Следете не

Македонија

Ова се новите цени на горивата, кои ќе се променат ноќеска

Објавено пред

на

Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Со новата одлука, која ќе стапи на сила на полноќ, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за половина денар и со тоа новата цена за литар Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71 денар, додека на Еуросупер БС-98 – 72,50 денари.

Дизелот поскапува за половина денар, и новата цена ќе изнесува 63 денари за литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста – 51,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,598 денари за килограм на 33,053 денари

Македонија

(ФОТО) Прва снежна идила од превој „Стража“ за оваа година

Објавено пред

на

Моментални фотографии од превој Стража. Бележиме максимално чист воздух и ситен снег кој не се задржува на коловозот.

Зимата и снегот допрва доаѓаат, уживајте.

Прочитај повеќе...

Македонија

Ново намалување на цената на бензините од ноќеска, дизелот останува непроменет, авто-плинот за сега по иста цена?

Објавено пред

на

РКЕ за денес донесе одлука со која од ноќеска ќе се намалат малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, и двата за два денари за литар. Дизелот, мазутот и екстра-лесното масло за домаќинство ќе се продаваат по стари цени.

Од полноќ максималните цени на Еуросупер БС-95 ќе изнесуваат 86,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 88,50 денари за литар. Дизел горивото останува по старата цена од 90 денари за литар, додека екстра-лесното масло за домаќинство чини 85,50 денари за литар. Мазутот ќе се продава по досегашната цена од 43,046 денари за килограм.

Авто-плинот кој знаеме дека не потпаѓа под регулатирна комисија се уште бележиме дека останува со иста непроменета цена.

Последното намалување на неговата цена го бележиме пред три месеци, на 17 август каде драстично падна за 5 денари и се продаваше по цена од 48,5 ден/лит, потоа во почетокот на месец октомври истиот се зголеми за 3 денари и до денес неговата цена е иста.

Дали малопродажните објекти повторно ќе одлучат да го намалат ова често купувано погонско гориво, судејќи по неколкуте намалувања на цените од течните горива, останува да видиме.

Прочитај повеќе...

Македонија

СВР Охрид известува претстојните активности на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“

Објавено пред

на

Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска на стрелиштето „Бејбубар“ во Охрид ќе имаат боево гаѓање.

Единицата, утре кај комплексот „Инекс“ ќе реализираат тактичко – показна вежба, а во четврток и петок единицата „Тигар“, кај каналот „Студенчишта“ ќе ги спроведат завршните плански активности. Се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и Хеликоптерската единица на МВР, а целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и  подигнување на безбедноста на граѓаните и државата.

Упатуваме апел до граѓаните да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници, известува портпаролит на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија47 минути

(ФОТО) Прва снежна идила од превој „Стража“ за оваа година

Моментални фотографии од превој Стража. Бележиме максимално чист воздух и ситен снег кој не се задржува на коловозот. Зимата и...

Технологија3 часа

Руски хакерски групи украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година преку малициозен софтвер

Руски хакерски групи околу 34 на број украле најмалку 50 милиони лозинки во првите седум месеци од 2022 година користејќи...

Култура5 часа

Од утре започнува Божиќниот пост, а денес се Божиќни поклади

Постите траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7-ми јануари. Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште...

Автомобили9 часа

Mercedes-Benz 190 слави 40 години

Денес, и по четири децении, дизајнот на компактната лимузина изгледа модерно, а претставената технологија ја формира основата. Mercedes-Benz ја прошири...

Временска прогноза20 часа

Нова метео анализа, за денес попладне и во текот на ноќта, особено внимание на температурите кои ќе бидат до 10 степени под нулата

Под влијание на влажен и многу постуден воздушен бран од север, утре и тоа особено попладне и навечер, како и...

Хороскоп21 час

Хороскоп за недела (27 ноември)

ОВЕН Овните кои се баби и дедовци, денес ќе уживаат во друштво на своите внуци. Останатите припадници на знакот денот...

Кичево23 часа

Дали и оваа година Кичево ќе остане без новогодишни украси?

Доаѓаат предноводишните празници и секако најлудата ноќ. Оваа година најверојатно ќе прославиме слободни, без ограничувања поради олеснителните околности од пандемијата,...

Временска прогноза1 ден

Какво време нè очекува, преку ден ведро и ладно, на вечер минусни температури

Под влијание на влажен и многу постуден воздух од север, како што најавивме ќе го донесе првиот снег и на...

Автомобили1 ден

Возите на резерва? Немојте

И покрај употребата на филтер за гориво, честичките од нечистотија што се таложат во горивото може да се вшмукаат кога...

Магазин1 ден

САД забранија опрема од кинески телекомуникациски компании

Администрацијата на Бајден забрани увоз и продажба на нова телекомуникациска опрема од кинеските компании Huawei Technologies и ZTE, бидејќи тие...

НАЈЧИТАНИ