Македонија
ОхридИнфо: Денес прва полна Месечина во 2020 и делумно затемнување
Фановите на Астронмијата од целиот свет денес петок, 10 јануари ќе може да излезат надвор и ја погледнат првата полна Месечина таканаречена Wolf Moon.
Дополнително вечерта ќе има делумно затемнување на Месечината, прво од ваков вид после 2017 година и прво од четирите кои ќе ги има во 2020 година.
Делумното затемнување се случува кога Месечината ќе помине низ надворешната сенка на Земјата, позната како penumbra и ја промашува потемната внатрешна сенка, позната како умбра. Како резултат, само дел од месечината се затемнува наспроти тоталното лунарно затемнување кога целата месечина ќе затемни пред да се претвори темноцрвена или ‘рѓосана портокалова боја.
Овој вид на лунарно затемнување може да биде суптилен и може да помине незабележано ако не се следи внимателно месечината. Не е потребен телескоп за да го види овој настан, но доколку погледнете низ телескоп може да имате подетален преглед на затемнувањето.
Охридското Астрономско Друштво доколку условите дозволат ќе се уклучи со видео во живо на својата фан страна и ќе го пренесува овој феномен тука
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (22 април)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Автомобили2 дена
„Toyota“ спрема нешто големо во автомобилизмот, еве за што станува збор..
-
Lifestyle1 ден
Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?
-
Магазин1 ден
Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука
-
Магазин11 часа
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин11 часа
Meta се затвора во Турција