Спорт
Новиот пилот на Ферари леташе по патеката
Шарл Леклер го повтори успехот на Фетел на вториот ден од тестовите, а Ферари повторно беше најбрз. Новиот пилот на „Скудерија“ го запиша најдоброто време од 1:18.247 – со десетинка заостанување, во споредба со времето на Себастијан од вчера. Шарл направи и најмногу обиколки за денот – 157.
Ландо Норис со Мекларен успеа да го подобри своето време во попладневните часови и да излезе на второто место на рангот, откако беше три десетинки зад лидерот Леклер.
Кевин Магнусен беше трет, но заврши порано поради проблем со седиштето во кокпитот. Хас му овозможи на резервниот пилот Пјетро Фатипалди да направи неколку обиколки на „Каталуња“.
Александар Албан со Торо Росо успеа да се поврати по вртење во чакал наутро и даде четврто време, но беше втор по бројот направени обиколки – 132. По него се нареди Антонио Џовинаци со Алфа Ромео.
Мерцедес повторно го поделија денот помеѓу Ботас, кој постигнаа шесто време и Хамилтон, кој беше десетти. Двајцата од нив, сепак, направија најдолга километража – вкупно 163 круга. Како и обично, тимот не користеше меки гуми и не бараше високо темпо.
Тандемот на Рено, Нико Хулкенберг и Даниел Рикардо останаа соодветно осми и деветти. Австралиецот, сепак, отпадна рано поради дефект во системот ДРС.
Вилијамс не учествуваше повторно. Според гласините во боксот, се очекува нивниот автомобил да пристигне рано наутро во среда, што значи дека има веројатност да не излезат пред раните попладневни часови.
Спорт
Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“
Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка помеѓу Клими и Форца 2015 ќе биде одиграна на 21. април во недела.
Домаќин на финалниот натпревар ќе биде градот Велес, а мечот ќе биде одигран во спортскиот центар Гемиџии.
Финалниот футсал натпревар помеѓу Клими и Форца 2015 ќе започне со почеток во 18. часот.
Спорт
(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, организираше инклузивен фудбалски турнир со цел заеднички да испратиме порака дека е важен пристапот и вклученоста на лицата со попреченост на спортските терени.
-ООУ „Марко Цепенков“ – Скопје со една женска екипа
-ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје со машка екипа
– ДСУ „Искра“ – Штип со една машка и една женска екипа
– ДСУ „ Св. Наум Охридски“ – Скопје со две машки екипи и една женска екипа
– ОУРЦ „Маца Овчарова“ – Велес со една машка екипа
Mенаџерот на секторот „Поддршка” во рамките на Фудбалската федерација на Македонија, Горанчо Костовски, заедно со претставникот на училиштето „Св. Наум Охридски“, Станислав Мирчевски го отворија денешниот турнир и им додели симболични награди и признанија на учесниците.
„Почитувани фудбалери и почитувани присутни,особено ми е драго што веќе втора година ФФМ го поддржува фудбалскиот проект на училиштето Свети Наум Охридски и по втор пат сме покровители на Инклузивниот фудбалски турнир. Со овој проект се покажува дека фудбалот покрај спортскиот и натпреварувачкиот дел, служи и како интегративна алатка која го обогатува животот на нашите фудбалери.Ви посакувам да се гледаме почесто.” – за медиумите, преку ФФМА изјави Горанчо Костовски.
Официјална фотогалерија од ФФМ, од самиот настан:
Спорт
Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ
Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен турнир што се одржува во Босна и Херцеговина, така што нашите млади фудбалерки ќе одиграат три натпревари, а за противници ќе ги имаат селекциите на Словенија, Украина и домаќинот БиХ.
Првиот натпревар го играме против домаќинот на турнирот, селекцијата на БиХ. Во втората пресметка ќе се соочиме со Украина. Во последното коло играме против селекцијата на Словенија.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години Катерина Милеска, за развојниот турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Теа Сапунџиев Истатов
Евгенија Вењановска Скопје
ОДБРАНА:
Арба Мерко Ас Јунајтед
Јована Јованоска Цевитана
Андреа Коловска Љуботен
Искра Смилевска Скопје
Михаела Марковска Топ Гол
Теодора Јоновска Топ Гол
Ема Нановска Истатов
Лина Луканова Ас Јунајтед
СРЕДЕН РЕД:
Леонтина Пржолева Тиверија
Теона Галабовска Тиверија
Ева Величковска Љуботен
Блехана Алиевска Топ Гол
Теодора Настова Скопје
НАПАД:
Настасја Накова Скопје
Розита Пецева Тиверија
Уна Јосевска Скопје
Меланија Грозданова Скопје
Ана Марија Цветкова Лангус, Холандија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево23 часа
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево20 часа
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Култура2 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Хроника1 ден
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Спорт2 дена
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Магазин1 ден
Telegram наскоро ќе има повеќе од една милијарда корисници