Следете не

Македонија

НОВО! Со „Лукоил Клуб“ картички, збирај поени и претвори ги во гориво!

Објавено пред

на

📣 ЛУКОИЛ КЛУБ – програмата за лојалност е конечно тука и отворена за сите вас ❗

Стани дел од ЛУКОИЛ КЛУБ и започни да ги користиш сите бенефиции како лојален и верен потрошувач на услугите на реномираните Лукоил бензински станици.

Симни ја апликацијата на PlayStore „Lukoil Club Macedonua“ или аплицирај за ЛУКОИЛ КЛУБ картичка на било која ЛУКОИЛ бензинска станица и започни да собираш поени со секое полнење гориво и купување производи од маркет.

Само на бензинските на ЛУКОИЛ, поените може да ги претвориш во гориво, да купуваш во нашите маркети и да добиеш многубројни акциски поволности.

Ова се сите важни информации околу клуб картичките:

1 Општи информации
Што претставува програмата ЛУКОИЛ КЛУБ?
Со цел да им обезбеди дополнителни погодности и предности на своите лојални клиенти, ЛУКОИЛ Македонија воведе Програма за лојални потрошувачи. Со Програмата преку издавање ЛУКОИЛ КЛУБ картичка и/или инсталирање мобилна апликација – виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка, ЛУКОИЛ Македонија ја наградува лојалноста на потрошувачите. Корисниците на ЛУКОИЛ КЛУБ картичките собираат поени за секој наполнет литар гориво на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија, како и за секој дополнителен производ купен на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија. Поените може да се искористат со приложување на ЛУКОИЛ КЛУБ картичките за купување на дополнителен асортиман или гориво.
2 Правила и услови за користење на картичките
Правилата и условите за членство во Програмата за лојалност ЛУКОИЛ КЛУБ и користењето на картичките за лојалност ги вклучуваат условите за користење, како и сите други применливи услови, барања и ограничувања што произлегуваат од членството во Програмата. Правилата, заедно со кои било други применливи услови и правила што се поврзани со кои било промотивни понуди кои може да бидат испратени до членовите на Програмата, претставуваат составен дел од Договорот помеѓу членот на Програмата и ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје. Со зачленување во Програмата, и со нејзино користење, членовите ги прифаќаат правилата, условите, барањата и ограничувањата наведени во овие правила. Официјалните правилата на Програмата се достапни и на интернет-страницата www.lukoil.com.mkили на www.club.lukoil.com.mk.
Општи дефиниции
2.1 ЛУКОИЛ КЛУБ е програма во која учесниците имаат можност при купување гориво и дополнителен асортиман со ЛУКОИЛ КЛУБ картичките и/или инсталирање мобилна апликација – виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка да собираат поени и истите да ги користат при купување горива и дополнителен асортиман во мрежата на бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.
2.2 Организатор – ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.
2.3 Правилата значат договорни одредби со кои се регулирани условите, правилата и обврските кои произлегуваат од членството во Програмата за лојалност и истите претставуваат договорен однос помеѓу ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје и членот на Програмата за лојалност.
2.4 ЛУКОИЛ КЛУБ за лојалност значи програма за лојалност на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје, преку која членовите на Програмата за лојалност се стекнуваат со поени и со ексклузивни бенефиции согласно со правилата и условите за членство во Програмата за лојалност.
2.5 ЛУКОИЛ КЛУБ картичкa значи мобилна апликација (виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка) и/или персонална картичка која се издава на физички лица и истата е поврзана со сметката на членот на Програмата за лојалност на која се евидентираат купувањата на членот на Програмата за лојалност, стекнатите и искористените поени, како и други информации согласно со условите на Програмата. Сите останати картички издадени од ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје (на пример картички за правни лица), картички од партнерски банки, кобрендирани картички не учествуваат во Програмата на ЛУКОИЛ КЛУБ.
2.6 ЛУКОИЛ КЛУБ картичките може да се користат истовремено со платежна (банкарска) картичка за готовинско плаќање и при плаќање во готово (со кеш). ЛУКОИЛ КЛУБ не може да се користи доколку клиентот плаќа со корпоративните ЛУКОИЛ картички за правни лица.
