Свет Случувања

НАСА предупредува: Опасен астероид се движи во вселената

Американската вселенска агенција (НАСА) предупреди дека во вселената се движи голем астероид наречен „2016 НФ23“, кој се смета за потенцијално опасен.

Се проценува дека овој астероид е долг 160 метри и се движи со брзина над 32.000 км/ч.

Според лондонскиот „Мирор“, астероидот е многу поголем од оној што ја погоди областа на рускиот град Чељабинск во 2013 година кога 1.500 луѓе побараа медицинска помош.

Затоа, велат од таму, добра вест е што овој астероид нема да се судри со Земјата.

Овој огромен астероид ќе ја помине Земјата на растојание од 4,5 милиони километри, а НАСА смета дека е потенцијално опасен бидејќи во случај на судир со Земјата, ударот би бил толку силен што целосно би уништил еден град со повеќе милиони жители.

Close