Временска прогноза Случувања

Денес облачно со сончеви периоди,температура до 34 степени

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

УВ индексот ќе изнесува седум, минималните температури од 14 до 22, а дневната највисока температура ќе се движи во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Кичево ќе биде скоро идентично како и во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Температурите од 20 до 33 степени.