Следете не

Временска прогноза

Од ноќва влажен воздушен бран носи локални врнежи од дожд кои утре ќе бидат застапени на секаде, ова се најновите детали за времето..

Avatar

Објавено пред

на

Во втората половина од оваа ноќ од северозапад и запад ќе навлезе влажен воздушен бран кој ќе услови повремени локални врнежи од дожд, кој во текот на утрешниот ден локално ќе се прошират и во останатаите предели.

Локално утре ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена  со пороен дожд и грмежи, како и со засилување на ветерот. Локално врнежите ќе бидат со нешто поголем интензитет и ќе наврнат над 10 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен, што значи ќе бидат пониски за разлика од денешните.

Потоа од понеделник повторно ќе имаме постабилно и релативно суво време, исклучок ќе биде среда кога ќе има повеќе облачност и услови за слаб локален дожд во јужните предели од државава.

Инфо: Славчо Попоски / Метеоаларм

Временска прогноза

Продолжува период на топло време, со исклучок на денес каде локално ќе има облачност и краткотраен дожд

Avatar

Објавено пред

на

Продолжува периодот на претежно стабилно, суво и релативно топло време. Односно времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Повремено и локално ќе има нешто повеќе облачност а само денес ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретка појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југозападен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, додека во најтоплите предели истите во текот на следните денови ќе се искачат и до околу 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево, повремено со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 28 степени.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски: Пред нас доаѓа празничен и најтопол ден, утре температури и до 33°C во некој предели на државата

Avatar

Објавено пред

на

Утрешниот голем ден „ВЕЛИГДЕН“ всушност ќе биде и најтоплиот ден, односно максимумот од овој топол бран кој ја зафати нашата држава. Во најтоплите предели температурите ќе се искачат и над 30 степени, односно до околу 32, 33 степени – најавува познатиот метеоролог Славчо Попоски

Уживајте во празнична еуфорија почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид-19

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Сончево и стабилно време со високи температури за време на продолжениот викенд и „Велигден“

Avatar

Објавено пред

на

Денес, како и за време на продолжениот празничен викенд времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво, сончево и МНОГУ ТОПЛО за овој период од годината. Повремено и локално ќе има нешто позначителна облачност, додека само во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има услови за слаб локален дожд.

Повремено ќе дува умерен до засилен ветер од западен и од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во најтоплите предели истите има услови да се искачат и над 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО повремено со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 30 степени.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 53 минути

Дневен Хороскоп (7 мај) петок

ОВЕН Разговарајте со оние луѓе кои имаат искуство во нешто поврзано со инвестиции, медицина или право. Информациите што ги собирате...

МакедонијаПред 7 часа

Денешниот биланс регистриран е со 324 нови случаи на Ковид-19, додека 26 лица починале како последица од пандемијата

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а...

КичевоПред 10 часа

Изгаснат пожар на нискостеблеста вегетација кон с.Трапчин Дол – кичевско

Вчера на ден 05.05.2021 среда во 11 часот во полициското одделение Зајас, пријавен е пожар во шумски појас во атарот...

LifestyleПред 10 часа

Вселенско истражување: Ракетата Starship успешно слета по четири пробни лансирања

Чекор по чекор, SpaceX напредува во градењето на новата ракета Starship. Најновиот прототип на ракетата под сериски број 15 (SN15)...

СветПред 10 часа

ЕК: До октомври, три лекови против ковид-19

Европската комисија во средата ја објави стратегијата за развој на лекови против ковид-19 што предвидува одобрување на три лекови до...

ХроникаПред 11 часа

Уште еден музичар не успеа да ја изоди најважната битка, почивај во мир Гоце!

Денес не напушти уште еден член од музичкото и инструментално семејство, Гоце Талевски, еден од основачите на групата “Оскар” од...

СпортПред 12 часа

Репрезентација до 15 години: Пораз од Белорусија во првиот натпревар на меѓународниот турнир „Влатко Марковиќ“

Младата репрезентација на Македонија загуби од соодветната селекција на Белорусија во рамките на првиот меч од силниот меѓународен турнир за...

СпортПред 22 часа

Челзи и Манчестер Сити во големото финале, додека Хазард со неговото однесување ја разбрани јавноста од коментари

Фудбалерите на Челзи се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, а Еден Азар ги налути навивачите бидејќи се смееше...

На денешен денПред 22 часа

На денешен ден – 6 мај

1237 – Во манастирот Милешева се погребани моштите на Сава Немањиќ (Свети Сава), првиот српски архиепископ, кој почина на 27...

КултураПред 22 часа

Денеска се слави „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања

Православните верници денес го прославаат светецот Георгиј Победоносец, познат како „Ѓурѓовден“, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што...

НАЈЧИТАНИ