Следете не

Занимливости

Нови вознемирувачки податоци за штетното влијание на боите за коса!

Avatar

Објавено пред

на

Се докажа дека трајните бои за коса реагираат со димот од цигари и други загадувачи на воздухот, па создаваат една од најканцерогените формули познати на човекот – Н Нитрозамин. Велат дека сите информации за евентуалната штета веќе биле познати, и дека оваа студија само ги споила точките и ја поврзала со опасноста од ракот.

Со оглед на тоа дека повеќето жени редовно ги користат овие препарати, научниците сметаат дека ризикот по здравјето мора да се обелодени преку поширока масовна кампања.

Предупредуваат дека хемикалиите наречени секундарни амини кои се содржат во бојата за коса можат да продрат низ кожата и да останат таму со седмици и месеци, па дури и со години после нанесувањето на боја. Со време овие амини реагираат со димот од цигари и останати издувни гасови формирајќи го смртоносниот Н Нитрозамин.

Н Нитрозамин е забранет да се употребува во козметичката индустрија поради поврзаноста со појава на рак. Професорот Дејвид Левис, еден од авторите на студијата вели: “Во оваа фаза не можеме да бидеме сигурни за количината на Н Нитрозамин кој се создава при реакцијата ни пак нивото на ризикот кој овие состојки го претпоставуваат, но е јасно дека постои потенцијален ризик!“

“Во интерес на безбедноста на потрошувачите, императив е да отвориме независна истрага и да го дефинираме нивото на токсичност на овие компоненти и да го одредиме конкретниот ризик“, вели Левис како заклучок.

Иако со години бојата за коса се поврзува со појавата на рак, вклучувајќи рак на градата, мочниот меур, јајниците, како и леукемија, козметичката индустрија упорно го негира ова тврдење.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Занимливости

(ФОТО) Го пратила сопругот на пазар, а списокот кој му го составила што да земе го насмеа цел балкан

Avatar

Објавено пред

на

Имено, една жена го пратила својот сопруг на пазар, па му составила список во кој детално му објаснила што да купи, и како изгледа зеленчукот.

Погледнете го овој урнебесен список како изгледа…

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Направете освежувач за просторот во вашиот дом без никаков трошок

Avatar

Објавено пред

на

Ова е предлог за кој е потребно буквално само една минута од вашето време и речиси никаков трошок, а резултатот е апсолутна свежина во домот. Секако, се работи за освежувач на просторот за кој ќе ви бидат потребни следниве состојки:

Тегла со алуминиумско капаче

Сода бикарбона

Есенцијално масло по избор

Подготовка:

На капачето од теглата направете неколку дупки, а потоа во теглата додадете неколку лажици сода бикарбона. После тоа додадете 8 капки есенцијално етерично масло по желба, ( да кажеме лаванда, пачули, портокал, рузмарин…) Сода бикарбоната отстранува непријатни мириси, а маслото дава свеж мирис. Таква мала тегличка може да се постави било каде во вашиот дом, во тоалетот, во гардеробер, во автомобил…

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Занимливости

Оваа крвна група кај луѓето најмногу привлекува комарци

Avatar

Објавено пред

на

Доколку и вие сте од оние кои комарците ги напаѓаат почесто отколку другите луѓе, за тоа постојат причини.

За комарците особено се привлечни луѓето кои имаат нулта крвна група, додека за Б групата се најмалку заинтересирани.

Речиси дупли се шансите да се сопрат врз кожата на првите, и бидејќи кожата лачи супстанции кои им овозможуваат на комарците да идентификуваат крвна група пред да се одлучат да нападнат, па со тоа работата на оваа летечка напаст е многу олесната.

Крвната група О испраќа хемиски сигнали кои за комарците се најпримамливи. Интересно е тоа дека машкиот комарец иако делува многу пострашно од женката не каса, за разлика од женката која пие човечка крв за да може да се размножува. Од крвта тие добиваат протеин изолеуцин кој го користат за создавање јајца. За комарците најпрвлечна е црната, потоа црвената, а најмалку атрактивна за нив е жолтата боја.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 6 часа

Денес 135 новозаболени од Корона од кои 3 лица од Кичево

Во последните 24 часа се направени 1259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19. – Скопје 76 –...

СпортПред 8 часа

Шампионот Иџе сепак нема да учествува за големата награда на Италија и покрај сите превземени работи нашиот влез е забранет!

Шампионот Иџе: Направивме се’. До последен момент, очекувавме дека веројатно ќе може да патуваме во Италија и викендов да возам...

ЗанимливостиПред 22 часа

(ФОТО) Го пратила сопругот на пазар, а списокот кој му го составила што да земе го насмеа цел балкан

Имено, една жена го пратила својот сопруг на пазар, па му составила список во кој детално му објаснила што да...

ХороскопПред 23 часа

Денешен Хороскоп (14.07) вторник

ОВЕН Денес ви претстои мала нестабилност во вашата финансиска состојба. Бидете подготвени да се соочите рационално со оваа промена и...

МакедонијаПред 1 ден

Ковид-19: 8 нови случаи од Кичево, додека останатите 80 од други градови

Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 30 -Куманово...

ХороскопПред 2 дена

Хороскоп за денес (13.07) понеделник

ОВЕН Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате...

МакедонијаПред 2 дена

Денес 136 нови случаи на Ковид-19, кичевчани 4 меѓу нив..

Во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 46 -Куманово...

СкопјеПред 3 дена

Акциска на СВР Скопје за диви тркачи со мотори, има и приведени

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

МакедонијаПред 3 дена

Времена забрана во двата правци према Охрид утре, поради пробивање на автопатот Кичево-Охрид

Од 12 до 15 часот утре ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила на автопатот Кичево-Охрид кај делницата...

МакедонијаПред 3 дена

Денес е големиот празник „Петровден“, додека утре е „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Утре е Петровден, а во понеделник Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи...

НАЈЧИТАНИ