2.7 ЛУКОИЛ КЛУБ е посебно дизајнирана интернет-страница www.lukoil.club.com.mk на која се наоѓаат сите официјални информации поврзани со правилата и со Програмата, а членовите на Програмата може да го користат за проверка на состојбата на сопствените сметки, за информации за тековни промоции, како и за други информации од Програмата.
2.8 Поен значи вредносна единица која се пресметува врз основа на реализираните купувања во согласност со правилата и со условите на Програмата.
2.9 Издавач и сопственик на картичките е ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст издавач), бул. „Партизански одреди“ бр. 18, 1000 Скопје, Северна Македонија.
2.10 Член на Програмата за лојалност и корисник на картичките е секое физичко лице кое:
· има наполнето најмалку 18 години,
· има целосно и правилно пополнета, потпишана и активирана пристапница за членство,
· се придржува кон правилата за користење,
· членството во Програмата не му е привремено или трајно прекинато од која било причина.
2.11 Продажно место се сите бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.
2.12 Комерцијални пораки се пораки кои содржат информации за актуелните промоции, производи и специјални понуди кои важат за бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија.
2.13 Пристапница е документ/образец што секој потенцијален корисник треба да ја пополни целосно и правилно. За регистрирање во ЛУКОИЛ КЛУБ, корисникот ја инсталира мобилната апликација и/или пополнува пристапница за ЛУКОИЛ КЛУБ картичка. Пристапницата за ЛУКОИЛ КЛУБ картичката се пополнува онлајн на www.club.lukoil.com.mk. „Правилата и условите“ претставуваат составен дел од пристапницата. Пополнетата онлајн пристапница или пополнетата пристапница од мобилна апликација, заедно со согласноста на корисникот дека е запознаен со „Правилата и условите“ на Програмата, претставуваат договор помеѓу корисникот и ЛУКОИЛ Македонија, и истата претставува доказ за склучување на таквиот договор.
2.14 Членство – Клиентот може да инсталира мобилна апликација и/или да поседува ЛУКОИЛ КЛУБ картичка. ЛУКОИЛ КЛУБ картичката може да ја додаде во мобилната апликација со внесување на 11-цифрениот број од картичката во мобилната апликација. ЛУКОИЛ КЛУБ картичка може да се добие со наточени горива во вредност од 1.000,00 денари. Услови за инсталирање мобилна апликација – виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка не се потребни, секое физичко лице кое поседува смарт уред може ја инсталира мобилната апликација – виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка.
2.15 Доколку клиентот не поседува мобилна апликација, поседува само ЛУКОИЛ КЛУБ картичка, потребно е да пополни онлајн пристапница на www.club.lukoil.com.mk.
3 Начин на користење ЛУКОИЛ КЛУБ (пристапување)
3.1 Во програмата ЛУКОИЛ КЛУБ се пристапува на следниве начини:
· Со пополнување и со потпишување на онлајн пристапница или со преземање на мобилната апликација,
· Виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка (мобилна апликација) без услови може да инсталира/регистрира секое физичко лице кое поседува смарт уред,
· ЛУКОИЛ КЛУБ картичката може да се подигне од продажните места на ЛУКОИЛ Македонија со наточени горива во вредност од минимум 1.000,00 денари,
· Картичката или виртуелната ЛУКОИЛ КЛУБ картичка станува активна во моментот кога ќе се регистрира корисникот,
· За користење ЛУКОИЛ КЛУБ картичка или виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка, корисникот мора да поседува кориснички број од македонски мобилен оператор,
· За активација на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката или виртуелната ЛУКОИЛ КЛУБ картичка, корисникот ќе добие СМС со 4-цифрен код кој е потребно да го вчита во пристапницата за да биде активен член во Програмата,
3.2 Пристапницата мора да биде целосно и правилно пополнета. Со пополнување на пристапницата, потенцијалниот корисник изјавува дека е информиран за Програмата и дека се согласува со правилата и со условите на Програмата.
3.3 Со прифаќање и пополнување на онлајн пристапницата, потенцијалниот корисник изјавува дека дадените податоци се веродостојни.
3.4 Издавачот, врз основа на податоците од пристапницата или други податоци, според лична проценка и со дискреционо право одлучува дали на потенцијалниот корисник ќе му издаде ЛУКОИЛ КЛУБ картичка и дали ќе го зачлени во Програмата, без обврска да ја образложува одлуката на кој било начин.
