Македонија
Нови 175 случаи со Коронавирус во Македонија
Во последниве 24 часа се регистрирани 175 нови случаи, од кои во Скопје 131, а починаа пет лица. Направени 971 тестирање. Ова го објави министерот за здравство Венко Филипче на својот ФБ профил.
По Скопје, кој е рекордер во бројот на заболени, е Куманово со нови 24 , Тетово со 5, Велес со 4, по двајца новозаболени има во Штип, Прилеп, Струга, Гостивар и Свети Николе и еден новозаразен во Охрид.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72 г). Во ГОБ „8 Септември“ починаа тројца пациенти од Скопје – пациентка (60 г.) примена на 5 јуни, пациент (64 г.) примен на 8 јуни и пациент (59 г.) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72 г.) примен на 30 мај.
Во Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти и тоа 12 во Скопје, три во Тетово, два во Велес, и еден во Штип.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
Македонија
Од ноќеска дизелот ќе биде со намалена цена, додека бензинот минимално се покачува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,683 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 45,459 ден/кг, известува РКЕ.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево1 ден
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура9 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника1 ден
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Lifestyle9 часа
Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?
-
Спорт2 дена
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“