Времето ќе биде променливо облачно и топло со слаб до умерен западен до северозападен ветер.

Претпладне ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд, засилување на ветерот и појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12 степени, а дневната од 15 до 25 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 8 степени, а дневна до 24 степени.