Следете не

Живот и стил

Останете фит преку утринските брзи вежби

Avatar

Објавено пред

на

Ако единствено наутро имате неколку минути вишок, наместо да го одложувате будењето, станете и растегнете се. Дури и ако сте во брзање, постои начин да го одработите дневниот тренинг.

Можеби со послаб интензитет и пократко времетраење, но сепак ќе се исплати.

Секоја од овие вежби ќе ви одземе помалку од 5 минути, а ќе ве доведе чекор поблиску до посакуваната линија.

Енергетска јога

Оваа брза и суптилна јога вежба ќе ви помогне да ги отворите градите и да го исправите грбот. Седнете на тврда површина, поставете ги нозете во стартната јога позиција и затворете ги очите. Дишете и издишете неколку пати и добро истегнете го грбот. Почувствувајте како крвта ви струи низ телото и подгответе се за претстојниот ден.

Затегнете го задникот додека ги миете забите

Не морате да стоите додека ги миете забите, туку тоа време искористете го за кратка вежба. Застанете со расчекор и спуштајте се до каде можете. И така секое утро…

Вежби за абдомен

Легнете на под и свиткајте ги нозете во вис. Повлечете го едното колено кон градите и истегнете се со главата кон него. Повторете ја постапката со другото колено. Ова можете да го правите и во кревет, додека се расонувате.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Живот и стил

Опуштете се со вечерна терапија на кожата

Avatar

Објавено пред

на

За време на ноќта кожата губи четири пати повеќе вода, отколку во текот на денот. Неслучајно, често се будиме со сува и оптегната кожа, која изгледа уморно, а би требало да биде обратно. И покрај фактите сеуште само 30% од жените користат ноќен крем.

Во текот на денот кожата е изложена на постојан стрес и штетни надворешни влијанија како цигарите и нечистиот воздух. Употребата на ноќен крем не е луксуз, а неопходност.

Козметичките продукти за ноќна терапија на кожата обично се со потешка текстура, од оние наменети за дневна нега. Стојат како маска на лицето за да можат активните компоненти подобро да проникнат во кожата, што е идеално за жените со сува кожа. Но ако имате мрсна и проблематична кожа, подобро изберете коќен крем со лесна текстура, кој ќе го контролира излишниот себум. За оние над 30 години изборот е анти ејџ ноќен крем. Како и да е, обидете се нанесувањето на крем навечер, да ви биде навика и да ја зачувате младоста подолго.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Поучна приказна за убав ден: „Не кажувај ја твојата приказна секому“

Avatar

Објавено пред

на

Не кажувај му ја секому твојата приказна. Зошто на крајот ќе се почувствуваш дека уште повеќе си отфрлена. Луѓето не можат да ти го дадат она  кон што се стремиш во своето срце. Колку повеќе очекуваш од одговорот на луѓето на твоето чувство на напуштеност, толку повеќе ќе чувствуваш дека си изложена на потсмев.

Треба да се изолираш од очекувањата од надворешниот свет, за да можеш да го побараш Бога преку твојата болка. Бог ќе ти испрати луѓе со кои ќе можеш да ја споделиш својата болка, кои ќе можат да те доведат поблиску до вистинскиот извор на љубовта.

Бог е доследен на своите ветувања. Ако го Бараш Бога ќе ги најдеш прифаќањето и љубовта за кои копнееш. Тоа нема да се случи на начин на кој се надеваш. Тоа нема да ги следи твоите потреби и желби.

Но тоа ќе го исполни твоето срце и ќе ја задоволи твојата најдлабока желба. Нема ништо на што би може да се повикаш освен на ова ветување. Се друго ти е одземено.

Држи се цврсто  до ова јасно ветување. Твојата вера ќе те излекува.

Бог ќе те излекува. 👏

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Пет начини на кои можете вашето утринско кафе да го направите како здрава опција.

Avatar

Објавено пред

на

Често се води полемика и се поставува прашањето дали кафето е воопшто здраво. Доколку се придржувате кон одредени правила, таа ќе се смета за здрава опција. Ви откриваме пет начини на кои можете вашето утринско кафе да го направите како здрава опција.

  • Сами подготвувајте го кафето
  • Користете филтрирана вода
  • Купувајте органско кафе
  • Консумирајте го без шеќер и млеко

Сепак кафето претставува ритуал. Доколку го пиете на брзина, ќе внесете премногу кофеин што негативно ќе влијае на нервниот систем. Затоа станете наутро порано и полека уживајте во првото утринско кафе.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 7 часа

И денес сончево и топло, додека од сабота ново наоблачување и можни врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Од минус еден до четири степени, а дневната...

ХороскопПред 9 часа

Хороскоп за денес (08.04) среда

ОВЕН Иако на прв поглед изгледа дека сѐ е во ред, ако малку се сконцентрирате ќе видите дека постојат поголеми...

КичевоПред 12 часа

ЕВН: Прекин на електрична енергија на дел од с.Другово – кичевско, детали..

РЦУК Кичево во соработка со нашиот медиум Ве известува дека во текот на утрешниот ден 08.04.2020 среда од 09:00ч до...

ЗанимливостиПред 13 часа

(ФОТО) Ексклузивни фотографии од „Розевата месечина“ која моментално блескаво грее

Априлската полна Месечина, попозната како „розова Месечина”, веќе изгреа. Имено, Месечината денеска ќе изгледа поголема од вообичаено, бидејќи е три...

КичевоПред 16 часа

„АТВА“ Маркети – Кичево ќе работи со скратено работно време поради новите мерки за спречување на Коронавирусот

„АТВА“ Маркети – Кичево ги известува своите клиенти за вонредното скратено работно време: © Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови...

МакедонијаПред 17 часа

29 ново заразени од Коронавирус во Македонија и нивните живеалишта по општини

Четири пациенти починале од корона вирусот на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Едено лице починало, а било на домашно...

МакедонијаПред 19 часа

Во близина на Охрид, сопрен автомобил со дебарчани поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

На 06.04.2020 година во 13.00 часот, на контролниот полициски пункт кај охридското село Подмолје, сопрен е патнички автомобил „голф“, со...

КултураПред 1 ден

Денес е „Благовец“ празник на мајките, честит именден на Благој, Благица, Блаже..

Името на празникот Благовештението е истоименито со Евангелието. Тие носат исто име. Евангелие е Благовестие, Благовештение. Празникот така и се...

Временска прогнозаПред 1 ден

Продолжува периодот на сончево време со дневни температури над 20°С

Од УХМР информираат дека времето денес ќе биде наутро студено, а преку денот претежно сончево со мала локална облачност и...

ХранаПред 1 ден

За денес згответе здрав и лесен појадок

Појадокот е многу повкусен, ако не треба да мислите на него сонливи наутро. Затоа, еве брз, лесен и здрав појадок...

НАЈЧИТАНИ