4 Стекнување поени
4.1 Секој корисник со активирана ЛУКОИЛ КЛУБ картичка или виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка (мобилна апликација) има право да стекнува поени за трансакциите направени на продажните места. Поени се стекнуваат така што пред купувањето корисникот најавува дека сака да му бидат впишани поени, а при плаќањето корисникот ја приложува ЛУКОИЛ КЛУБ картичката или виртуелната ЛУКОИЛ КЛУБ картичка (мобилна апликација), за да му ги впишат стекнатите поени за таа трансакција.
4.2 При впишувањето поени, корисникот е должен лично да ја приложи својата картичка или виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка (мобилна апликација) за да се евидентира купувањето.
4.3 Собраните поени од секое едно купување ќе може да се користат, односно ќе бидат активни за користење при следното купување.
4.4 Стекнатите поени за секоја трансакција се појавуваат на личната сметка на корисникот веднаш или со одредено доцнење доколку постојат евентуални технички проблеми на продажното место.
4.5 Во мобилната апликација може да се додадат 4 картички (круг на пријатели), каде што ќе постои можност за споделување на поените.
4.6 Целосна информација за тоа за кои производи и под кои услови корисникот има право на поени, како и табелата за пресметување и стекнување поени е достапна на www.club.lukoil.com.mk.
4.7 Доколку, во согласност со законските прописи, корисникот врати одреден производ, а за истиот биле впишани поени на неговата лична сметка, истите ќе бидат сторнирани.
4.8 Организаторот има право да го промени бројот на поени кои се добиваат при секое купување за одредено гориво и за дополнителен асортиман. За сите промени што ќе ги направи, ќе издаде соопштение за учесниците на веб-сајтовите www.lukoil.com.mk и/или www.club.lukoil.commk.
4.9 Организаторот го задржува правото да додава дополнителни поени во рамките на промоции или други рекламни кампањи за стимулирање на продажбите на производите кои се нудат на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.
4.10 Организаторот го задржува правото да го промени асортиманот на предложените производи за кои може да се добијат поени.
4.11 Табела за собирање поени:
Период на промоција во рамките на програмата „ЛУКОИЛ КЛУБ“
ЕКТО-горива, горива и ТНГ-автоплин дополнителни бонус поени на картичките „ЛУКОИЛ КЛУБ“
Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 0 л до 4,99 л
0 поени
Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 5 л до 9,99 л
2 поени
Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 10 л до 14,99 л
4 поени
Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 15 л до 19,99 л
7 поени
Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 20 л до 24,99 л
10 поени
Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 25 л до 29,99 л
14 поени
Количина на купено гориво на 1 фискална сметка: од 30 л +
20 поени
ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН АСОРТИМАН 1 % ОД ПРОДАЖНАТА ВРЕДНОСТ СО ДДВ
(ПОЕНИ НЕ СЕ ДОБИВААТ ПРИ КУПУВАЊЕ ЦИГАРИ И ОСТАНАТИ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ, ЕЛЕКТРОНСКИ И ХАРТИЕНИ ВАУЧЕРИ ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН)
5 Увид во состојба
5.1 Корисниците може да направат увид во состојбата на поените преку интернет-страницата www.club.lukoil.com.mkили преку контактирање на нашата служба за лојални купувачи.
5.2 Корисникот може да направи измена на податоците дадени во пристапницата, сам преку мобилната апликација или преку контактирање на нашата служба за лојални корисници.
5.3 Корисниците ќе можат редовно да ја проверуваат тековната состојба на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката на мобилната апликација или на www.club.lukoil.com.mk на својот профил.
6 Користење поени
6.1 Стекнатите поени имаат номинална вредност за размена еднаква на 1 денар за секој стекнат поен. (100 поени = 100,00 ден.)
6.2 Стекнатите поени од дополнителен асортиман се добиваат со минимална продажба на дополнителен асортиман од најмалку 200,00 денари со ДДВ (на пр. доколку вкупниот износ на артиклите од дополнителен асортиман на една сметка е во износ од 258,00 денари се добиваат 3 поени, поради заокружувањето на првата децимална единица за > 0,5 = 1. Доколку сметката е во износ од 238,00 денари се добиваат 2 поени, поради заокружувањето на првата децимална единица за < 0,49 = 0).
