Временска прогноза
Ноќеска измерени рекордни -22°C, додека студот полека ќе попушта – Ова се најновите детали

Поларниот бран кој ја зафати нашата држава утринава го достигна својот максимум. Ова утро најниска температура е измерена во Битола, и тоа -22 степени, потоа следуваат Скопје – Петровец каде се измерени -17 степени, во Берово -16 степени, во Крива Паланка, Тетово, Демир Капија и во Маврово се измерени -15 степени, во Прилеп -14 степени, во Штип и Струмица -13 степени, Скопје – Зајчев рид -8 степени и во Гевгелија ова утро беше најтопло каде се измерени -4 степени.
Како што веќе најавивме, студено со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 5 степени ќе се задржи и денес, додека во утринските часови студено ќе се задржи и во следните неколку денови кога минималните температури понекаде ќе се спуштат и под -10 степени.
Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 5 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено со мала облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 1 степен.
Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, повремено со умерена облачност. Утре доцна попладне и навечер на планинските места ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег.Ќе дува слаб до умерен, а во четврток Долж Повардарието и на исток повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималните температури и понатаму ќе бидат доста ниски и понекаде ќе се спуштаат под -10 степени, додека максималните ќе бидат во пораст, особено од четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.
/Славчо Попоски
Временска прогноза
Стабилно и суво време, во недела најава за засилен ветер и пад на температурите, ова се деталите..

Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала локална облачност. До сабота температурите на воздухот ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.
Во сабота ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека од недела температурите ќе бележат тенденција на опаѓање за 6 до 7 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.
Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала облачност.
Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 20 степени.
Од недела истите ќе бележат тенденција на пад и максималната дневна температура ќе се искачува до околу 13 степени кога ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Пролетни денови до недела, каде се очекува продор на северен ветер

До самиот крај на оваа недела под влијание на стабилна и сува воздушна маса, времето кај нас ќе биде сончево со мала локална облачност. Денес како и за време на викендот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој Долж Повардарието повремено ќе биде и засилен по интензитет. До сабота ќе биде натпросечно топло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени.
Од недела под влијание на нешто постуден воздух од север температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.
Во Скопје и околината и понатаму времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала облачност.
Денес, како и за време на викендот ќе биде слаб до умерен ветер од северен правец, кој за време на викендот повремено ќе биде и засилен по интензитет. Температурите и понатаму ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат некаде до околу 20 степени.
Временска прогноза
Времето денес ќе биде сончево и топло, поради порастот на температурите снежната покривка на планините се топи

Времето во нашата држава денес ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.
Во главниот град сончево со услови за слаба магла во утринските часови. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Продолжува периодот на стабилно и потопло време. По котлините во претпладневните часови ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност, особено кон крајот на работната недела.
Температурите ќе бидат во пораст и ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.
За утрешниот ден се најавува умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.
/денешен
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг
-
Кичево2 дена
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..
-
Кичево1 ден
Кучиња скитници нападнале две малолетни внучиња и баба од Кичево
-
Хороскоп3 дена
Хороскоп за денес (24.02) среда
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп -[ 25.02 ]- четврток
-
Хороскоп23 часа
Дневен Хороскоп (26.02) петок
-
Македонија16 часа
Кобното утро на 26 февруари, на денешен ден почина Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена на делегацијата и двајца пилоти, вечна слава!