Временска прогноза
Од ноќеска нови врнежи од дожд, на планините снег, детали..
Денешниот ден ќе помине во знакот на сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, додека Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.
Потоа од утре следува период на променливо време со повремени врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално во следните денови се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 30 л/м2). На планините пак се очекува зголемување на веќе постоечката снежна покривка.
Исто така во следните денови ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, истиот повремено ќе засилува додека температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, нешто постудено време ќе имаме во понеделник кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.
Извор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
-
Кичево2 дена
Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (22 април)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Спорт2 дена
Голем ден за македонскиот билиард, кичевчанец помеѓу шампионите
-
Македонија24 часа
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Автомобили2 дена
„Toyota“ спрема нешто големо во автомобилизмот, еве за што станува збор..
-
Lifestyle1 ден
Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?
-
Магазин1 ден
Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука