Следете не

Кичево

(ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) Денес во организација на кичевскиот offroad клуб се реализираше „Џип-Турнеа“ на падините на Бистра

Објавено пред

на

Денес во организација на Offroad Клубот – Кичево се реализираше „Џип-Турнеа“ на падините на Бистра планина. Кичевчани не пропуштија неделата да ја поминат уживајќи во глетката на супер-модифицираните џипови чии сопственици никого не оставија рамнодушен.

Преку вашиот медиум ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите кои денес беа тука, гостите кои го поминаа денот со нас а беа присутни во голем број, сите наши спонзори, помагатели, со нивното залагање само се покажува дека кичевчани од секогаш знаат да уживаат во екстремните спортови, како што можеше да видиме некои покрај адреналин денот го искористија за ладен пијалок и скара што дополнително дава посебен шмек на целиот настан – за нашиот портал додаде еден од главните организатори Лавдрим инаку сопственик на позната месара во градот Кичево.

„Џип-Турнеата“ беше распоредена во 3 етапни категории за натпреварувања и тоа: „soft class“, „hard class“ и последната и највозбудлива категорија „Hard Trophy“.

  1. место „soft“ – Славе Блажоски бр. 039 со извозено време о1:11:87
  2. место „soft“ – Нијази Даути бр. 112 со извозено време 01:19:44
  3. место „soft“ – Арди Х. бр. 088 со извозено време 01:19:46

Во втората категорија „hard class“ наградени беа следните:

  1. место „hard“ – Кујтим Шаини бр. 106 со извозено време 01:34:40
  2. место „hard“ – Дрилон Идризи бр. 107 со извозено време 01:41:43
  3. место „hard“ – Џавит Адили бр. 118 со извозено време 01:54:88

И последната категорија која најповеќе привлече внимание кај присутните беше секако најтешката според трасата „Hard Trophy“ каде имаше само 3 натпреварувачи и заврши вака:

  1. место „hard trophy“ – Владимир Милошевски бр. 306 со извозено време 03:06:97
  2. место „hard trophy“ – Игор Трајкоски бр. 308 со извозено време 03:08:60
  3. место „hard trophy“ – Пеце Трајкоски бр. 307 со извозено време 04:50:78

Карактеристично на овој настан е тоа што имаме и најмлади шофери кои се разбира еден ден ќе ги гледаме и на официјалните списоци и ранг листи, нашиот член од „Car Club – Кичево“ со своето „Cherokee“ – Петар Стојкоски (кој го има во галеријата подолу) и другарчињата Андреј Илиоски и Арбенит Тика кои добија диплома и награди

Андреј Илиоски (лево) Арбенит Тика (десно)

Ви ја презентираме официјалната галерија преку нашиот објектив, како и Full HD видео запис од самиот настан. Уживајте и читајте го вашиот портал Порта.мк

Кичево

DJ GOCE SAF @ Република 96250

Објавено пред

на

Хип Хоп Сабота во Република 96250!

Ви го претставуваме човекот кој е задолжен за најдобрите Хип Хоп забави на овие простори, човекот кој ги владее најпознатите хитови од оваа сцена, забава која со сигурност ке ве размрда и расположи, оваа сабота во Република 96250 – DJ GOCE SAF !

08.10.2022

Почеток 21:00

Влез 100 ден.

 

Инфо и резервации на тел:

078 322 615

#Република 96250

Прочитај повеќе...

Кичево

РЦУК Кичево утре организира крводарителна акција, повик до сите хумани луѓе да даруваме крв и да спасиме живот, утре можеби нам ќе ни треба!

Објавено пред

на

РЦУК Кичево организира крводарителна акција, закажана за утре четврток 06.10.2022, од 09:00 до 13:00 часот во просториите на Институт за трансфузиона медицина-Кичево. Да ја изразиме нашата хуманост преку дарување на крв, незаменлив секојдневно потребен лек кој спасува многу животи.

Бидете дел и присуствувајте на овој голем хуман настан, бидејќи еден ден можеби и нам ќе ни треба!

Прочитај повеќе...

Кичево

Победа на Напредок во првото коло од Третата Македонска фудбалска лига

Објавено пред

на

Вчера со почеток во 15ч. на Градскиот стадион во Кичево беше одигран фудбалскиот натревар од првото коло во рамки на Третата Македонска фудбалска лига – Запад , помеѓу домашниот тим  Напредок и екипата на Дрита.

Напредок продолжува со победи на стартот од новата сезона во Третата лига – Запад. Значајна победа од 4-1 Напредок во 1. коло на домашен терен против Дрита.

Резултатот го отвори Младен Котевски преку асистенцијата на Раде Попоски, другите двајца стрелци на утакмицата беа Никола Аврамовиќ и Никола Настески.

ФК Напредок – ФК Дрита ( 1:1 ) 4:1

„Одличен старт на сезоната воедно и се заблагодаруваме на кичевската публика која што беше присутна во голем број и беше поддршка 90 минути“ – Ф.К Напредок

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза8 минути

Попоски официјално истакна какво време ќе имаме во месец октомври

Септември не беше на наша страна и имавме постудено време отколку што очекувавме. Топлото време ни доаѓа во месец октомври,...

Автомобили1 час

Порше стана највреден произведувач на автомобили во Европа

Порше денеска ја турна матичната компанија Фолксваген од тронот и стана највредниот производител на автомобили во Европа. Новокотираните акции на...

Култура8 часа

Денес се одбележуваат 79 години од најкрвавата битка кај с.Кленоец кичевско, додека на денешен ден загинал и Јосиф Јосифовски-Свештарот

Денес се одбележува 79 годишнината од една од најкрвавите битки во Втората светска војна што се одиграла во Македонија, наречена...

Кичево12 часа

DJ GOCE SAF @ Република 96250

Хип Хоп Сабота во Република 96250! Ви го претставуваме човекот кој е задолжен за најдобрите Хип Хоп забави на овие...

На денешен ден15 часа

6 октомври – На денешен ден

1014.- Почина императорот Самуило, кој во 976 година кренал востание против Рим (Византија) и ја основал Македонската империја. Неговата империја...

Хороскоп22 часа

Хороскоп за четврток [6 октомври]

ОВЕН Не се откажувајте или согласувајте се на површни решенија. Продолжете да барате сè додека не најдете одговори или методи...

Македонија24 часа

Серија поскапувања на Дизелот, вечерва со нова покачена цена за литар, додека бензините остануваат непроменети

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 2,00 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство...

Македонија1 ден

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против скопјанец, се сомничи дека употребил лажни пари при купување земјоделски производ

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против О.И.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“....

Спорт1 ден

Женската млада селекција на Македонија до 19 години славеше против Грузија, следен предизвик е за два дена против Белорусија!

Женската млада селекција на Македонија до 19 години славеше минимална победа со 1:0 над репрезентацијата на Грузија во рамките на...

Кичево1 ден

РЦУК Кичево утре организира крводарителна акција, повик до сите хумани луѓе да даруваме крв и да спасиме живот, утре можеби нам ќе ни треба!

РЦУК Кичево организира крводарителна акција, закажана за утре четврток 06.10.2022, од 09:00 до 13:00 часот во просториите на Институт за...

НАЈЧИТАНИ