Случувања
Вечерва Скопје: По расправија меѓу братучеди, додека ги делела, едниот со нож ја усмртил жената

Скопјанка била убиена вечерва во скопската населба Шуто Оризари, објави 24 Инфо.
Според извори од истрагата, убиството се случило околу 22.30 часот. Жената (31) настрадала во тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив.
Едниот заминал и се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои. При тоа во гужвата налетала на ножот и загинала на самото место. По убиството интервенирала полицијата и ги привела братучедите.
Од МВР го потврдија убиството.
Според полицијата, две лица се приведени. Повеќе детали најавуваат за утре.
Свет
Уште една жена загинала како последица на напад од ајкула во јужна Хургада

Египетското Министерство за заштита на животната средина денеска соопшти дека уште една жена загинала како последица на напад на ајкула во регионот Сахел Хашиш, јужно од Хургада.
Египетската министерка за заштита на животната средина Јасмин Фуад на својот Фејсбук профил упати сочувство до семејствата на двете жртви и изјави дека биле нападнати од ајкули додека пливале и дека властите формирале специјални тимови за собирање на сите информации поврзани со до нападот.
Се наведува дека ќе се спроведат и истраги за да се испита зошто ајкулите биле агресивни.
Два извори за Ројтерс изјавиле дека телото на романска туристка било откриено неколку часа откако Австријка (68) била убиена во напад на ајкула и дека нападите биле на 600 метри еден од друг.
Поради нападите од ајкула, локалните власти на провинцијата Црвено Море три дена го забранија пристапот до брегот, односно сите поморски активности, вклучително и нуркање, сурфање на ветер и китинг, како и приближување на рибарски чамци.
Mısır tatil beldesi Sahl Hasheesh bölgesinde köpek balıkları turiste saldırdı. Hastaneye kaldırılan kişi öldü. Son 2 hafta boyunca köpek balıkları sahil kesimlerine yuva yapmaya başladı. Bir çok sahil kesimlerinde çok sayıda köpek balığı sürüsü görülmeye başlandı#Planetx #nibiru pic.twitter.com/ftKkn03pD3
— Reptilian Planet (@reptilianplanet) July 1, 2022
Кичево
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник

Вчера на 02.07.2022 година во 22:50 часот, во ОВР Кичево пријавена е физичка пресметка на улицата „Веле Змејкоски“ во Кичево, помеѓу две малолетни деца.
Притоа, едното се здобило со повреди и било пренесено во болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Истиот ден на 02.07.2022 година во 19:30 часот, С.К.(51) од Кичево, во полициска станица пријави дека, на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Временска прогноза
Многу топло цела седмица, додека во попладневните часови ќе има активна дестабилизација

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица продолжува периодот на многу топло и сончево време. Сепак, во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на краткотрајно невреме.
Температурите ќе се движат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели ќе се искачат и до 40 степени.
УВ-индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па токму поради ова препорачуваме да се заштитувате – за Еспресо вели Славчо Попоски и напоменува дека поради релативно високата влажност во воздухот, во следниот период температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.
-
Кичево1 ден
Се бара 52-годишник од кичевско, скоро една недела го нема
-
Кичево11 часа
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Кичево1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (3 јули)
-
Кичево8 часа
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хроника1 ден
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро
-
Хороскоп18 минути
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Македонија1 ден
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места