Македонија Случувања

Обид за убиство врз 42-годишен жител на Кичевско

Триесетгодишниот М.Д. од Горно Строгомиште, Кичевско со нож му нанел повреди на А.А. (42) од село Зајас, Кичевско по што сам се пријавил во полиција и го признал делото.

Како што соопшти денеска МВР, вчера во 10:05 часот во Полициската станица Тетово, од Клиничката болница Тетово било пријавено дека е донесен А.А. (42) од Зајас, Кичевско со повреди нанесени од остар предмет во пределот на левото рамо и во левата надколеница. Од извршениот разговор со А.А. било утврдено дека повредите со нож му ги нанел М.Д.

Како причина за делото тој ја навел здраствената состојба на неговата сестра Р.А. (сопруга на А.А.), која била на лекување на интензивна нега. Во моменти на психичка растроеност, сметајки дека А.А. е виновник за нејзината состојба, со ножот му задал два удари, по што избегал од местото на настанот.

СВР Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување и документирање на настанот, кој од страна на јавен обвинител е квалификуван како кривично дело „убиство во обид“.

Info: Skopje24.mk

Leave a Comment