6.3 Поените од својата лична сметка може да ги користат само корисниците на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката или да ги предадат на друга картичка во круг на пријатели.
6.4 Доколку клиентот има стекнато поени од производ и истиот сака да го врати (сторнира), се одземаат поени во висина од 1 % од вредноста на производот, со истата логика при стекнување на поените, односно, доколку вредноста од пресметаниот производ е помала од 0,49 се заокружува на помалата вредност и обратно, доколку вредноста на производот е поголема од 0,5 се заокружува на поголемата вредност.
6.5 Целосна информација за тоа за кои производи и под кои услови корисникот има право да ги користи стекнатите поени е достапна на www.club.lukoil.com.mk.
6.6 Поените се користат така што при плаќање, корисникот однапред го информира вработениот на продажното место дека ќе ги користи стекнатите поени при плаќањето.
6.7 Корисникот ја приложува неговата ЛУКОИЛ КЛУБ картичка или мобилна апликација и потврдува дека плаќа со поени. Личната сметка на корисникот при таа продажба се намалува за онолкав износ колку што корисникот користи поени, пропорционално за сите производи за кои може да се плати со поени.
6.8 При појава на прашања поврзани со добивање прецизни информации за добивање и користење на поените, учесникот има право да направи рекламација до организаторот преку електронската пошта [email protected]. Во овој мејл, учесникот треба да ги даде следните податоци: име и презиме, број на ЛУКОИЛ КЛУБ картичка, копија од фискална сметка со собрани поени. Со испраќање рекламација, учесникот дава согласност да добие одговор на електронската пошта од каде е испратена рекламацијата.
6.9 Собраните поени се валидни до 23:59 часот на 31 декември. По овој момент, собраните поени се анулираат. По стартување на нова тековна година, организаторот го задржува правото да ги менува или анулира условите на важење на Програмата. За сите промени што ќе ги направи, ќе издаде соопштение за учесниците на веб-сајтовите www.lukoil.com.mkи/или www.club.lukoil.com.mk
6.10 Во случај на поврат на купени производи (предвидени со Законот за заштита на потрошувачи), искористените поени за купувањето се враќаат службено на картичката на клиентот. Организаторот го задржува правото да го откаже правото на учесникот да му ги врати поените на картичката доколку во моментот на некои објекти има технички проблеми. Учесникот има право да ги користи собраните поени на секоја бензинска станица во рамки на Програмата.
6.11 Поените не може да се заменат за готовина.
7 Ограничувања
7.1 Во програмата ЛУКОИЛ КЛУБ, поени не може да се стекнат со купување цигари, ваучери за мобилен.
7.2 Поени не може да се стекнат при плаќање со други картички издадени од ЛУКОИЛ Македонија со посебни договори или со други постоечки партнерски програми.
7.3 Поените не може да се заменат за готовина.
7.4 Поените не може да се подарат, да се префрлат, или на друг начин да се направат достапни за кое било друго лице, освен за носителот на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката, виртуелната ЛУКОИЛ КЛУБ картичка или картичките кои се во круг на пријатели.
7.5 Клуб картичката во текот на 24 h може да се користи само за 4 фискални сметки (трансакции).
8 Дополнителни информации
Информации и начин на комуникација (податоци за комуникација)
· Бул. „Партизански одреди“ бр. 18 Скопје
· Тел: 50 18 000
· Интернет-страница: www.lukoil.com.mk
· Интернет-страница на Програмата: www.club.lukoil.com.mk
· Е-пошта: [email protected]
За официјален начин на комуникација во Програмата ЛУКОИЛ КЛУБ ќе се смета комуникацијата по писмен пат или по електронска пошта.
Корисникот одговара за точноста на податоците на сопствената ЛУКОИЛ КЛУБ пристапница, и е должен да го извести ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА за секоја промена на информациите, односно да ги ажурира истите на начин утврден во овие правила.
Времетраење на условите на Програмата: Наведените услови на Програмата стапуваат на сила од 1.6.2020.
Неискористените поени се анулираат на крајот на тековната година.
9 Издавање картички
Единствен овластен издавач на ЛУКОИЛ КЛУБ картичките е ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.
10 Прифаќање на условите за користење
