Следете не

Македонија

Од денес започнува уписот на првачињата

Avatar

Објавено пред

на

Во период од денес, 1 јуни, до 30 јуни, во основните училишта во земјава ќе се запишуваат ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година откако роковите за упис со уредба на Владата беа одложени за еден месец поради заштита од заразата со ковид-19.

Наместо во мај, како што е утврдено во Законот за основно образование, оваа година уписите се во јуни и родителите ќе имаат на располагање еден месец да ги запишат децата во основните училишта, а тие до 15 јули треба да ги објават резултатите.

Владата во петокот на седница усвои протокол за спроведување на уписот на првачињата со утврдени мерки за заштита на јавното здравје и спречување да се шири коронавирусот.

Според протоколот, уписот се спроведува во термин утврден од Комисија за запишување ученици формирана од директорот на училиштето. Треба да има пауза од најмалку 20 минути помеѓу термините за разговор на членовите на комисијата со секое дете. Во паузите се забранува групирање на присутните во училиштето.

Во просторијата за разговор може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од неговите родители/старатели. Најмалку два метра оддалеченост треба да има меѓу присутните, возрасните лица да носат заштитни маски и ракавици, а по секој разговор просторијата треба да се дезинфицира.

На влезот од училиштата задолжително треба да има средство за дезинфекција на обувките и рацете, како и поставени едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки.

Извор: Taratur.com

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Македонија

До сега вкупно 7124 македонци се заразени од Ковид-19, бројката во Кичево достигна 48, по градови дистрибуцијата изгледа вака

Avatar

Објавено пред

на

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

-Скопје 3422, активни 1960, Куманово 801, активни 194, Дебар 110, активни 58, Штип 390, активни 157, Прилеп 281, активни 51, Тетово 775, активни 391, Струга 268, активни 169, Велес 196, активни 42
Битола 62, активни 23, Охрид 205, активни 176, Кавадарци 21, активни 15, Гостивар 161, активни 93, Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци).

Струмица 17, активни 9, Крива Паланка 17, активни 11, Радовиш 4, активни 0, Крушево 7, активни 3, Кочани 75, активни 22, Пробиштип 29, активни 18, Демир Хисар 2, активни 1, Македонски Брод 6, активни 4, Пехчево 6, активни 3, Берово 3, активни 0.

Валандово 6, активни 2, Виница 4, активни 1, Делчево 1, активни 0, Кратово 5, активни 2, Свети Николе 47, активни 42, Кичево 48, активни 39, Ресен 122, активни 85, Неготино 21, активни 5 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Извор: Курир.мк

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Македонија

Денес 78 нови случаи на заболени од Ковид-19

Avatar

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 26
-Куманово 4
-Дебар 1
-Штип 17
-Тетово 9
-Струга 3
-Битола 1
-Охрид 1
-Гостивар 5
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Пробиштип-3,
-Виница 1
-Свети Николе 5

Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од:

-Скопје 72
-Куманово 53
-Штип 20
-Прилеп 4
-Тетово 10
-Велес 1
-Гостивар 5
-Пробиштип 2
-Ресен 4
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) Шило Магазин од Охрид: Во стара чаршија, ни маска носат, ни бутур

Avatar

Објавено пред

на

Колегите од Шило Магазин се вклучија во Живо од Старата Чаршија од Охрид..

Според видеото кое го постираа јасно се гледа максимално не почитување на препораката за носење заштитки маски од Корона вирусот кој и веќе го зема поголемиот удар во земјава и Охрид.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КултураПред 4 часа

Денес е „Иванден“ денот на раѓањето на Св. Јован Крстител, за многу години!

Иванден е еден од големите христијански празници од летниот циклус каде се слави раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител...

ХороскопПред 5 часа

Хороскоп за денес (07.07) вторник

ОВЕН Ви се укажува нова можност на работно поле која може да биде добра за вас. Во периодот кој ви...

МакедонијаПред 12 часа

До сега вкупно 7124 македонци се заразени од Ковид-19, бројката во Кичево достигна 48, по градови дистрибуцијата изгледа вака

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199,...

МагазинПред 12 часа

(ВИДЕО) Фчерашни Новости: Колку е тешко да се избере вистинскиот кандидат!? 

Во последната последна епизода на „Фчерашни Новости“, за ова последно лето од 2020 година, решивме да посветиме малку време и...

МакедонијаПред 14 часа

Денес 78 нови случаи на заболени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 26 -Куманово...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (06.07) понеделник

Овен Чувствувате дека дел од колачот, кој ви припаѓа не го добивате во вистинска смисла на зборот. Морате да бидете...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Имате грчеви на нозете преку ноќ, еве начин како да ги спречите

Ноќните грчеви во нозете може да ве разбудат од сон со остра болка среде ноќ, а некогаш се јавуваат додека...

МакедонијаПред 1 ден

(ВИДЕО) Шило Магазин од Охрид: Во стара чаршија, ни маска носат, ни бутур

Колегите од Шило Магазин се вклучија во Живо од Старата Чаршија од Охрид.. Според видеото кое го постираа јасно се...

СкопјеПред 2 дена

Вашата омилена урбана Зона М1 мрежа со вашите музички желби

Убав ден со Зона М1 и вашите музички желби преку смс 141344 од овој момент во следните неколку часа, а ги...

МакедонијаПред 2 дена

Ковид-19 не запира: Денес 115 новозаразени од кој 4 од Кичево

Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19. – Скопје 53 –...

НАЈЧИТАНИ