Живот и стил
Осамените пациенти умираат побргу
Пациенти хоспитализирани поради проблеми со срцето се изложени на зголемен ризик од смртен исход во рок од една година од отпуштање од болницата, ако живеат сами или се чувствуваат осамено, покажува дански научен труд објавен во списанието „Харт“.
Социјалната изолација одамна е поврзана со лошиот здравствен исход и помал животен век, особено кај постарите возрасни лица кои страдаат од комплексни хронични здравствени проблеми како што се срцеви заболувања.
Но, научниците исто така велат дека не е целосно јасно дали поврзаноста помеѓу осаменоста и должината на животниот век варира во зависност од видот на срцевиот проблем.
Во студијата, данските научници анализирале одговори на 13.446 пациенти кои биле хоспитализирани заради различни срцеви заболувања, нарушувања на срцевиот ритам, срцева слабост или заболувања на залисток, пред да бидат испратени на домашна нега. Потоа, тие ги користеа податоците за регистарот за да го следат континуираното закрепнување на пациентите во текот на следната година.
Откриле дека веројатноста за смртност кај жените кои одговориле дека се чувствуваат осамено е речиси трипати поголема во наредните години во споредба со оние кои одговориле дека не се чувствуваат осамени. Веројатноста за смртен исход во споменатиот период беше повеќе од двојно поголема кај осамените мажи.
– Научниците открија силна корелација помеѓу осаменоста и смртен исход меѓу пациентите и пациентки со дијагностицирани срцеви заболувања во текот на една година по напуштањето на болницата, рече Ана Вингард Кристенсен од Универзитетската болница во Копенхаген.
Живот и стил
Истражувањата покажуваат дека и пивото е лек за несоница
Секоја втора возрасна личност во Европа, меѓу кои вклучувајќи ги и жените, имаат проблем со несоница.
Според истражувањето од универзитетот од Регенсбург проблемите се зголемуваат од 45-тата година. Навиката навечер да се пие пиво или вино за подобро заспивање е многу распространето. ”Тоа е апсолутна самоодбрана”, вели професорот Банкхофер.
Факт е дека под дејство на алкохол секој човек после саат време прави пријатно чуство на опуштање од замор, кои навистина може лесно да потоне во сон. Меѓутоа, за здрав ноќен одмор потребен е индивидуален след од неколку фази на сон. Првата фаза се јавува пред да потонете во сонот, потоа следи фазата на лесно спиење, потоа фазата на длабок сон и конечно РЕМ (Rapid Eye Movement ). Оваа фаза алкохолот значително ја пореметува.
Последица на внесување алкохол е следната: во првата половина од ноќта човекот спие како во кома,и во сонот не може да се оправува и регенерира. Во утринските часови сонот е немирен и во таа фаза човекот лесно се буди и повеќе не може да заспие. Од телото, а пред се мозокот, поради дејство на алкохол во текот на ноќта не може да изгради нова сила, човек наутро се чуствува како солемен и способноста за работа е ослабена. Често, една чаша пиво или вино е доволна за квалитетот на сонот да биде намален.
Професор Банкхофер наместо алкохол предлага за добар сон да внесете лесна храна, за да се избегнат касните оброци, дека по 19 часа не се консумираат пијалоци кои содржат кофеин, пред спиење се слуша пријатна музика или се чита книга.
Живот и стил
13 Нешта кои силните луѓе ги избегнуваат!
Ами Морин, психотерапевт и социјален работник, студираше силни луѓе и состави список на работи што не ги прават.
Еве список на тринаесет работи што силните и храбри луѓе никогаш не ги прават:
- Никогаш не поминуваат време да се жалат себеси
- Никогаш не дозволуваат некој да добие моќ над нив
- Никогаш не избегнуваат промени
- Никогаш не го отфрлаат она што не може да се промени
- Никогаш не се обидуваат да им угодуваат на другите
- Никогаш не се плашат од ризик
- Никогаш не живеат во минатото
- Никогаш не прават исти грешки
- Никогаш не се навредени од туѓата среќа
- Никогаш не се предаваат по неуспехот
- Тие не се плашат од осаменост
- Тие не мислат дека светот им должи ништо
- Никогаш не очекуваат непосреден успех.
„Моќта им се дава само на оние кои се осмелуваат да се наведнуваат и да се подигнат. Само едно е важно, само едно, да се осмелиш.“ – Фјодор Достоевски
Живот и стил
Без него се чувствуваме болно: 8 знаци дека ви недостига овој важен витамин
Витаминот Д е исклучително важен бидејќи има силни ефекти на неколку системи во телото.
За разлика од другите витамини, витаминот Д функционира како хормон, а секоја ќелија во вашето тело има рецептор за него.
Недостигот на овој витамин е многу чест, а се проценува дека околу милијарда луѓе ширум светот имаат ниско ниво на овој витамин во крвта.
Лицата со недостаток на витаминот Д често имаат светла кожа, изгледаат постаро, дебели се, не јадат многу риба и млечни производи, престојуваат во затворено.
Ова се некои од симптомите при недостаток на витамин Д.
Често сте болни
Уморни сте
Имате болки во коските и грбот
Депресија
Слабо зараснување на рана
Губење на косата
Болки во мускулите
Пропаѓање на коските
-
Видео4 дена
(ВИДЕО) После 3 години си го пронајде кучето, реакцијата на кучето ќе ви го разубави денот
-
Кичево5 дена
(МЕГА ГАЛЕРИЈА) Фестивал „Мелодија“ – најубавиот детски настан што некогаш му се случил на градот Кичево!
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Снег ги побеле патиштата на превој „Стража“, најава за пообилни врнежи на пониските места од утре
-
Македонија24 часа
Дури 7 лица заболени од ХИВ/СИДА жители на Кичево, ова е целосниот извештај за 2019-та година
-
Занимливости2 дена
(ВИДЕО) Поради оваа грешка во зима ги празниме акумулаторите
-
Хороскоп4 дена
Месечен Хороскоп, случувања, нова година и останати работи кои ќе ве интересираат за вашиот знак
-
Временска прогноза3 дена
Попоски: Среда на утро ќе имаме минусни температури од 6 до 11 степени под нулата
-
Случувања3 дена
Нов земјотрес ја стресе Албанија, а беше почувствуван и во нашите региони