10.1 Со пристапувањето во ЛУКОИЛ КЛУБ Програмата за лојалност, корисниците изречно и неотповикливо изјавуваат дека се запознаени и дека се согласуваат со условите за користење на истите и дека се информирани и преземаат целосно одговорност за секое непочитување на правилата.
10.2 Организаторот има ексклузивни права да управува со развојот на Програмата и има право да ја измени и дополни листата на бензински станици кои се вклучени во Програмата.
10.3 Организаторот има дискреционо право во секое време да ја прекине Програмата на еден или на сите свои објекти, како и да внесува промени во условите на Програмата (правила за пресметување на вредноста на бонус поените, вклучување или исклучување на производи и услуги за кои се добиваат или не се добиваат бонус поени, одредување специјални цени итн.). За сите промени што ќе ги направи, ќе издаде соопштение за учесниците на веб-сајтовите www.lukoil.com.mk и/или www.club.lukoil.com.mk.
10.4 Во врска со горенаведеното, организаторот не им должи никаков надомест на учесниците во Програмата за лојалност (исплата на паричен износ кој претставува еквивалент на собраните бонус поени). Ова правило се применува и при еднострано бришење на акумулираните поени кои учесникот не ги искористил заклучно со 23:59 часот до 31 декември во тековната година.
10.5 Организаторот го задржува правото да му даде писмен одговор на учесникот по спорните прашања во рамките на 30 дена од датумот на добивање на рекламацијата од страна на учесникот, преку контакт-центарот или преку електронска пошта.
10.6 Заради обезбедување услуги во рамките на Програмата, организаторот има право да ангажира трети лица, кои ќе помогнат при усогласување на правилата на Програмата. Со овие лица организаторот ќе потпише договор со клаузула за доверливост.
10.7 Организаторот има обврска да води строга контрола за пресметување, користење и собирање на бонус поените за времетраењето на Програмата.
11 Губење или злоупотреба на картичките
11.1 Во случај ЛУКОИЛ КЛУБ картичката да биде загубена и со цел да се избегне неавторизирано користење на бонус поените, учесникот треба да се јави на бројот на нашата служба за лојални корисници во најкраток рок (e-пошта: [email protected]и тел: 50 18 000) и да ја пријави картичката како загубена или украдена.
11.2 По блокирање и анулирање на изгубената/украдената картичка ЛУКОИЛ КЛУБ од страна на организаторот, учесникот има право соодветно со правилата и условите на Програмата, да регистрира и активира друга картичка. Собраните бонус поени од украдената/изгубената картичка, се префрлаат на новата картичка.
11.3 Евентуалната штета направена до моментот на пријавување на губењето на картичката паѓа на товар на корисникот.
11.4 Издавачот ќе направи сè што е во негова моќ да издаде нова картичка во случај на губење на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката во најкус можен рок.
11.5 Доколку најдете ЛУКОИЛ КЛУБ картичка, Ве молиме да ја пријавите на нашата служба за лојални корисници, или да ја оставите на некое од продажните места на ЛУКОИЛ Македонија.
11.6 Корисникот на картичката е одговорен за одржување на картичката во добра состојба.
11.7 Неовластеното користење, умножување и дистрибуција на картичката е кривично дело и се казнува според закон.
11.8 ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје не презема одговорност за евентуални неавторизирани дејствија со загубена/украдена ЛУКОИЛ КЛУБ картичка од страна на трети лица, која не е уредно пријавена од страна на носителот на картичката.
12 Престанок на членството
Корисникот може да престане да учествува во програмата ЛУКОИЛ КЛУБ на сопствено барање или може да биде еднострано исклучен од ЛУКОИЛ КЛУБ Програмата за лојалност од страна на издавачот доколку не се придржува до правилата за користење.
На корисникот автоматски му се деактивира ЛУКОИЛ КЛУБ картичката после период од некористење од 6 месеци и со тоа се бришат личните податоци на клиентот од пристапницата.
13 Измена на условите и правилата
13.1 Издавачот има право еднострано да ги смени правилата и условите за програмата ЛУКОИЛ КЛУБ без согласност на корисникот, објавувајќи ги новите услови на www.lukoil.com.mk и/или www.club.lukoil.com.mk
13.2 Издавачот има дискреционо право да не му издаде картичка на секој потенцијален корисник, без обврска да го образложува тоа, како и привремено или трајно да му ја блокира или да му ја одземе ЛУКОИЛ КЛУБ картичката.
