Македонија
⛽ Нова покачена цена на горивата од ноќеска

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за половина до 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,56 отсто.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар по литар и ќе изнесува 54,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за еден денар по литар и ќе чини 57 денари. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари за литар и ќе се продаваат за 47, односно за 35 денари.
Со одлуката на РКЕ за 1,329 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 19,498 денари.
Како причина за зголемувањето на малопрадажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на дериватите во изминатите седум дена и тоа за околу 5,64 отсто кај бензинот и за 10,84 отсто кај дизелот, како и за 0,099 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Македонија
Денес 361 нови случаи на Ковид-19, 14 лица починале

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 164
-Куманово 17
-Тетово 12
-Прилеп 15
-Гостивар 16
-Штип 8
-Битола 4
-Велес 16
-Охрид 13
-Струмица 9
-Кавадарци 8
-Струга 5
-Кочани 9
-Кичево 10
-Гевгелија 2
-Неготино 4
-Делчево 6
-Дебар 7
-Крива Паланка 5
-Ресен 9
-Радовиш 4
-Берово 7
-Виница 1
-Валандово 2
-Македонски Брод 1
-Кратово 3
-Крушево 2
-Пехчево 2
Починати се 14 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца од Тетово, еден од Прилеп, еден од Охрид, двајца пациенти од Струмица и еден пациент од Струга. Од нив тројца се починати вон, останатите во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2116 оздравени пациенти од:
-Скопје 1489
-Куманово 6
-Тетово 139
-Прилеп 19
-Гостивар 58
-Штип 8
-Битола 80
-Велес 45
-Охрид 3
-Струмица 55
-Кавадарци 35
-Струга 5
-Кочани 15
-Кичево 33
-Гевгелија 23
-Неготино 26
-Свети Николе 10
-Делчево 16
-Дебар 9
-Ресен 13
-Радовиш 5
-Берово 1
-Виница 6
-Пробиштип 4
-Валандово 3
-Демир Хисар 9
-Крушево 1
Досега во земјата се направени вкупно 430.182 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88749, бројката на оздравени пациенти е 71592, на починати е 2696, а бројот на активни случаи изнесува 14461.
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Македонија
Регистрирани 403 нови случаи на Ковид-19, починале 10 лица

Во последните 24 часа се направени 2118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 165
-Куманово 30
-Дебар 9
-Штип 4
-Прилеп 10
-Тетово 14
-Струга 11
-Велес 25
-Битола 10
-Охрид 19
-Кавадарци 22
-Гостивар 11
-Гевгелија 8
-Струмица 13
-Радовиш 3
-Крушево 4
-Кочани 14
-Пробиштип 1
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 2
-Берово 3
-Виница 2
-Делчево 2
-Свети Николе 1
-Кичево 4
-Ресен 4
-Неготино 11
Починати се 10 лица, два пациенти од Скопје (54 и 90г.), еден од Куманово (73г.), два пациенти од Прилеп (59 и 56г.), еден од Охрид (72г.), пациент од ПЕ Гевгелија/Богданци (76г.), од Струмица (71г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (74г.) и еден пациент од Кичево (76г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 339 оздравени пациенти од:
-Скопје 106
-Куманово 22
-Дебар 14
-Штип 14
-Прилеп 28
-Тетово 10
-Велес 13
-Битола 15
-Кавадарци 24
-Гостивар 6
-Гевгелија 8
-Струмица 12
-Крива Паланка 5
-Радовиш 2
-Кочани 12
-Пробиштип 3
-Демир Хисар 3
-Македонски Брод 1
-Пехчево 1
-Берово 13
-Валандово 1
-Виница 6
-Свети Николе 1
-Кичево 4
-Ресен 4
-Неготино 11
Досега во земјата се направени вкупно 428.006 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88389, бројката на оздравени пациенти е 69476, на починати е 2682, а бројот на активни случаи изнесува 16231.
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
Македонија
Поради снег воведена забрана за тешки моторни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар и превој Стража

Од АМСМ известуваат дека поради снежни врнежи воведена е забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец крак Маврово- Дебар и Стража.
© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Кичевчанка нацрта новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно, хуман гест за почит!
-
Кичево17 часа
Кичевска парохија со важни информации по повод Богојавление Водици
-
Временска прогноза2 дена
Поларна воздушна маса од Сибир се движи кон нашата територија, очекувани температури под -20 степени, детали..
-
Временска прогноза16 часа
Вечерва ќе биде најстудено до сега, ова се деталите..
-
Кичево12 часа
(ФОТО) Кичевската перална „Виктор“ со топла вода на минусните температури
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (15.01) петок
-
Хороскоп1 ден
[16.01] – сабота | Дневен Хороскоп
-
Кичево2 дена
Вчера во Кичево четири лица пријавиле напад од кучиња скитници