Временска прогноза
НАЈАВА за нов циклон: Од среда поинтензивни врнежи од снег низ цела држава
Од среда територијата на нашата држава ќе биде под влијание на длабокиот циклон ДАВИД кој ќе се формира некаде над Јадранското Море, овој циклон ќе услови нови врнежи од снег над целата територија на државава.
Врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ со што ќе дојде до позначително зголемување на снежната покривка и тоа некаде за 10 до 20 сантиметри на пониските места, понекаде и над 30 сантиметри додека пак на повисоките места и на планините истата ќе се зголеми дури и за 40 до 50 сантиметри, локално можно е и за повеќе.
На граѓаните а особено на возачите им препорачуваме да бидат крајно претпазливи поради зимските температури кој условуваат појава на голомразица но и поради поинтензивните снежни врнежи кој ќе ја зафатат нашата држава од среда и тоа под влијание на новиот циклон ДАВИД.
Подготви: Славчо Попоски /1tv.mk
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (17 април)
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Магазин18 часа
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт1 ден
Фудбалските федерации во регионот, вклучувајќи ја и нашата дадоа своја безусловна поддршка за актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин
-
Магазин17 часа
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници
-
Магазин17 часа
Samsung Galaxy Z Fold 6 ќе биде потенок и полесен од Fold 5
-
Технологија2 дена
Незаменлив дел од нашите животи, 20 години „Gmail“
-
Автомобили1 ден
(ФОТО) Произведен последниот легендарен „Bizzarrini 5300 GT“ revival едиција