:00 часот со достава до вашата дестинација било каде во Кичево

+ НОВ продукт во екстра вкусното мени, на ваше барање од денес Бакарди започнува со приготвување на сендвичи и тоа

  • Хамбургер 120 ден
  • Чизбургер 140 ден
  • Бакарди Бургер 160 ден

Добар апетит!

#ОстанетеДома #БакардиТим #ПортаМК

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 1 час

Лидерите на најголемите политички партии во итна домашна самоизолација!

Министерот за здравство Венко Филипче на вонредно обраќање пред малку соопшти дека лидерите на двете големи политички партии, Зоран Заев...

Временска прогнозаПред 10 часа

Денес ќе биде сончево и топло, викендов дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе засилува на североистокот...

ХороскопПред 13 часа

Хороскоп за денес (10.04) петок

ОВЕН За сите личности родени во овој знак кои се занимаваат со приватен бизнис денешниот ден е многу поволен кога...

БалканПред 19 часа

Тежок вирус се шири по балканот преку „Power Point“ презентација, доколку добиете ваков e-mail не отворајте!

Од блиски извори на наши луѓе кои живеат во соседна Србија добивме информација дека се шири тежок вирус преку „Power ...

КичевоПред 21 час

(ФОТО) Среде природа убава Пресвета Богородица си издигнала прекрасен дом – манастирот „Пречиста – Кичевска“, посветен на светото Благовештение

Среде природните убавини на планината Цоцан во близина на Кичево, Пресвета Богородица си издигнала прекрасен дом – манастирот „Пречиста –...

МакедонијаПред 22 часа

Денес 46 нови случаи на Ковид-19 во Македонија бројката се искачи на вкупно 663 лица

46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица. Новопотврдените случаи се...

СветПред 23 часа

Состојба во светот со Коронавирусот до 13:00 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.529.439 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 89.416, а...

БалканПред 1 ден

Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ позитивен на Коронавирус, итно пренесен на инфективна клиника

Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило Вучиќ, е заразен со коронавирус и заради клиничката слика е хоспитализиран на Инфективната...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Зошто не е здраво да се храниме во доцните часови

Поголем дел од нас тешко си го замислуваат крајот на работниот ден без вечера. Понекогаш ќе се сетиме колку е...

ХороскопПред 2 дена

Дневен Хороскоп (09.04) четврток

ОВЕН Пред вас е одличен ден за промени, па ако сте планирале некоја промена ќе бидете успешни и задоволни. Ви...

НАЈЧИТАНИ