13.3 Издавачот има дискреционо право на секој корисник привремено или трајно да одбие да му впише поени, да му забрани пристап до поените, или да одбие користење на поените без објаснување.
14 Престанок на ЛУКОИЛ КЛУБ Програмата
Издавачот го задржува правото да ја прекине програмата ЛУКОИЛ КЛУБ за лојалност со претходно известување на веб-портал.
15 Политика за приватност и заштита на лични податоци
15.1 Сите информации добиени од членовите на Програмата, вклучувајќи ги и нивните лични податоци, ќе бидат третирани согласно со интерните правила на издавачот за заштита на лични податоци и соодветните прописи кои се во важност во Република Северна Македонија.
15.2 Со прифаќање на условите на Програмата, членовите на Програмата може да изберат дали издавачот да ги користи нивните лични податоци за директен (SMS и/или e-mail) маркетинг, а во согласност со законите во Република Северна Македонија.
15.3 Со прифаќање на овие правила, членот на Програмата се согласува неговите лични податоци да бидат регистрирани, зачувани и обработувани согласно со прописите во Република Северна Македонија и со интерните правила на издавачот.
16 Кои лични податоци ги собираме?
За користење на персонализирана ЛУКОИЛ КЛУБ картичка се процесираат следните податоци:
· Име и презиме, задолжително поле за регистрација на клиентот (персонализирање на ЛУКОИЛ КЛУБ картичката или виртуелна ЛУКОИЛ КЛУБ картичка)
· Општина, место на живеење, опционално поле за регистрација на клиентот (со цел известување на клиентот за евентуални промоции, бонус поени на бензинските станици во областа во која живее)
· Мобилен телефон, задолжително поле за регистрација на клиентот (субјектот добива СМС-код за регистрација)
· Датум на раѓање, опционално поле за регистрација на клиентот (за евентуални промоции, награди, доделување бонус поени на денот на раѓање на клиентот)
Доколку субјектот сака да добива информации за акциите и промоциите на бензинските станици како и известување околу стекнување дополнителни бонус поени), потребно е да ги достави следните податоци:
· мобилен телефон (задолжително поле при регистрација) или e-адреса опционално
Личните податоци субјектот може да ги повлече, односно избрише со деактивирање на профилот од мобилната апликација или деактивирање на профилот на веб-страницата.
16.1 За кои цели?
Личните податоци ги обработуваме со цел на своите лојални потрошувачи да им овозможиме користење на ЛУКОИЛ КЛУБ картичките, со кои ќе имаат одредени погодности и предности при купувањето.
Личните податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на собраните лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци.
16.2 Рок на чување на податоците
Личните податоци се чуваат сè додека субјектот на личните податоци не ја повлече согласноста или се чуваат во форма која овозможува идентификација на субјектите на лични податоци, не она што е потребно за целите кои се обработуваат личните податоци или согласно член 9 став (1) алинеја 5 од Законот за заштита на лични податоци. Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење едноставни средства да ја повлече дадената согласност со деактивација на мобилната апликлација или деактивација на согласноста на веб-страницата согласно член 96, а во врска со член 11 од Законот за заштита на лични податоци.
16.3 Обработка на личните податоци
Обработката на личните податоци може да се врши:
· По претходно прифатена електронска согласност на субјектот на лични податоци;
· За цели на директен маркетинг, само доколку е дадена дополнителна согласност за обработка на личните податоци;
Личните податоци на субјектот ќе бидат избришани доколку поради некои причини Програмата престане или заврши;
Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства (еден до два клика во делот на својот профил) да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци на мобилната апликација или на веб-страницата.
16.4 Обврска за тајност и заштита на личните податоци
· Личните податоци кои се обработуваат се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и од неавторизиран пристап. Единствено авторизираните вработени имаат пристап кон овие информации.
· Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат.
· Заради спречување неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.
