Кичево
Отворена сметка за донации за доизградба на Храмот „Св.Петар и Павле“ во кичевското село Србјани, да дадеме свој придонес
Храмот „Св. Петар и Павле“ во с.Србјани кичевско мора да го добие вистинскиот сјај. Имено, во оваа прилика преку нашиот медиум упатуваме апел и се приклучуваме во хуманитарната акција и Ве повикуваме сите оние кои сакаат и можат да придонесат еден од најстарите храмови во Македонија да се возобнови и доизгради истото можат да го направат преку донација.
Изграден пред 530 години е од голема историска и културолошка важност за Македонија и градот Кичево.
Донациите можат да се уплатат наменски на МПЦ-ОА Дебарско-Кичевска Епархија, жиро сметка: 200002846337340, Стопанска Банка АД-Скопје, цел на дознака: Донација за црква „Св.Петар и Павле“ во село Србјани – Кичево.
Контакт за информации повеќе: Бобан Илиески (претставник на ЦО на Храм „Св.Петар и Павле“) тел бр. 078/212-771
Да бидеме хумани, ова место да заживее, како што доликува и да стане вистинско духовно светилиште кое ќе биде посетено од многу гости.
Кичево
Во сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
Подгответе се за вечер полна со жива музика, силен звук и незаборавна атмосфера! На 15 ноември, со почеток од 19:30 часот, во НУЦК „Кочо Рацин“ во Кичево, ќе се одржи третото издание на најгласниот градски настан, фестивалот кој ја пренесува најдобрата рок енергија.
На сцената ќе настапат некои од најдобрите локални и регионални бендови:
⚡ Phoenix
⚡ Addicted
⚡ Future Band
⚡ Sound Division
⚡ Plum
⚡ Hush
Секој од нив ќе ја крене енергијата до максимум и ќе го потсети публиката зошто рокот никогаш не излегува од мода.
Настанот има и хуманитарен карактер, имено сите собрани средства ќе бидат наменети за континуирано реновирање на просториите на „Енигма“, култното место каде што се создава и негува автентичниот кичевски рок звук.
Влез: 200 денари
📍 Локација: Дом на култура „Кочо Рацин“ – Кичево
Датум: 15 ноември, 19:30 часот
Бидете дел и заеднички да ја почувствуваме моќта на локалната рок сцена и да бидете дел од нешто што расте од година во година, потврдете го вашето присуство преку фејсбук настанот ТУКА
Кичево
Фрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
На 07.11.2025 во 23:01 часот во ОВР Кичево е пријавено дека едно лице фрлило шише со запалива течност во куќен двор, сопственост на Н.Р. од Кичево.
Повредени лица нема, а огнот бил изгаснат од сопственикот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ ќе се одржи целовечерен концерт на Ансамблот „Македонија“, бидете дел и уживајте
Ансамблот „Македонија“ претставува репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции.
Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на Традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.
Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје.
За сценско презентирање, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.
Облековниот инвентар на Ансамблот „Македонија“ се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. На ХХ век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на ХХ век.
Нацеловечерниот концертот на Ансамблот „Македонија“, насловен како ансамбл „Македонија“ со вас, ќе имате прилика да уживате во звуците на чалгијата од градските центри: Тетово, Битола, Скопје, Велес, Струга и Охрид, претставувајќи ни ги Градските игри и песни.
Проект поддржан од Министерството за Култура на Република Македонија.
04.11.2025 г. (вторник) / 19:00ч
НУЦК „Кочо Рацин“
Влез: Слободен
-
Кичево1 денФрлено шише со запалива течност во кичевски двор, ОВР Кичево презема мерки за пронаоѓање на сторителот
-
Спорт1 денКичевските арбитри Стојановски и Цветаноски ќе ја делат правдата на мечот в понеделник помеѓу „Силекс“ и „Шкупи“
-
Хороскоп24 часаХороскоп за недела (9 ноември)
-
Кичево4 часаВо сабота спремете се за третото концертно издание на „Enigma Rock Night Vol.3“ во НУЦК „Кочо Рацин“, на сцената ќе настапат сите локални бендови
-
На денешен ден2 денаСветот на денешен ден (8 ноември)
-
Здравје и убавина4 часаОвие шест работи предизвикуваат висок крвен притисок
