Временска прогноза
Од вечерва во западниот регион доаѓаат дождови и снег на планините, утре вечер можни снежни врнежи и на пониски места

Почнувајќи од вечерва и тоа од западните предели ќе има врнежи од дожд и снег на планините. Сето ова е под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран од запад.
Во текот на утрешниот ден врнежите ќе се прошират насекаде и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено на запад и исток каде локално ќе наврнат околу 20 л/м2 воден талог, додека на планинските места снежната покривка ќе се зголемува.
Поради спуштање на ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНА воздушна маса од север, во текот на утрешниот ден ќе започне да дува ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец кој повремено на некои места ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Токму ова ќе услови пад на температурите на воздухот за 7 до 10 степени во однос на сегашните.
Кон крајот на утрешниот ден како и во текот на утрешната ноќ, локално провејување на снег ќе има и на некои пониски места. Максималната дневна температура утре ќе се искачува во интервалот од 4 до 10 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 15 степени, меѓутоа во попладневните и вечерните часови значително ќе опаѓаат.
Потоа од вторник следува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени послаби локални врнежи од дожд, додека на планините ќе провејува снег.
Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени. Максималните дневни пак ќе бидат пониски за разлика од сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Доаѓа циклонска активност која носи врнежи од дожд и грмежи – ова се најновите метео детали

Нашата држава се наоѓа под влијание на циклонска активност која условува доста нестабилно време. Понатаму кон крајот на денов и во текот на ноќта на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните и во северните предели каде локално ќе наврнат над 15 л/м2 воден талог.
На повисоките планини (над 1500 метри) и тоа особено на запад и на северозапад ќе има врнежи од снег. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека во следните денови истите ќе бидат во постепен пораст.
Променливото време ќе се задржи и на почетокот од следната недела со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините повремено врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе биде нестабилно и тоа особено во понеделник со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Времето ќе биде свежо на вечер, од утре најава за повремени локални врнежи од дожд

Утре попладне следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од југоисточен правец.
Температурите на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот претежно од 8 до 17 степени.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Најнови информации за времето периодов

Периодот кој што е пред нас ќе донесе доста променливо време проследено со почести врнежи од дожд, како и врнежи од снег на планинските места низ државава.
Утре ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд, додека на планините ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, понекаде и умерен ветер од западен и од југозападен правец, додека попладне и кон крајот на денот Долж Повардарието ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, додека во крајните југоисточни предели истите се очекува да се искачат до околу 20 степени.
Потоа во четврток и во петок ќе имаме претежно суво време. Односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека за време на викендот под влијание на влажен воздушен бран ќе има врнежи од дожд насекаде, додека на планините врнежите ќе бидат од снег, додека температурите ќе бележат тенденција на пад и за викендот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
Променливото време со чести врнежи од дожд и снег на планините ќе се задржи и на почетокот од следната недела. Врнежите повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и локално се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог.
Автор: Славчо Попоски
-
Кичево16 часа
Причина за сечење на 30 годишните врби во центарот на Кичево
-
Хороскоп2 дена
Викенд Хороскоп [ 16 април ] петок
-
Кичево1 ден
Во недела во дворот на црквата св.Петар и Павле се организира хуманитарна акција за донирање храна и намирници за сиромашни граѓани
-
Македонија2 дена
Денес 908 нови и 31 починати од Ковид. Во Кичево 2321 регистрирани до сега, активни се 317
-
Кичево3 дена
Четири лица од Кичево не почитувале полициски час, додека пет лица безправно управувале возило
-
Македонија2 дена
Ковид биланс денеска, вкупно 890 нови случаи, починале 35 луѓе, од Кичево нови 20 пациенти – апел за почитување на мерките!
-
Занимливости2 дена
(ВИДЕО) Блокирана улица во Измир, Турција и македонска музика во живо еден час пред две години, сите почести за на нашите браќа
-
Кичево2 дена
Жител на Кичево бил нападнат од куче скитник, додека ТППЕ изгаси нов пожар во кичевско