· За сите податоци и документи во ЛУКОИЛ задолжително се применуваат техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци. ЛУКОИЛ применува технички и организациски мерки кои се категоризирани на основно, средно и високо ниво за заштита на личните податоци кои се обработуваат во хартиена форма, како и преку внатрешниот информатички систем.
Видови категории на информациони ресурси (s; c; p):
· тајни информации – код за класификација: s
· доверливи информации – код за класификација: c
· јавна информација – код за класификација: p
Документација за технички и организациски мерки:
Системот за технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во ЛУКОИЛ се базира на следните интерни акти:
· Правилник за обезбедување на информационата безбедност во ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје;
· ИТ-план за континуитет на бизнисот во случај на катастрофа;
· Правилник за начинот на вршење видеонадзор во ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје;
· Правилник за дигиталните сертификати за работа во надворешен систем за вработени лица во ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје;
· Годишен план за извршување ревизија и процедура за техничко услужување во ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје.
Вработените и ангажираните лица во ЛУКОИЛ се должни секој во рамките на своите работни задачи да ги почитуваат и применуваат овие интерни акти.
Вработеното лице кое ги врши работите за човечки ресурси се грижи за уредноста на потпишана и складирана документација за секое вработено лице во сопственото досие, вклучително и изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци преку системите за обработка на податоци во ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје, како и овластување за вршење обработка на лични податоци.
16.5 Откривање на вашите податоци
ЛУКОИЛ Македонија не ги продава, разменува или изнајмува податоците на субјектот на лични податоци на други субјекти, освен во следниве ситуации:
Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштита на личните податоци како и останатата важечка регулатива.
16.6 Чување на вашите лични податоци
Со цел максимална безбедност на личните податоци кои се обработуваат ЛУКОИЛ Македонија ги презема сите можни чекори на заштита. Се користат повеќе безбедносни технологии и процедури кои придонесуваат за заштита на личните податоци од неавторизиран пристап, користење или откривање на истите.
Вработените во ЛУКОИЛ Македонија се запознаени со сите законски и безбедносни правила кои се однесуваат на заштитата на лични податоци и се обврзани да се однесуваат согласно истите.
Сите лични податоци кои ни ги доставуваат субјектите на лични податоци, се чуваат на сервери до кои има строго дефинирани и ограничени правила за пристап и истите се лоцирани во безбедносни зони.
16.7 Права на субјектот на лични информации да биде информиран
Субјектот на лични податоци има право од контролорот да побара информација дали се врши обработка на неговите лични податоци;
Кои се целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци:
· Увид во податоците, како и дополнувања, измени, бришење или запирање на понатамошна обработка.
· Субјектот на лични податоци може да се обрати на офицерот за заштита на личните податоци во ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА, или по електронски пат на [email protected]. Офицерот за заштита на лични податоци постапува согласно внатрешните прописи со цел правата на субјектот на лични податоци да бидат остварени на едноставен, брз и ефикасен начин без да се предизвика непотребно одложување или трошоци. Контролорот се обврзува, субјектот на лични податоци да добие одговор на барањето во рок од 30 дена од денот на прием на барањето.
· Доколку субјектот на лични податоци не е задоволен од одговорот и од информациите дадени од офицерот за заштита на личните податоци на ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА и доколку смета дека неговите права се повредени, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци до Дирекцијата за заштита на личните податоци.
· Кога офицерот одговорил на барањето на субјектот на лични податоци, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеца од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.
17 Судска надлежност
Корисникот и издавачот ќе се обидат да ги решат сите спорни прашања спогодбено, а доколку тоа не е можно, Основен суд Скопје ќе биде надлежен суд.

