Следете не

Македонија

Од ноќва ќе имаме продор на облачност која ќе услови со врнежи од дожд и снег дури и под 1000м надморска височина

Објавено пред

на

Почнувајќи од вечерните часови денес најпрвин во источните и во јужните предели, а во текот на ноќта и утре насекаде низ државава ќе има зголемување на облачноста и врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка таму и понатака ќе се зголемува. Во западните предели има услови снежната граница да се спушти и на надморска височина од под 1000 метри, со што услови за врнежи од снег ќе има и во некои населени места.

Локално врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат нови над 30 л/м2 воден талог, додека во југоисточните и источните предели повремено ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Исто така во овие предели ќе има услови и за ретка појава на грмежи.

За разлика од денес, утрешниот ден ќе биде нешто постуден со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени во најтоплите предели од државава.

Врнежливо ќе биде и во Скопскиот регион каде утре максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 8 степени.

Доста променливото време со чести врнежи од дожд и снег на планините ќе продолжи и во следните денови, кога повремено снежната граница има услови да се спушта и под 1000 метри, особено во западните предели со што, повремено услови за врнежи од снег ќе има и на повисоките населени места на запад. Снежната покривка на повисоките места и на планините ќе се зголемува.

Известува: Славчо Попоски / Метеоаларм

Македонија

Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка

Објавено пред

на

Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.

Прочитај повеќе...

Македонија

Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет

Објавено пред

на

На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.

Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин4 часа

iPhone 16 може да остане без физички копчиња

Претстојните телефони од серијата iPhone 16 на Apple би можеле целосно да ги заменат физичките копчиња, сугерираат најновите гласини Apple...

Магазин4 часа

Meta се затвора во Турција

Од 29 април Meta нема да биде достапна во Турција. Meta планира „привремено“ да се затвори во Турција од 29...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за вторник (23 април)

ОВЕН Само кога ќе помислите дека сте сфатиле сè, ќе откриете како се појави нешто ново. Слободно обрнете внимание на...

Македонија1 ден

Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle1 ден

Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?

Времето кога ја вклучувате машината за перење секогаш може да го искористите за извршување други задачи, но и за одмор....

Магазин1 ден

Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука

Иако го одложија воведувањето на промени кои нема да им се допаднат на корисниците, сепак на крајот нивниот потег доведе...

Автомобили1 ден

Tesla отпушта повеќе од 10 отсто од својата работна сила

Tesla отпушта илјадници вработени. Со цел да ги намали трошоците и да ја зголеми продуктивноста, Tesla отпушта илјадници работници. Според...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за понеделник (22 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Автомобили2 дена

„Toyota“ спрема нешто големо во автомобилизмот, еве за што станува збор..

Кога „Toyota“ подготвува нешто, секогаш е големо и го привлекува вниманието на целиот свет. Сега побара помош од две кинески...

Кичево2 дена

Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..

Веќе нешто повеќе од една година ултра популарниот „ATM Chiptuning Performance“, инаку светски позната тјунинг куќа која е синоним за...

НАЈЧИТАНИ