Времето во Република Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Пообилни врнежи на повеќе места ќе има во вечерните и ноќните часови.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната 10 до 18 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 17 степени.

И во среда ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд и со повремено засилен југоисточен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во источните делови. На места ќе наврнат над 30 л/м2 дожд. Локален дожд ќе има и во четврток.