Македонија

Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред

Објавено пред

на

Летното сметање на времето во 2024 година започнува викендов, односно на 31 март (недела) во 02:00 часот по полноќ, така што со поместување за еден час нанапред во 02:00 часот, се смета како 03:00 часот.

– Летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 03:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03:00 часот, се смета како 02:00 часот.

Одлуката на Владата за воведувањето летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето и согласно европски директиви. Инаку Владата, на предлог на Министерството за економија, вчера на седница донесе Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2024 година.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од среда целосно затворање на делница Прилеп – Битола државен пат „P1101“

Објавено пред

на

Илустрација

Времена измена на режим на сообраќај на државен пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект „Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола“ и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата, истакна АМСМ.

Прочитај повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) Ноќва превој „Стража“ под снежна бура, апел за поголемо внимание додека минувате

Објавено пред

на

porta.mk

Предмалку до нашиот портал пристигна видео од превој „Стража“ каде се забележува дека паѓа снег и се задржува на коловозот.

Имено состојбата моментално може да се карактеризира како алармантна со оглед на тоа дека законот за поседување зимски гуми и опрема заврши, така што апелираме за поголемо внимание додека преминувате преку овој превој.

До сега немаме дополнителни информации како се останатите превои каде често знае снегот да изненади и на пролет.

Исто така се забележани екипи на ЈП Македонија Пат кои работат активно на терен, така што се очекува овој снежен бран кратко да не создава дополнителни проблеми за движење.

Имајте безбеден пат, возете почитувајќи ги патните сообраќајни знаци и услови на патот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп14 минути

Хороскоп за петок (29 март)

ОВЕН Прилично сте дипломатични и на шармантен начин ги постигнувате деловните цели. Обожавате се кај партнерто и имате чувство дека...

Спорт45 минути

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 на почетокот од месец април ќе земе учество на меѓународен турнир „Истра Куп 2024“ во Хрватска

Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1. до 7. април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир...

Спорт1 час

Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за полуфиналете во рамките...

Кичево4 часа

Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!

На ден 05.04.2024 петок со почеток од 19:00 фолклорниот оддел на Државното Музичко училиште од Струга ќе одржи хуманитарен концерт...

Кичево10 часа

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин11 часа

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин11 часа

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево1 ден

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

Lifestyle1 ден

Дали знаете што значи WC?

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет? Иако е вообичаена глетка...

НАЈЧИТАНИ