Забава Занимливости

На денешен ден | 7-ми Мај

1755 На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов е отворен Московскиот универзитет, кој првобитно имаше само философски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу стана центар на руската наука.

1833 Во Хамбург е роден Јоханес Брамс, германски композитор, еден од најзначајните романтичари и мајстор на соло песната. Компонираше музика за клавир, виолина, камерна музика, симфонии и хорска музика. Умре во Виена, на 3.04.1897 година.

1838 Луј Дагер, француски сликар го откри методот на механичко сликање, односно ја пронајде фотографијата.

1840 – Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари на 19-от век. Негови најпознати дела се оперите „Евгениј Онегин“ и „Пикова дама“, балетите „Лебедово езеро“ и „Заспаната убавица“. Умре во Петроград, на 6.11.1893 година.

1861 Во Калкута е роден Рабиндранат Тагоре, индиски поет и филозоф. Меѓу неговите најпознати дела спаѓаат збирките песни „Градинар“ и „Гитанџали“, романите „Дом и свет“ и „Бродолом“, драмите „Сударшана“ и „Водопад“ и публицистичкиот труд „Национализам“. За својата литературна работа во 1913 година ја доби Нобеловата награда. Умре во Калкута, на 7.08.1941 година.

1929 За првпат е доделена наградата „Оскар“, што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и друго.

1939 Втора Светска војна: Германија и Италија склучија пакт, познат како „Оска Берлин – Рим“.

1993 Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 мај е востановен како Ден на македонската полиција, а по повод истиот ден во 1903 година, кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО е извршена реорганизација на власта и безбедноста.

1995 Кандидатот на конзервативците, градоначалникот на Париз, Жак Ширак, победи на претседателските избори во Франција.

1999 Бомбардирана Кинеската амбасада во Белград, во текот на воздушната кампања на НАТО против СР Југославија. Во инцидентот загинаа тројца кинески дипломати, а настанот предизвика гнев кај раководството на НР Кина. Официјалниот став на НАТО алијансата беше дека се работи за грешка.

2002 Во морето во североисточна Кина се урна кинески патнички авион, при што загинаа 112 патници и членови на екипажот.

Leave a Comment