Следете не

Македонија

Од ноќеска цената на дизелот се намалува, останатите горива остануваат непроменети

Објавено пред

на

Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,10 отсто

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 0,5 денари за литар и ќе изнесува 52 денари. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, и остануваат 61 денар за ЕУРОСУПЕР БС-95, 63 денари за ЕУРОСУПЕР БС-98 и 41,5 денари за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1).

Македонија

Ноќта помеѓу сабота и недела започнува зимското сметање на времето

Објавено пред

на

Ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) поголемиот дел од регионот ќе премине на зимско сметање на времето. Во три часот по полноќ, часовниците се враќаат еден час наназад, односно времето во три ќе се смета како два часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Европскиот парламент на 4 март 2019 изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно дека ова ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ.

Прочитај повеќе...

Македонија

Нови мерки во Македонија: Од 15.11. во локали само со 2 дози вакцина

Објавено пред

на

Од 15 ноември влез во угостителските објекти во Македонија ќе можат само за лица кои примиле две дози вакцина против коронавирус или го поминале Ковид-19 во последните 45 дена, одлучи владата на денешната седница.

Оваа мерка се однесува на сите видови отворени и затворени објекти, вклучително и бензински пумпи, казина и обложувалници, како и други објекти кои даваат угостителски услуги, објекти регистрирани за прослави, како и објекти каде се одржува каков било настан.

Меѓу новите мерки што ги донесе владата на денешната седница е и дозволата за работа на ноќни клубови и барови со капацитет од 50 отсто, јавува телевизија Телма.
Со новите правила се овозможува и организација и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, забави, свадби, родендени, прекршоци во затворени објекти со 50% зафатеност на просторот.

Извор: Nova
Фото: Unsplash

Прочитај повеќе...

Македонија

Денеска 511 нови случаи на Ковид, има и починати

Објавено пред

на

во последните 24 часа Направени се 3.622 тестирањe, а регистрирани се 511 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 247
• Куманово – 54
• Велес – 29
• Кочани – 21
• Битола – 20
• Тетово, Прилеп, Кавадарци и Штип – по 15
• Крива Паланка – 10
• Делчево – 9
• Гевгелија – 8
• Кичево – 7
• Неготино и Свети Николе – по 6
• Виница – 5
• Охрид и Богданци – по 4
• Струмица, Радовиш, Валандово и Кратово – по 3
• Ресен и Демир Хисар – по 2
• Гостивар, Берово, Пробиштип, Крушево и Македонкса Каменица – по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (82г,79г,64г и 51г), 2 починати лица од Куманово (81г и 49г) и по едно починато лице од Битола (71г), Велес (75г), Штип (67г) и Македонска Каменица (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 497 оздравени пациент од:
• Скопје – 255
• Куманово – 65
• Велес и Штип – 21
• Прилеп – 17
• Тетово – 14
• Струмица – 13
• Битола – 12
• Охрид – 10
• Кавадарци и Гевгелија – по 8
• Кичево и Пробиштип – по 7
• Струга и Кочани – по 6
• Радовиш и Македонска Каменица – по 5
• Крива Паланка и Виница – по 3
• Ресен, Кратово, Богданци и Дојран – 2
• Демир Хисар, Свети Николе и Дебар – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.369.624 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а бројот на активни случаи изнесува 6.191

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СпортПред 12 минути

Одбранетиот пенал на македонецот Димитријевски против Барселона, му ја запечати судбината на тренерот Куман

Барселона по поразот од „Рајо Ваљекано“ падна на деветтото место на табелата, по десет кола има само 15 освоени бода,...

КичевоПред 18 минути

Кичево: Времен прекин на електрична енергија, Бул. „Ослободување“, П.С. Кичево, 11-ти септември, „Надпашино“…

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес 28.10.2021 година – четврток, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во...

На денешен денПред 30 минути

На денешен ден: 28 октомври

1492.- Кристофор Коломбо ја открил Куба на своето прво патување преку Атлантикот и го прогласил за шпанско. 1628 – Кралските...

ХороскопПред 2 часа

Дневен Хороскоп (28 октомври) четврток

ОВЕН Вашата страст и ентузијазам денес ќе ја истакнат вашата креативност. Ова е одличен период за да започнете некое уметничко...

МакедонијаПред 8 часа

Ноќта помеѓу сабота и недела започнува зимското сметање на времето

Ноќта меѓу сабота (30 октомври) и недела (31 октомври) поголемиот дел од регионот ќе премине на зимско сметање на времето....

LifestyleПред 8 часа

🎵„La Casa“: Викендов „Скандал Састав“ и „Зоран Илиев“ во живо ќе бидат задолжени за вашето расположение

Викенд агенда на кичевските локали кои се во соработка со нас. Овој петок 29 ноември, забавите во „La Casa“ продолжуваат...

КичевоПред 11 часа

Кичево вчера: Удрен велосипедист + случен пожар на орман со електрични броила

На 26.10.2021 година во 18.30 часот, во полициската станица Кичево пријавено е дека на улицата „Арсо Војвода“ во Кичево, патничко...

МагазинПред 12 часа

Twitch го тестира копчето за премотување назад

Една од атракциите на Twitch е гледањето на работите во живо, но многумина од нас посакуваа да можеме повторно да...

СветПред 13 часа

Директор на Центарот „Гамалеја“: „Sputnik V“ е ефикасен против новата мутација на ковид

Руската спутник вакцина „Sputnik V“ штити од сите варијанти на корона вирусот, вклучувајќи го и новиот вид делта, изјави за...

Здравје и убавинаПред 13 часа

ОВА СЕ СИМПТОМИ ДЕКА ИМАТЕ ТРОМБ ВО ТЕЛОТО! Обрнете внимание – знаци кои не смеете да ги ИГНОРИРАТЕ

Згрутчување на крвта или тромб е нешто со кое треба да се биде многу внимателен, бидејќи може да го нападне...

НАЈЧИТАНИ