Следете не

Кичево

Кичевчани со прво место на Државниот натпревар во гаѓање со пиштол (ФОТО)

Објавено пред

на

На Државниот натпревар во гаѓање со пиштол, што се одржа во Велес, во организација на резервните офицери на Македонија, екипата од Кичево се врати со две први и едно второ место и со одлични остварувања го заврши овој натпревар.

-На Државниот натпревар во гаѓање со пиштол, марка ТТ 7,62 мм, остваривме извонредни резултати, со освоените две први и едно второ место.

Нашата екипа во состав од Зоран Мирчески, Живко Ѓорѓиоски и Станоја Станојоски, го освои првото место во гаѓање со пиштол на растојание од 15 метри.

Додека во истата дисциплина во поединечна конкуренција во која зедоа учество 130 резервни офицери од целата земја, нашиот претставник Зоран Мирчески, со 44 поени го освои првото место, додека Живко Ѓорѓијоски со 43 поени се пласира на второто место- истакна Зоран Никодиноски, Претседател на Здружението на резервни офицери од Кичево.

Мини галерија од настанот:

Текст: Зоран Антоски

Фото: Wez

Кичево

ЕВН Кичево: село Пополжани, Бржани, Свињиште, Козица, Белица, Добреноец, Подвис – Утре без електрична енергија

Објавено пред

на

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 20.09.2021 година – понеделник, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат локалитетите и живеалиштата во следните места:

  • село Пополжани, Брждани, Свињиште, Козица, Белица, ХПП Белица 2, село Долни и Горно Добреноец, село Подвис
  • Време: Од 08:00 до 15:20 часот

Инфо: Струја

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера во ОВР Кичево пријавени два случаи на напади од кучиња скитници

Објавено пред

на

На 17.09.2021 година во ОВР Кичево, Б.З.(46) од кичевското село Стрелци, пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Истиот ден, Е.Д.(40) од Кичево, пријави дека  нејзината малолетна ќерка на улицата .„Мирко Милески“ во Кичево, била касната од куче скитник.

Извор: СВР Охрид

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичевчанец пријавил принуда за измама на казна на негов внук

Објавено пред

на

На 12.09.2021 во 17.30 часот во Полициската станица Кичево, 40-годишен жител на кичевско село пријавил дека едно лице се обидело да го измами за сума од 300 евра. Според пријавеното, околу 17.00 часот на неговиот број му се јавило лице кое се претставило дека се познавал со неговиот татко и дека со неговиот брат се во Косово.

Како што е пријавено, тој побарал од него да ги даде парите на негов внук за да плати казна која им била напишана на граничен премин при транспорт на неговата почината сестра од Република Албанија во Република Македонија.

Исто така, според пријавеното, во 18.18 часот му се јавило лице кое му кажало дека околу 18.30 часот ќе дојде во село Колари да ги земе парите.

Во меѓувреме, тој го пријавил настанот, а по наредба на Јавен обвинител околу 18.30 часот кај с.Колари од слобода бил лишен Р.М.(45) од Тетово.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 20 минути

ЕВН Кичево: село Пополжани, Бржани, Свињиште, Козица, Белица, Добреноец, Подвис – Утре без електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 20.09.2021 година – понеделник, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување...

Временска прогнозаПред 24 минути

Времето ќе биде променливо облачно и денес, во вторник се очекува по студено време

Во останатиот дел од викендот повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. До понеделник ќе продолжи да...

На денешен денПред 11 часа

На денешен ден (19 септември)

1356.- Англиската војска, предводена од Црниот принц, син на кралот Едвард, ја победи армијата на францускиот крал Jeanан II во...

ХороскопПред 13 часа

Дневен Хороскоп (19 септември) недела

ОВЕН Доколку имате деца, денес ќе сакате да ги разгалете. Сепак на крајот на краиштата работите за денови како што...

МакедонијаПред 15 часа

Денес рекорден број на починати од Ковид, од Кичево три лица

Во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 274...

КичевоПред 20 часа

Вчера во ОВР Кичево пријавени два случаи на напади од кучиња скитници

На 17.09.2021 година во ОВР Кичево, Б.З.(46) од кичевското село Стрелци, пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат...

СкопјеПред 22 часа

Изменет сообраќаен режим во Скопје денес од 18 до 23 часот, ова се деталите..

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на подрачјето на Скопје на 19.09.2021 (недела), во временскиот период од 18.00...

Временска прогнозаПред 22 часа

Најнова метео-анализа за викендов

Овој викенд нашата територија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса од северозапад. Времето ќе биде променливо облачно...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден (18 септември)

1502 – Шпански навигатор со италијанско потекло, Кристофоро Коломбо, пристигна во Костарика на своето четврто и последно патување во Новиот...

ХороскопПред 2 дена

Дневен Хороскоп (18 септември) сабота

ОВЕН Овој викенд ќе бидете доста емотивни и чувствителни, но не во негативна смисла. Обрнете посебно внимание на луѓето што...

НАЈЧИТАНИ