Македонија
Од вечерва поскапува бензинот и дизелот, ова е новата цена

Од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1,64 проценти, одлучи денес Регулаторна комисија за енергетика..
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 4 јануари 2021 година.
Од ноќеска на полноќ бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава пп цена од 62 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе чини 63,5 денари/литар, а цената на Еуродизелот ќе изнесува 53,5 денари/литар.
Македонија
Регистрирани 307 нови случаи на Ковид-19 од 1854 тестирања, починале 14 лица, билансот по градови е следен..

Македонија
Од ноќеска горивата поевтинуваат, ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денес соопшти дека бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 2 денари. Според нив, одлуката е донесена поради тоа што престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, со што практично од вечерва на полноќ во сила стапува Законот за акцизи.
„Поради истекување на важноста на Уредбата која што беше донесена за време на вонредната состојба, од вечерва на полноќ се враќа на сила Законот за акцизи кој се применуваше пред да се донесе Уредбата.
Поради оваа состојба, РКЕ донесе измена на одлука со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно важечките износи на акцизите, утврдени во Законот за акцизи.
Овие цени ќе важат, се до донесување на нова одлука. Како што знаете, РКЕ секој понеделник носи одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт. Доколку во меѓувреме Собранието на РМ ги изгласа измените на Законот за акциза во кои се вметнати одредбите од Уредбта, РКЕ ќе закаже седница и ќе изврши соодветно усогласување на одлуката.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Од 23.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензинЕУРОСУПЕР БС – 95 61,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 63,00 (денари/литар)
Дизел горивоЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,50 (денари/литар)
/lokalno.mk
Македонија
Денес од 12:00 до 16:00 часот закажано минирање на локалитетот од автопат Кичево – Охрид, делница Пресека

Од фирмата МАКТЕК Дооел, известуваат дека денес 22.01.2021 година од 12:00 дo 16:00 часот, стручниот тим на Мактек Дооел ќе изврши минирање на локалитетот – автопат Кичево – Охрид, делница Кичево – Пресека од км 6+000 до км 6+500 и од км 14+000 до км 14+500
Извор: ЦУК
-
Кичево19 часа
СВР Охрид: Вчера во Кичево извршени се 40 контроли на угостителски објекти
-
Временска прогноза2 дена
Најава за нови снежни врнежи од понеделник, ова се деталите..
-
Временска прогноза3 дена
Нов циклон кој носи промена на времето се приближува кон нашата држава
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес [21.01] четврток
-
Случувања3 дена
Прогноза: Како ќе изгледа ковид 19 во иднина
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (22.01) петок
-
Видео1 ден
(ВИДЕО) Си крадеше вино во продавница, па вработениот го сецна..
-
Македонија21 час
Од ноќеска горивата поевтинуваат, ова е новата цена