Култура
Кичево денес: Концерт „Оперски Доживувања“ на кичевчанката Мартина Аврамоска и познатиот тенор Влатко Груевски

Денес на ден 14.06.2019 година, петок, во НУЦК “Кочо Рацин“ во Кичево, со почеток во 19 часот, ќе биде одржан концертот “Оперски Доживувања“, концерт кој е дел од концертната сезона на Влатко Груевски насловена “The Art of Power“ или во превод “Уметноста на моќта“.
Солисти на концертот се Мартина Аврамоска – сопран и Влатко Груевски – тенор, придружувани на пијано од нивниот уметнички соработник Андреј Наунов.
Влатко Груевски е еден од најпознатите оперски изведувачи во нашата земја, со голем број одржани концерти и настапи од областа на високата култура и уметност. Неговата биографија вклучува настапи на најпознатите културни фестивали во државата како “Битфест“, “Карпошово лето“, “Десет дена крушевска република“, “Град на културата“ и тн. Настапи за највисоките државни установи и значајни државни настани. Награди и признанија за неговата работа и талент.
Мартина Аврамоска е сопран, родена во Кичево. Нејзините заложби во однос на нејзините достигнувања во уметноста вродуваат со плод. Дипломиран пејач на Факултетот за музичка уметност во Скопје, моментално вработена во Националната Опера и Балет – Скопје.
Андреј Наунов е пијанист, композитор и диригент вработен во Национална Опера и Балет – Скопје. Уметнички соработник на Влатко Груевски од почетокот на неговата кариера. Прв студент на познатиот пијанист од светски рамки Симон Трпчески. Неговата биографија вклучува огромен број на концерти со првенци од целиот свет, диригенти од светски рамки и посветена работа кон студентите на ФМУ.
Концертот “Оперски доживувања“ опфаќа едни од најпознатите бисери на оперската уметност, влучуваќи ги познатите канцони како “’O sole mio“, “Non ti scordar di me“ и тн. најпознатата тема “Time to say goodbye“, неизбежната арија на заводничката Кармен и уште многу познати музички класици кои уверуваме дека ќе бидат мелем за душата и за кратко ќе ве одведат во светот на уживањето и задоволството.
Култура
Утре е „Иванден“, празникот за лекување болести и за добивање потомство, за многу години да е!

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.
Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учеење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање.
Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана…
На Иванден се плетат венци од ивано-цвеќе и со нив се китат просториите. Во пресрет на овој ден овчарите палеле брезови огнови и ги посетувале трлата со овци и шталите каде ја чувале стоката, а потоа се качувале на висовите и играле секакви игри околу огновите. Ова палење се поврзува со палењето на бадникарскиот оган во пресрет на Божиќ, со што сака да се каже дека зимското, божиќно сонце не сјае толку високо како летното, ниту грее толку топло.
Со плетењето на венците се сака да се каже дека природата во својот развој дошла до највисоката точка (средина на летото) и дека со тоа природата се овенчува. Тие венци воедно ги потсетуваат младите да размислуваат за свадбени венци. Девојките во венецот ставаат црвена роза. Се смета дека Иванден е толку голем празник што Сонцето на тој ден застанува три пати.
Водата добива пиосебна моќ, па сите се капат во реките, потоците и езерата, билките и тревите имаат засилени лековити дејства и затоа се берат и се плетат венци од нив како лек против болести.
Не се работи во лозјата ништо, се верува дека седум дена лозјата најмногу напредуваат бидејќи ги чува Свети Јован.
Цвеќето се бере за овој празник бидејќи луѓето веруваат дека има поддршка од небото. Забележано е верување дека низ венците од сплетена јованова трева, на Иванден се провлекувале жените кои немале пород.
Се капеле во вода во река за таа да ги однесе уроците, болеста и злите намери. Ако жената неколку пати неуспешно забременила на овој ден посетувала лица со име Станка или Стана, ако тие биле повеќе одела во секоја куќа, земале снопчиња трева од венецот и правеле свој венец. Со него на глава се капеле во реката и верувале дека ќе им успее следната бременост.
Литература
Кичевчани помеѓу наградените на овогодинешната меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“

