Следете не

Временска прогноза

Од ноќеска нови врнежи од дожд, ова се најновите метео информации..

Avatar

Објавено пред

на

Во втората половина од претстојната ноќта од запад во нашата држава ќе навлезат нови врнежи од дожд кој поинтензивни ќе бидат на запад, во другите предели од државава врнежите ќе имаат локален карактер и ќе бидат послаби. Локално, особено на запад ќе има услови и за нестабилност проследена со грмежи.

Локално во западните предели ќе паднат нови над 10 л/м2 воден талог.

Променливото време ќе се задржи и утре, додека стабилизирање на времето ќе имаме од среда.

Утре ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, додека кон крајот на денот и во вечерните часови Долж Повардарието ветерот ќе биде од северен правец.

Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени, потоа во следните денови истите ќе бележат тенденција на постепен пораст додека релативно студено ќе биде наутро кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11 степени.

Извор: Славчо Попоски / Метеоаларм.мк

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Временска прогноза

Од ноќва влажен воздушен бран носи локални врнежи од дожд кои утре ќе бидат застапени на секаде, ова се најновите детали за времето..

Avatar

Објавено пред

на

Во втората половина од оваа ноќ од северозапад и запад ќе навлезе влажен воздушен бран кој ќе услови повремени локални врнежи од дожд, кој во текот на утрешниот ден локално ќе се прошират и во останатаите предели.

Локално утре ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена  со пороен дожд и грмежи, како и со засилување на ветерот. Локално врнежите ќе бидат со нешто поголем интензитет и ќе наврнат над 10 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, што значи ќе бидат пониски за разлика од денешните.

Потоа од понеделник повторно ќе имаме постабилно и релативно суво време, исклучок ќе биде среда кога ќе има повеќе облачност и услови за слаб локален дожд во јужните предели од државава.

Инфо: Славчо Попоски / Метеоаларм

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Релативно топло време и денес, утре најава за дожд и засилен ветер

Avatar

Објавено пред

на

До крајот на денов во државава времето ќе се задржи сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени во најтоплите предели од државава.

Во недела ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Локално ќе има услови за нестабилност проследена со појава на грмежи и наместа засилен ветер.

Максималните дневни температури на воздухот, во недела ќе бележат тенденција на незначителен пад и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

На самиот почеток од следната недела, односно во понеделник повторно ќе имаме релативно стабилно време и без врнежи.

Текст: Славчо Попоски

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Метеоаларм: Сончево и топло, но викендов можни врнежи од дожд

Avatar

Објавено пред

на

До крајот на денешниот ден, како и утре времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло преку ден со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Веќе во сабота облачноста ќе се зголемува а од недела ќе има повремен локален дожд, но некој интензивни врнежи барем засега не се очекуваат и врнежите ќе бидат од локален карактер (што значи нема да ги има насекаде).

Максималните дневни температури од недела ќе бележат тенденција на мал пад (за 3 до 4 степени) и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

/Славчо Попоски

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 2 часа

Нема град во нашата држава во кој нема активни случаи на Ковид-19, над 100 во Кичево, вкупно 7,408 случаи, ова е листата по градови..

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, заедно со бројката од потврдените 561 заразени вчера. По градови редоследнот...

ХороскопПред 3 часа

Денешен Хороскоп (26.10) понеделник

ОВЕН Денес ќе биде вообичаен ден. Бидете повнимателни во сообраќајот. Ќе добиете нова информација во врска со некој правен проблем....

МакедонијаПред 7 часа

Нови 561 случаи на Ковид-19, починати дури 22 лица

Во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 271...

СпортПред 14 часа

Хабиб Нурмагомедов: Победата беше сон на татко ми!

Тоа беше сонот на тато, што повеќе да ви кажам. Џастин и Конор ќе се борат во јануари, но не...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (25.10) недела

ОВЕН Денес ќе биде вообичаен ден. Бидете повнимателни во сообраќајот. Ќе добиете нова информација во врска со некој правен проблем....

Временска прогнозаПред 1 ден

Од ноќва влажен воздушен бран носи локални врнежи од дожд кои утре ќе бидат застапени на секаде, ова се најновите детали за времето..

Во втората половина од оваа ноќ од северозапад и запад ќе навлезе влажен воздушен бран кој ќе услови повремени локални...

МакедонијаПред 1 ден

Нови 404 случаи на Коронавирус, 14 починати, црниот биланс продолжува..

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 172...

ВидеоПред 1 ден

(ВИДЕО) Уште е хит видеото каде таткото со свирење пијано го заспива бебето

Сеуште е голем хит видео записот каде таткото го заспива своето синче со пијано музика, доколку не сте го погледнале,...

СлучувањаПред 2 дена

Почина Амди Бајрам

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Жалната вест ја потврдија од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат....

МакедонијаПред 2 дена

Рекордно непочитување за носење маски, МВР издаде 983 казни

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци. Министерството...

НАЈЧИТАНИ