Македонија Случувања

Од ноќеска поскапуваат горивата, ова е новата цена

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за еден и за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1 денар и со тоа новата цена на „евросупер БС-95“ изнесува 72 денара, а цената на „евросупер БС-98“ изнесува 74 денари за литар.

Дизелот поскапува половина денар и со тоа новата цена од ноќеска на полноќ ќе изнесува 64 денари за литар.