Во Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско по седми пат се реализираше Меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ во организација на истоименото Здружение за литература и култура „Охридски поетски бисер“, со поддршка на Општина Охрид. Оваа манифестација има за цел меѓународна промоција на поетската реч, македонскиот јазик и македонската литература, градот Охрид и Македонија
Нашите сограѓани Лидија Аврамоска, Наташа Наумоска и Јован Миноски од Кичево беа помеѓу наградените во категоријата на Македонски автори на овогодинешната меѓународната поетска манифестација „Охридски Поетски Бисер“.
– За сите дарови Му благодарам на Бога, па и за овој дар, за оваа награда од страна на организаторите на манифестацијата Охридски поетски бисер, во која зедоа учество околу 150 македонски автори, и околу 60 од регионот и од дијаспората, а на која ми беше чест и задоволство да учествувам.
– Затоа тоа што истата испраќа една силна порака до верниот народ за зачувување на вистинските морални вредности на кои новите времиња не само што не може да ги уништат, туку не може воопшто да ги разнишаат. Затоа што нашиот народ е народ со висока свест за човечноста, а таа извира од длабоките корени на традицијата, додека организаторите на оваа традиционална манифестација токму тоа и го прават, ги негуваат тие вредности и го приближуваат народот кон човечноста, а со тоа и кон божественото.
– Им благодарам што и преку наградувањето на стиховите на „Себепознание“ го докажаа тоа со тоа што третото место ни го доделија мене и на мојата колешка Лидија Аврамоска. И преку овој гест се потврдува поговорката дека сѐ што се дели се намалува, само љубовта кога се дели станува уште поголема. А Божествената љубов е токму таква, за нашиот портал додаде г-ѓа Наумоска и ни испрати текст од стиховите на „Себепознание“
Ѕирка, довикува
од самиот раб на провалијата
наречена суета.
Понекогаш ни изгледа блиску
заради лажното смирение.
Никако не може
нашето ,,јас” да разбере
дека лажно е сѐ.
Оној ден штом осамне
утрото на вистината,
дека не на дното
ами сме под него разбереме,
тивко ќе нѐ прегрне
бескрајна смиреност,
ќе одекнува силно аплаузот
на едно себепознание,
додека образот на нашето ,,јас”
силно ќе црвенее од срам
поради нашата
правлива безвредност.
– Охридски поетски бисер е манифестација од меѓународен карактер на која имаше поети од Македоноја, Србија, Црна гора и БиХ. Од испратени 160-тина творби од македонски автори беа одбрани 50-тина. Имаше многу убави песни кои секако заалужуваа да бидат наградени, но комисијата одлучи да ми го додели 3-то место на мое огромно задоволство кое го делев со Наташа Наумоска исто така од Кичево и член на литературниот клуб „Китка“. Ова е манифестација има благородна мисија во афирмирањето, пренесувањето и зачувувањето на македонскиот јазик и поезија, не само во Македонија, туку и низ светот, а со тоа и нам да станеме дел од промоторите на пишуваниот поетски, литературен македонски јазик – за порта.мк исто така додава добитничката Аврамоска и ни ја претстави својата творба „Илузија“
Сонот лекува,
но е само пауза во бекството.
Улиците се тмурни
за фантазерите и романтичарите.
Полни се со безнадежност
Среќата е залутана
Каде е патоказот
кон она што се вика дом…
Осамени лица
под испукано небо
во џеб мирисот
на безгрижно детство
и топол леб.
Гужва и галама
на луѓе гладни,
невидливи и ладни
никој, никого на мир не остава,
а никој за никого не се грижи.
Сонцето е се подалеку и поладно.
Сакам да заспијам
и да се разбудам
кај што сонцето ја топли душата..
на некое друго место
и во некое друго време…
Култура
Нов трејлер за продолжението Stranger things 4

Пристигна нов трејлер за продолжението на Stranger things 4. Поточно, за преостанатите две епизоди од актуелната четврта сезона, кои ќе бидат достапни на Netflix од 1 јули.
Има многу нови кадри и јасно е дека главните актери ќе се соочат со Вечниот. Елевен како да ќе им помогне, иако прашање е дали е подготвена да се бори.
Секако, песната Running Up That Hill на Кејт Буш и понатаму е главниот мотив.
-
Кичево2 дена
Неколку кичевски населби утре ќе бидат со времен прекин на електрична енергија поради работа на ЕВН Кичево
-
Култура6 часа
Утре е „Иванден“, празникот за лекување болести и за добивање потомство, за многу години да е!
-
Магазин2 дена
iPhone 14 ќе руши различни рекорди, еден од нив е цената
-
Автомобили14 часа
Автомобилите на Tesla конечно се подготвени за македонските патишта, ја добија опцијата за откривање дупки
-
Хроника14 часа
Во близина на авто-камп Струга во охридско езеро, било забележано удавено лице
-
Македонија2 дена
Ноќеска бил пријавен украинец кој во охридски хотел агресивно се однесувал према вработените
-
Хороскоп4 часа
Хороскоп за четврток (7 јули)
-
Временска прогноза2 дена
На почеток од денот многу топло, додека во попладневните часови пороен дожд. Нови врнежи и пониски температури доаѓаат викендов..